Фан клуб - РК Вардар

Не дека лигава е небитна, напротив, лигава има многу придонесено за развојот на овој тим на Вардар. Ама меч со Веспрем ќе беше 90% изгубен. Лигата му ги има испушено на Веспрем и едноставно мора да го земат тие турниров дома. Вака мирна глава, ем поштеда од повреди, ем пораз за мало спуштање на земја. Па со Веспрем дуел на Ф4 во Келн можеби. :D
 
Тим со високи аспирации (каков што е Вардар), мора на СЕКОЈ меч да оди на победа. Исто како и навивачите, кои треба секој меч да бараат победа од нивните пулени. Само така се креира победнички менталитет. Читам погоре неколкумина од вас потенцираа дека лигава била срање. Ами ако е така, уште пред почеток на сезона Вардар нека го откажи учеството.
 
Абе пред се сме актуелен шампион на СЕХА и треба да се однесуваме како таков а не вака да се бламираме.

Тим од класата во која што сакаме да го вбројуваме и Вардар секогаш и секаде оди на победа а посебно на утакмица на завршен турнир како овој.
 
Македонска работа, кога ќе изгуби подобро било така. Не, не е подобро. Голем тим така ли се гради? Си играл цела сезона, си стигнал до полуфинале сега подобро било да се изгуби, воопшто не се согласувам со ова и ова е тоа губитничко што мораме да го заборавиме.
 
Тие на што тука на форумов у исто време викаат дека Вардар е голем клуб од европската елита а у исто време викаат дека е добро сеа што сме изгубиле се контрадикторни самите. Не беше ова обичен меч од лигата ова е ф4 турнир и мора да се иде на победа
 
Класичното македонско и јас не го прифаќам. Не е убаво тоа што испаднавме, далеку од тоа дека. Но не е ни толку трагично. До вчера овде Вардар беше голем клуб, денес не е е, затоа што десеткувани и изморени загубија од солидниот Мешков.
 
Вардар сеуште не е голем клуб реално,колку побргу го сватите тоа толку помалку разочарувања ќе доживеете :) Неможе по никоја логика да бидеме голем клуб и да атакуваме на сите фронтови со еден лев и десен бек и со така кратка клупа.Тоа што Вардар стигна до 1/4 финале ЛШ и има солидни шанси за Ф4,е само и само поради НАВИВАЧИТЕ И НЕПОДНОСЛИВАТА АТМОСФЕРА за противничките екипи,во спротивно се си мислам дека максимумот е 4-то место во група и потоа КАБУМ.
Затоа треба да се штедат силите за она што е приоритет,а се знае што е тоа,сигурно не овој Чунга Лунга Куп.Несакам да звучам ко чевларот,но побитно е играчите да останат здрави,а и така ќе го јадевме од Веспрем(не сум соросоид) :)
А и непобитен факт е дека,досега кога ја освојувавме Сехата,после го губевме домаќото првенство :)
 
Домаќото годинава нема теорија да го изгубиме.
 
Нема потреба од толкава паника и разочарување заради пораз од екипа која што не е ни малку наивна.Лани финалист во Сеха лига,годинава исто финалист во Сеха лига и учесник во ЛШ.Ова мислам дека доволно говори за нивниот квалитет кој што можеби заостанува за класа од оној што го поседува Вардар, но муабетот ми е дека не се ни они екипа составена од играчи кои не знаат да одат на терен како што се претставени во некои мислења на темава.Добро би било Вардар да победува во секој натпревар, но ако малку подобро го погледнете нашиот состав ќе сфатите дека тоа е скоро невозможно од едноставна причина што :

Точно е тоа дека Вардар во својот тим има класа ракоемтари кои што ваква утакмица можеби би требало да ја добијат и со 10 разлика, но мора да се земе во предвид и тоа што Вардар со исклучок на крилните позиции и пикерската на ниту една друга нема играчи кои што би можеле соодветно да ги заменат првотимците.Поедноставно кажано ние сме тим кој што има само една постава и во една таква ситуација лудост би било пред клучниот меч од ЛШ да се форсираат тие играчи,да се повреди некој од нив и да останеме со прстот во уста.Немаме ние играчи како Веспрем,Кил и Барса па да ни биде сеедно дали на Х позиција ќе стартува играч што е прва опција во екипата или Y играч што е втора опција во екипата, а е еднакво квалитетен со тој што е прва опција.

Голманската позиција реално е добро покирена со Штербик кој што е без конкуренција прва опција на голот и Џамбо и Диви кои за замени се солидни голмани.Крилните позиции со Дибиров-Марковиќ и Брумен-Шишкарев се делот од тимот кој што е најдобро покриен, но што правиме со другите ?

На лев бек единствен играч кој што може да игра во ЛШ е Горбок.На хартија имаме тука 4 играчи, но кај Филип и Растворцев нема квалитет за да играат сериозен меч,а Лацковиќ кој што одлично ќе ни дојдеше пред се во одбраната предвреме ја заврши сезоната.

Позицијата десен бек е болна точка веќе две години.Среќа е што Терзиќ се покажа како добра замена за Душебаев во Сеха и шпанецов колку-толку здивна инаку ќе требаше сам да го носи товарот на свој грб цела сезона и до сега 100пати ќе прегрееше.Терзиќ исто како Фичо и Растворцев не е играч за сериозна утакмица.

На среден бек исто така сме без замена за Карачиќ.Реално Прибак веќе подолго време е во една многу лоша форма и ако недај боже останеме без Игор на клучна сме го ебале ежот.

Реално еден куп недостатоци имаме во тимот кои што до сега успешно ги анулиравме пред се заради тоа што имавме среќа да не се соочуваат со потешки повреди нашите ракометари и затоа сметам дека нема ништо страшно во денешниот пораз.Ако треба и од Загреб нека загубат само нека се вратат здрави во Скопје каде што го играме еден од двата историски мечеви за Вардар.Пристапот на теренот и мене не ми се свиѓаше,но во овој момент сметам дека имаме друга задача која што треба да е приоритет,а тоа е напад на местото кое што води во Ф4.

п.с Столе на последните две утакмици во Сеха добива два директни црвени картони.Лично мене многу повеќе ова ме изнервира од поразот.

Заборавив да дополнам дека игравме и без столбот на одбраната Абутовиќ и дека замена за повредениот Дибиров беше Бутинот, а замена за Брумен не ни имавме.
 
Последно уредено:
Шо ве гледам чудни, абе 5 коефициент беше да победи Мешков. Можда и више. Мора некако вложените пари да се вратат :icon_lol:
 
Чисто информативно, колку е наградата за шампионот на СЕХА лигата? Знам до лани или полани беше смешни 10 000 евра, сега не знам...
 
Ве читам и се чудам што сте се разочарале толку бе луѓе....Вардар ако бил толку јак морал да оди секогаш на победа...Убаво пишаа некои погоре, не сме толку јаки колку што газиме на домашен терен во ЛШ пред се заради публиката и момент на инспирација на некој играч...Немаме толку играчи па да атакуваме на сите полиња да одиграме сега набрзина два исцрпувачки натпревари со првата постава ако не и да му зимаме титула на Веспрем, па и да земеме јака работа, убаво е да се биде прв, ама реално ќе беше многу тешко тоа да го направиме оваа сезона, а од друга страна имаме одлична шанса сезонава да играме на Ф4...Првенство си зимаме не паничете ебате беља, :icon_mrgr: не е лошо и купот да се земе... :D Дечкиве ги направивте бетер од фудбалерите, Киелце е наша цел, СЕХА ќе земеме следна сезона :D
 
Големите тимови играат тактички, едно големо браво за Вардар. Баш како и што се надевав да не се замараат во една тотално небитна утакмица (y)
 
За џабе тепаа пат, си направија курташак самите на себе, ебате тоа мулињта.

Мала е веројтноста оваа сезона да се направи во ЛШ нешто повеќе од учество на фајнл фор. Со Сеха се изглупираа, и на крај на сезона ќе се фалат со домашното првенство и купот во конкуренција на Зомимак. Успех шо да ти кажувам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom