Шо ве гледам чудни, абе 5 коефициент беше да победи Мешков. Можда и више. Мора некако вложените пари да се вратат
Кога ќе прочитам ваков муабет инстантно пролив ме фаќа, немој и ти да почнуваш со заговори, жити се
Овој натпревар беше вистински испит за второтимците во Вардар, затоа што во моментов СЕХА лигата не ни е приоритет. Во најлош момент имаме фајнл фор во СЕХА и клучни натпревари против Киелце во ЛШ. Тоа што го натера Раул да излезе со ваков тим, сепак мислам дека е фактот што дури и да го миневме Брест Мешков, во финалето Веспрем ќе не демолираше на нивен терен. Мислам дека ни со прв состав немаше шанси во моментов да им се спротиставиме, со оглед на тоа што повеќето од ракометарите се со мислите во ЛШ.
Не сакам да вадам муабет како Червар дека лигата е небитна, сепак премногу им се имаме израдувано на двете титули во минатото, ама во моментов е факт дека не мораше да играме со прв тим за да не ризикуваме повреди на поважните играчи за дуелите со Киелце. И пак ќе кажам, да не се играше фајнл форов во Унгарија, можеби можевме да запнеме, ама вака, дали втор,трет или четврт, најмалку е важно.
Тоа што е поука од утакмицава е дека вториот состав на Вардар во моментов е нешто послаб од просечен учесник во ЛШ. Со оглед на тоа што Брест не демолираше и на нивен терен, а со комбиниран состав освен против Металург, не брилијиравме никаде , заклучокот е дека да ја имавме истата екипа од времето кога Вујо ни ја врати титулата, ќе бевме само статисти во Европа, ќе му гледавме во грб на Металург и ќе се молевме дерби мечевите да бидат во период кога они имаат густ распоред и со сите сили ќе атакувавме на СЕХА лига. Ова беше можност за сите останати да покажат дека треба да бидат задржани во клубот, и реално потфрлија...
Ова особено важи за голманите кои премногу ноншалантно го сфатија мечов, практично не отпишаа од секаква борба за финалето.
Прибак почна убаво, ама потоа се загуби. Столе топло-ладно со уште еден глуп црвен картон, Марковиќ цело прво полувреме не доби употреблива топка, Терзиќ очаен денес, а одбраната без Абутовиќ беше Швајцарско сирење. Растворцев е ужас кога треба да е лидер на одбраната, така да не знам што би правел он уште сезони во нашиот дрес... Треба да биде прв за добивање на шут карта.
Премногу ни зависи од играта од ракометари како Штербик, Душебаев, Карачиќ, Дибиров, и секако Иле во одбраната...
Паметен потег беше на Раул што почна со ваков состав, што им даде шанса да заиграат во важен натпревар, и играчите мораа да ја искористат шансата. Некогаш многу помотивирано знаат да одиграат резервите на вакви наптревари, отколку првотимците кои со мислите веќе се во многу поважно натпреварување...
Здравје, да се одигра уште еден меч против Загреб, убаво би било да тепаме и да освоиме трето место, па после нека се насочат целосно на Киелце...