Генерално лошо изиграно,ништо посебно не покажавме,сите голови се од некој индивидуален квалитет на Куни и Талески.
Столе тотално демотивиран ми изгледа како да не му се игра утакмицава,цело време чека некој да направи грешка и да го погледе само потценувачки,мора малце да се стегне и он самиот,не само денес туку за цела сезона ќе ни треба,не може да биде во стилот "Дрва сте сите што да правам јас толку можам".
Се надевам ќе се подобриме малку во второ,голманиве и одбраната да се кренат ниво погоре и во нападот малку потечно да играме,мора некоја акција да се спреми за крилава,тотално се отсечени цело полувреме.