Фан клуб - РК Вардар

И кога веќе ми стигат нотификации ај да допишам уште нешто.Џабе анализи правите џабе си трошите зборовите.Какви играчи какви бакрачи чувајте си го таму пророкот од Комити форумот што се што наречува за РК Вардар се исполнува.Рече 11 гола победа ни гол повеќе ни гол помалце.Да сум на ваше место у понеделник кога ќе се разбуде човеко ќе го чека цел шлепер ладно Скопско за да нарече фајнал 4 у Келн за вас.
 
Така не збореше 2006/2007 кога беше кошарката и кога последната со Вардар кога беше инцидентот најгласен беше за земјотресот :pos::pos::pos:
Како прво медал за тебе, од Тито. Како второ, јас сум од Струмица и тука на форумо го знаат некој тава. Како трето каква врска има кошарка Струмица, не се ни сеќавам најсериозно за каков инцидент говораш. И како четврто никој пат не сум га ни спомнал песната за земјотресо, не да га пеем. Ај саа не га труј темата со глупости и кулири си. Поздрав :aplauz::popce:
 
После утакмицава може да констатираме дека Самсонекко не трошел на железо кога ја градел салата. :D Чим не падна денес нема да падне никогаш.Во второ полувреме од трибината кај што беа сместени пољаците светеа блицеви...тие што се фалеа со некаква си атмосфера извадија телефони за да го снимат пеколот во Јане Сандански.Ова е Скопје ! Дефинитивно најјака атмосфера во цел свет се прави на утакмиците на Вардар.

Играта на почетокот не беше баш ветувачка.Во одбраната игравме доста добро, но во напад правевме мал милион грешки.Среќа што распали Горбок инаку можеше да биде незгодно во воведните минути.Денес покажа Горбок зошто е донесен во Вардар.Тоа што треба тој да го прави го направи денес на најдобар можен начин.Многу зависи неговата игра од играта на другите ракометари бидејќи е класичен бек шутер на кој што му треба простор за да се крене и да шутира, а кога ќе шутне нема голман што ќе му го одбрани проектилот.Пољациве добро стартуваа, но како што се загреваше атмосферата почнуваа се повеќе и повеќе да се губат.Маестро Штербик денес магија правеше на голот и е еден од најзаслужните за оние +4 што ги имавме на полувремето.Со оглед на неколкуте избрзани потези реално тие +4 беа одлични за нас.Да не претерам ама 99% од грешките денес беа на Дибиров.Очаен двомеч за него.Ако добро броев прееба 7 топки денес на апла аматерски начин.Тоа што крилата во двомечов со Висла целосно ни беа отсечени да го ставиме на страна, но онакви избрзани потези на меч на кој што бркаме 6 голови разлика се недозволиви.Штета што Марковиќ не беше во составот инаку супер ќе ни легнеше.И покрај се имавме стопено голем дел од предноста на Висла и што е најважно...ги задржавме на само 10 голови што значеше дека и победа од +6 на крајот го носи Вардар во 1/4финале бидејќи невозможно беше они да дадат 17 голови во второ.Второто полувреме веќе беше друга приказна.Јуначки се бореа пољаците со пеколната атмосфера во првиот дел, но во вториот веќе немаа кај да бегаат.За 15 минути игра постигнаа само 1 гол.Штербик им еба матер и затоа цела сала во еден момент грмеше со Штербик Мајсторе ! Во нападот Горбок,Карачиќ и Душебаев решетаа од сите страни.Овие тројца плус Филип постигнаа 25 голови.Кога имаме во тим така расположени бекови невозможно е да не го масакрираме противникот.Максималната предност мислам дека беше +12...да бидам искрен не бев свесен за тоа и во еден момент кога погледнав кон семафорот останав подзинат како смајливо :eek: Покажавме денес дека на домашен терен нема предност која што не може да ја достигнеме и доколку ја поправиме играта на гости успесите нема каде да бегаат.
 
И момент на натпреварот кога делегатот 1 минута свиреше со свирчето да се прекине играта,за да се исклучи играч 2 минути заради Каденас, ама судиите не го слушаа од галамата у сала :D
 
Gi sakam Kielcee aaaaa,kako bese toa Visla visla od 20minuta glas ne im se cu ova ne e sala ova vecerva bese vulkaaan
 
Вчера и желкине што седеа позади нас знаеа да потзапеат на моменти :pos:
Еден свршаваше на Горбок, каков шутер вика, цело време се дереше БРАВО МОМЧЕ БРАВО :pos:
 
Сите се за Вардар :D
 
Попара ги направивме :drk:

Потајно очекував голема победа бидејќи сепак, они се Висла а не Кил, Барселона или кој било од тие големци. Пекол атмосфера уште од првата секунда и полјациве како збунети делуваа. Како да не се спремале за тоа што ги чека тука, иако прво полувреме се бореа мајчините јако.

За Горбок ги повлекувам сите зборови што ги кажав пред два-три дена тука. Момакот беше казнена експедиција првото полувреме. Ете заради тоа го донесовме тука! Се надевам дека ќе даде уште две вакви партии во четвртфинале. Штербик ги смрзна полјациве :D кога ќе им скинеш зицери, во ваква атмосфера тие уште толку паѓаат. Освен тоа страшен мотиватор е, цело време ги бодеше сите.

Првото полувреме премногу брзоплето игравме, и направивме еден куп грешки и промашени чисти напади. Само Тимур имаше некои 4-5. Како што кажа Алушовски, да не бевме толку нервозни се ќе беше готово уште во прво полувреме.

Е во второ полувреме го видовме резултатот кога сите три бека работат перфектно. Го избришавме подот до нив. Првите петнаесет минути дадоа само еден гол и тоа беше тоа. На крај и Столе кога им го проби бедемот на пикерска позиција веќе беше формален крај за нив.

Па уште ми текнува се палат, учителот (Каденас) лекција му одржал на ученикот (Раул). Абе бегај таму скријте се негде. :D

Бонус: Карачиќ со ACAB маичката :pos:

За понатаму сега веќе со кој и да паднеме не сме фаворити. Тешки утакмици не чекаат али битно главната цел е остварена. Повторно сме во најдобри 8.
Од понудените јас би го одбрал Киелце. Со нив мислам дека имаме 50-50 шанси, со нивна мала нивна предност бидејќи реваншот го играат дома.
 
НИКОЈ, НИКОЈ нема да не тепа у Скопје! Она што се деси вчера е незаборавно. Пољаците не знаеја каде се наоѓаат, буквално како изгубени во свемирот беа. Во ваква атмосфера не помага ништо. :D

Душебаев ги погреба, мамицата им ја изеба. А и како цепа македонски, алал да му е.

Нема да бирам противници, ќе кажам само: Нека дојде кој сака!!!! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom