Фан клуб - РК Вардар

Мишевски напаѓаше меѓу 3 и 4 во последен напад, иако во 101% од случаевите секој негов тромав влез завршува со фаул, зошто веројатно е најлесниот играч за чување во СВЕТ.......
Автоматски споено мислење:

Mora Miho da bara odbranbeni i eden dobar sreden.
Со овај краток ростер за ротација тврдам дека имаме големи шанси за кикс на гостувања кај екипи како Охрид, Тиквеш, Алкалоид, Бутел, ќе не стигне и умореност а и не дајбоже се повреди некој од клучните играчи тоа ќе е голем удар за нас.
 
Мишевски напаѓаше меѓу 3 и 4 во последен напад, иако во 101% од случаевите секој негов тромав влез завршува со фаул, зошто веројатно е најлесниот играч за чување во СВЕТ.......

Во транзиција мислам дека е ок, и треба да се користи како одбранбен играч + транзиција/прв бран на напад. После тоа треба да оди на замена.

На поставена одбрана и позицион напад, реално нема позиција - ниту е скок шутер за лев бек, ниту е доволно брз и експлозивен за среден бек.
 
Мишевски, безидеен и денес слаб Карапале и лош ден на голманите не коштаа победа денес… Манасков полека фаќа форма, беше доста сигурен денес, Тале безпрекорен, Куни исто имаше лош ден со многу промашувања… Лазаревски и повеќе од солиден, заслужува поголема минутажа и се слагам дека Добрковиќ требаше да добие бар 10 тина минути… Штета, на крај ги имавме, пукаше салата топ атмосфера за таа бројка…
 
И мора Чувара да го ротираат со Манасков, играчот е повеќе и од одличен, заслужува поголема минутажа. И овој Недановски под итно смена со некој подобар тренер. Нема ни т од тренер човекот.
 
И мора Чувара да го ротираат со Манасков, играчот е повеќе и од одличен, заслужува поголема минутажа. И овој Недановски под итно смена со некој подобар тренер. Нема ни т од тренер човекот.
Денес немаше некоја грешка Бутинот коректно ја водеше екипата…
 
Карапалевски може да даде некоја асистенција и да ја раздвижи малку играта, ама нема влез, нема шут, нема дрскост некако да направи нешто смело. Требаше на црногорецон да му даде шанса повеќе и на Лазаревски.

Сега за сега, Тале и Куни ни се пола екипа во напад, и Манасков ќе се покаже. Според мене, Џукиќ не покажа ништо посебно лани и треба да се бара замена за него следната година.
 
Тале Хансен!!!
Како одигра денес...

Јас сум презадоволен, со оглед на тоа што голманите топка не фатија. Добро игравме со оглед на составот кој го имаме. Тале, Моралес и Манасков вкупно дадоа 23 гола и проблемот е што немаме замени. Савревски влезе 4 минути за да го смени Моралес, 3-0 серија ни направија.
Денес Мишевски беше слаб во одбрана, ни се шетаа како на пазар позади. Бутинот живци искина, само на него му се дереше. Голманите катастрофални. Томовски ме смееше да го прими последниот гол.
Во напад, прво игравме за Моралес. Тале правеше вишок, Моралес влегуваше на лев и маваше дијагонали. После презема Тале и на крај Карапале даде неколки додавања зад грб за Манасков.
Карапале се плаши да направи влез. Тој треба да буши ко шило, ко Скубе, а не да се плаши да влезе. Некогаш ќе изненади со некој влез, ама севкупно слабо игра. Можеби многу очекуваме од него, со таа градба лесно се губеше крај дефанзивците на Нексе.
Па уште закачи повреда на бутот. Тогаш требаше да го стави Добрковиќ во напад, а не Мишевски да решава. Требаше Бутин да оди похрабро во последен напад, да нападнеме без голман. Секако имаше само 17 секунди.
За мене најголем проблем во моментов е Столе. Што е бе тоа накурчено однесување? Уште пред да почне утакмицата се караше со судиите. Изводи цело време, не се враќаше во одбрана кога ќе изгубиме топка. Не оди на тајм аути, ништо е одигра ни напад ни одбрана. Со цел тим се расправа, само нешто крева раце во стил со кого најдов да играм.


Овие од Нексе волови. Колкав беше тој 3ката...
Тамше скрена на клупа, иако имаше неколку судиски одлуки во наша полза.

Како што коментиравме, си фалат уште играчи во тимот. Замена за Тале во напад, замена за Моралес, еден одбранбен ко Абутовиќ или Дијало...

Инаку, се изненадив од бројноста во сала, над 2000 гледали имаше. Реално, нема спортски колектив во Скопје шро може да собере повеќе публика. Стекнаа рутина луѓето, желни се за ракомет. Ги знаат и дел од песните на Комити, цело време се поднавиваше и токму публиката придонесе за пресврт. Пак ќе кажам, како навивачка група, катастрофална е одлуката да не се навива почесто на ракомет.
 
Да имаше еден од голманите барем просечен ден ќе тепавме, но тоа е што е. Бев во сала па не можам да кажам околу тајмаутите на Бутин што и како зборел, но ми се чини дека океј изгледавме на терен во поголемиот дел од мечот. Одбраната ќе биде уште долго проблем со овие играчи, но како поминува времето би требало да има одреден напредок. Единствената замерка ми е изборот на изведувачи на пенали, но претпоставувам дека тука е многу тешко од страна да се донесе некаков заклучок пошто и самите играчи притискаат за да шутираат и не е тренерот тој кој го има последниот збор.
 
Последно уредено:
Од второто полувреме искрено сум многу изненаден,очекував уште толку да паднеме како одминува времето,стварно секоја чест за момците како стегнаа заби посебно кога се кршеше натпреварот.
Штета што голманите немаа ден,да имаше Томовски уште неколку одбрани сигурно ќе победевме,прими 3-4 лесни гола што требаше како ништо да ги фати.
Одбраната исто катастрофа беше на моменти,Мишевски мизерен во двата правци,овој е најсмешниот ракометар и општо спортист што некогаш го имам видено,толку да се немало осет за игра страшна работа,не знам и Бутинот како си дозволи со него да игра последен напад,земал ќе напаѓа кај што е најгусто во одбрана,закочи и акција и све,10 секунди поминаа заради таа негова глупост,може и клучни што не постигнавме гол.
Очигледно го форсираат зошто немаме никаков друг играч што ја има барем приближно таа висина,инаку одамна овој ќе беше откачен од вакви натпревари.
Лазаревски сосема солиден беше за негови стандарди,треба да добива повеќе шанса во иднина,се познава дека има доста напредувано во Словенија,може неговиот трансфер во Вардар во иднина да испадне полн погодок за клубот.
Манасков најмногу ме изненади,после таква тешка повреда и отсуство од терените година дена ти да изиграш толку зрело,смирено,сконцентрирано,секоја чест,даде клучни голови баш кога најмногу требаше,пеналите исто мајсторски изведени,изгледа конечно добивме сигурен пеналџија,откако замина Чупко мака мачевме со седмерци,лани прашање е дали 50% имавме реализација.
Мислење за однесувањето на Столе пишав уште на полувреме,мора во иднина малку посериозно да си ја сфати работата,такво понашање не е ни малку капитенски,рака на срце во второ малку се среди и одигра конечно нешто.
За Талески што да се каже повеќе,може книга да се напише за неговата кариера,јас не памтам некој играч за толку брзо време да има таков раст на кариерата.
Кога дојде во Вардар беше буквално на дното,тој период ни за Суперлига не беше добар,константно плукаа сите по него,топката од раце му паѓаше секој втор напад,едноставно психички беше убиен,сигурен сум дека имаше зажалено и самиот што воопшто почнал да игра ракомет.
Тогаш стварно жал ми беше за него,мислев дека толку му е од кариерата и му нема спас веќе.
Што му се случи лани зимото што се препороди вака никој не може сигурно да знае,се збореше демек добар психолог имал можно и тоа да одиграло голема улога,веројатно и доаѓањето на Дејвис беше една од клучните работи,сигурно и играњето во Македонија многу повеќе му лежи отколку во странство,мислам дека и дерби натпреварите со Пелистер и цела таа подршка што ја добиваа играчите тој период,навивањето,славењето дури и кризата во Вардар тотално го запалија оганот во него.
Стварно штета што сезонава не играме во Европа ќе искинеше и таму,гарант меѓу првите стрелци ќе беше.
Инаку улогата што ја има во Вардар многу ќе помогне и на репрезентацијата,ги стекна конечно тие лидерски способности и знае да предземе одговорност на себе,тоа е нешто за што беше најмногу плукан низ неговата кариера,очекувам да гази во иднина и во репка,како што изгази во квалификациите.

Да не заборавам и атмосферата во сала беше сосема добра,мислев дека луѓето ќе бидат далеку по театарски настроени,може и тоа што имаме голем дел на Македонци оваа сезона привлекува уште повеќе публика,без разлика на резултатите.
Се надевам дека ќе биде вака цела сезона.
 
sho ke bidi vaka cela sezona, sleden golem natprevar vi e vo mart 2023 so Pelister ako go isklucime superkupot sho najverojatno ohrid ke se igral :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom