Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Заклучокот им е оттаму што самиот Вардар со настапите сезонава и во ЛШ и во СЕХА, но и со приодот кон натпреварите себеси се наметна како топ-фаворит заедно со Веспрем (сети се на последниот домашен натпревар со Унгарците). Самите сте си контрадикторни во мислењата. Сите сакате Вардар да биде бренд низ ракометна Европа, да биде име рамно на најголемите. И еве сега кога полека и почнува да важи за такво име, се чудите зашто низ ракометните кругови велат дека ова беше курташак со реномето на СЕХА. Едноставно е, актуелен шампион и една од двете најдобри екипи-столбови на годинешното издание не смее да си дозволи ваков смешен пристап! Најпрвин за своето реноме и навивачи, иако кај нас гледам еве проаѓа, па потоа и за организаторот, федерацијата, градот-домаќин итн. И не држат вода муабетите дека ете резервниот тим се појавил и толку може, не е проблем поразот, фаворитите неретко губат во Ф4. Тука се работи чисто за пристап! Истите тие играчи да гризеа на терен 60 минути, а Раул да притискаше од клупа (наместо како што пренесуваат да се смее после елиминационен пораз), на крај и да загубеа никој немаше да забележи!Кога ваквите експерти ќе успеат со 10 играчи да извадат резултати како што вади Раул ќе имаат право на збор, а до тогаш може само да лаат.
Инаку како и да ја вртиме пак на крајот за ваквите Раул ќе излезеше крив.Ако Вардар победеше, а загубевме еден од клучните играчи Карачиќ,Душебаев,Штербик и Горбок до негде заради повреда тогаш Раул ќе беше крив затоа што не ги одмарал и ги форсирал пред најважниот меч од ЛШ.Ако се реши да ги одмара како што направи вчера тогаш пак е крив затоа што пазете....намерно изгубил.Не знам што треба да се случи за некој да сфати дека втората постава на Вардар не е ништо подобра од првата на екипи како што се Мешков или Загреб.На крајот на краиштата не знам што толку се замараат со тоа што Вардар испаднал и од каде им е заклучокот дека ние сме МОРАЛЕ да победиме и да играме во финале.
@Colt Willcox значи се кул у право си, никој не бара освојување на СЕХА ко да е приоритет.
Муабетот е што пристапот на Вардар синоќа беше за никаде, ко на екскурзија да се. Даваат слика ко воопшто да не сакаат да играат у таа лига, ако така нека истапат од неа и нека играат домашно првенство и ЛШ.
Само присетете се какви коментари имаше по форумов на фанови на Металург за СЕХА, сега истите муабети се вртат и тука.
Па ако Раул како тренер не сноси одговорност за меланхоличната игра на своите играчи, биле првотимци или замени, кој треба да сноси?
Муабетот со еден играч на секоја позиција ќе држеше вода ако утакмицата со Кјелце се играше овој вторник или среда, а не за пола месец.
Пак ќе кажам, се работи за несериозен и потценувачки пристап кон цела една лига! Не за тоа дека Вардар немал доволно квалитет во своите второтимци па загубил. Нормално е да се загуби во Ф4, сите што стигнале до тука играат ракомет и сите се тука да земат трофеј, освен нели Раул и компанија. Ете и Веспрем можеше да испадне, 1 гол фалеше, но барем не си играа курташак со своето реноме.
Што се однесува до приоритетите, освојување на домашната лига годинава претставува сериозен таск? По мене е крајно несериозно цела сезона да се фрли на една утакмица, домашната против Кјелце, од која ќе зависи целиот outcome за 14/15. Со евентуално испаѓање сме потфрлиле дури и споредено со сезона 13/14. А за тоа секако ќе треба некаде да се бара одговорност.
Кој тука дава изјави дека не е важна лигата, или нешто друго, нити од вардар излгеоа посел пораз и да речат дека не ја сваќаат лигава како серизона туку како тренинг, туку поштено си искочија си го признаа поразот и чао пријатно.@Colt Willcox значи се кул у право си, никој не бара освојување на СЕХА ко да е приоритет.
Муабетот е што пристапот на Вардар синоќа беше за никаде, ко на екскурзија да се. Даваат слика ко воопшто да не сакаат да играат у таа лига, ако така нека истапат од неа и нека играат домашно првенство и ЛШ.
Само присетете се какви коментари имаше по форумов на фанови на Металург за СЕХА, сега истите муабети се вртат и тука.
А што е Рајн Некар, што состав имаат за да се ствара фама како не ги исполниле очекувањата? Ги гледав само кога играа со Вардар, повеќе во сеќавање ми е утакицата во Германија, и ама баш никаков отпор не пружија швабите.Зафркаваш брат сеа и ти. Со една бековска постава играме цело време и пак завршивме пред Рајн Некар Ловен.
За фајнл фор ти требаат барем по двајца врвни играчи на секоја позиција и среќата да те посака. Види ги составите на ПСЖ, Кил, Барселона, Веспрем па и на Киелце. Ние за сега според состав припаѓаме во најдобрите осум. Ако успееме да ги плеснеме Киелце(за ова не посака среќата) тоа ќе биде огромен успех.
Од идната сезона е друго бидејќи цела нова бековска постава ќе добиеме. Иако Македа или Деревен не се играчи кои се да речеш класа над Душебаев и Деревен, пак добиваме на ширина. Единствено незнам што ќе биде со средниот бек.
Покрај тоа, ја би им дал шут карта на двајцава резервни голмани и би донел некој од тие млади шпански голмани. Има огромни потенцијали меѓу нив.
Преголема тежина се дава на тоа дека цело време играме со една бековска постава. Пауза помеѓу утакмици им е минимум 6 дена, имаат време за рекоперација, платени се за тоа, треба да се способни да изиграат по 90 минути, а не да не можат да издржат 60 минути.