Нема потреба од толкава паника и разочарување заради пораз од екипа која што не е ни малку наивна.Лани финалист во Сеха лига,годинава исто финалист во Сеха лига и учесник во ЛШ.Ова мислам дека доволно говори за нивниот квалитет кој што можеби заостанува за класа од оној што го поседува Вардар, но муабетот ми е дека не се ни они екипа составена од играчи кои не знаат да одат на терен како што се претставени во некои мислења на темава.Добро би било Вардар да победува во секој натпревар, но ако малку подобро го погледнете нашиот состав ќе сфатите дека тоа е скоро невозможно од едноставна причина што :
Точно е тоа дека Вардар во својот тим има класа ракоемтари кои што ваква утакмица можеби би требало да ја добијат и со 10 разлика, но мора да се земе во предвид и тоа што Вардар со исклучок на крилните позиции и пикерската на ниту една друга нема играчи кои што би можеле соодветно да ги заменат првотимците.Поедноставно кажано ние сме тим кој што има само една постава и во една таква ситуација лудост би било пред клучниот меч од ЛШ да се форсираат тие играчи,да се повреди некој од нив и да останеме со прстот во уста.Немаме ние играчи како Веспрем,Кил и Барса па да ни биде сеедно дали на Х позиција ќе стартува играч што е прва опција во екипата или Y играч што е втора опција во екипата, а е еднакво квалитетен со тој што е прва опција.
Голманската позиција реално е добро покирена со Штербик кој што е без конкуренција прва опција на голот и Џамбо и Диви кои за замени се солидни голмани.Крилните позиции со Дибиров-Марковиќ и Брумен-Шишкарев се делот од тимот кој што е најдобро покриен, но што правиме со другите ?
На лев бек единствен играч кој што може да игра во ЛШ е Горбок.На хартија имаме тука 4 играчи, но кај Филип и Растворцев нема квалитет за да играат сериозен меч,а Лацковиќ кој што одлично ќе ни дојдеше пред се во одбраната предвреме ја заврши сезоната.
Позицијата десен бек е болна точка веќе две години.Среќа е што Терзиќ се покажа како добра замена за Душебаев во Сеха и шпанецов колку-толку здивна инаку ќе требаше сам да го носи товарот на свој грб цела сезона и до сега 100пати ќе прегрееше.Терзиќ исто како Фичо и Растворцев не е играч за сериозна утакмица.
На среден бек исто така сме без замена за Карачиќ.Реално Прибак веќе подолго време е во една многу лоша форма и ако недај боже останеме без Игор на клучна сме го ебале ежот.
Реално еден куп недостатоци имаме во тимот кои што до сега успешно ги анулиравме пред се заради тоа што имавме среќа да не се соочуваат со потешки повреди нашите ракометари и затоа сметам дека нема ништо страшно во денешниот пораз.Ако треба и од Загреб нека загубат само нека се вратат здрави во Скопје каде што го играме еден од двата историски мечеви за Вардар.Пристапот на теренот и мене не ми се свиѓаше,но во овој момент сметам дека имаме друга задача која што треба да е приоритет,а тоа е напад на местото кое што води во Ф4.
п.с Столе на последните две утакмици во Сеха добива два директни црвени картони.Лично мене многу повеќе ова ме изнервира од поразот.
Заборавив да дополнам дека игравме и без столбот на одбраната Абутовиќ и дека замена за повредениот Дибиров беше Бутинот, а замена за Брумен не ни имавме.