Фан клуб - РК Вардар

Ја изгледав снимката, Душебаев :shook: Каков играч на 22 години, има одличен расчекор, одлично местење и накривување на телото, опасно добар осет за гол и очигледно големи...да ми извините муда. :aplauz:
 
Си ја изгледав утакмицата кога станав сабајле, на раат. Јака работа завршил Вардар, браво. Пишувам во Л-форма, оти сношти мечот го фатив од второ полу-време и бев откачи-закачи #јер паралелно се спремав за излегување. Тогаш малтене завршена беше работата, па мислев дека добро и лагано е било цела утакмица. Ама баш и не било.

Пред мечот мислев дека ако не отворат фуриозно и не се одлепат на 3-4 гола во првите 15 минути, дека ќе се угушат сами бркајќи ги и пак за влакно ќе останат со прстот во уста. Но ме порекнаа, свака част. Од рипитот гледам дека здрава клацкалица е било на отварањето, скоро до таа 15-та минута. Ама потоа стабилизирање малце на одбраната и ослободување на раката на Горбок (или како што го нарече енглезот Mr. ''I've never had a game like this before'' :pos:). Кој топник е бил само во првите пола саат. Тој последниот гол од првиот дел го закуца толку јако што прво помислив дека греда погоди и опцув, ама гледам после 2 секунди крева раце, се радува и си викам, ''Абе погодил овој'':eek::вонзем::angel::cuc: .. Во второ влезе и Алекс во шема (ама му легнаа овие па па па), на што се надоврза Игор со неколку здрави акции.
Сепак, премногу индивидуално ги добија. Колективната игра и ''продадените'' акции изостанаа дебело во целиот двомеч. Ама ете, испадна се' по арно, најмногу благодарение на головите и ванземаљските потези на лудаците од 9 метри.

Браво за децата. Малце нека ги послужи среќа со ждребот samo, барем Барса да ја избегнат. Со другите во игра, ќе има што да се гледа и да им гори под пети ;) .


ПС - Морам уште еднаш да го цитирам енглезот од преносот на отварањето: What an atmosphere here tonight. It is absolutely stuffed to the gills this arena. They say just over six thousand. I think it's closer to eight! I think they smuggled a few people in their suitcases here. :pos::pos:
 
Последно уредено:
Само што ја изгледав снимката,што убаво е кога си гледаш релаксирано и бес нервози.Сега не чека ждрепката,и се надевам дека барем еднаш ќе ни се погоди.Барса не ги сакам ни под разно,не дека се непобедливи,ама мора да се има осет до кај ни се моменталните можности.Веспрем исто,годинава се утепавме играјќи со нив,и секако добро се знаеме.Кил или Киелце,ја секако би вториве.Ама голема желба ми е да ги натртиме глупиве шваби,посебно затоа што се работи за Кил.
 
@Ендорфиниус зашо бе зборите индивидуално? па сите играа за Горбок да му овозможат да се крене на шут, цепелини на секоја утакмица има, проигрувања до пикер исто...
 
и лани викавме кој сака нека дојде и Фленсбург ни дојдоа. Знам дека атмосферата ги има понесено ама добро би било да се смират страстите.
А па Фленсбург не тепаа 10 разлика :D Најнесреќно изгубен двомеч беше тоа.

Лична желба за утре ми е Барселона, да им вратиме за лани.
 
Стискајте палци да ни падне утре Киелце.
Ништо не изиграа со Монпелје и во лесна група си го ладеа. Што би рекол Томасино, Вардар ќе ги изгори :D
Со нив ни е најдобра шанса за пролаз, со другите ќе ни треба и малку повеќе среќа. Посебно со Барса и Кил. Нема шанси ЕХФ да дозволи фајнл фор без нив, со оглед на тоа дека нема друг германец.
Од Киелце најмногу ме плаши Талант и колку многу го познава Раул. Иако сеа со Каденас, Раул го покажа спротивното.
 
ИНТЕРВЈУ СО ИГОР КАРАЧИЌ: КОГА ИГРА "ВАРДАР", СЕ СЛАВИ И СЕ ТАГУВА И ВО БИХ И ВО ХРВАТСКА

- Во "Вардар" дојде пред три години, во периодот кога "Металург" доминираше во македонскиот ракомет. Тогаш слушнав еден коментар за тебе, дека си играч кој ќе го промени односот на силите.

6236449B9982904489D34196166FE33E.jpg

Забрането користење на фотографијата без дозвола од Вест

- Па добро, луѓе сешто зборуваат. Секако дека таквите комплименти годат, не само на мене, туку на секој играч, особено кога нацијата, како македонската, го познава ракометот, спорт во кој се вложува и кој е многу важен за целата држава. Ова не е само обична публика, ова се луѓе кои навистина знаат што е спорт, што е ракомет и гледате дека секоја секунда од натпреварот се следи со големи емоции, со еуфорија. Кога дојдов во Скопје, има точно три години, прво бев повреден, го оперирав рамото, така што влегував на мала врата. И мило ми е поради тоа. Секогаш низ животот одев чекор по чекор, па така во Скопје денес направивме еден одличен, идеален тим и сигурно во иднина ќе бидеме уште посилни.

Како ти изгледа "Вардар" денес во споредба со оној тим кога дојде? Колку порасна клубот во меѓувреме?

- Морам да признаам дека кога дојдов во Скопје, не знаев многу за "Вардар". Го имав гледано еднаш во Лигата на шампионите и кога дојдов, сите веднаш ми предочија што е "Вардар". Уште на првиот натпревар со "Металург" увидов дека тоа не е обичен клуб, дека е навистина голем клуб со традиција и дека луѓето живеат за него. Сигурно е дека "Вардар" порасна откако за претседател дојде Сергеј Самсоненко. Тука се некои од најдобрите играчи на светот и сигурно уште добри играчи ќе дојдат. "Вардар" сигурно ќе го напаѓа Фајнл форот на Лигата на шампионите, а дали тоа ќе биде оваа или некоја следна година, ќе видиме. Во некои рамки, клубот дефинитивно порасна и среќен сум што сум дел од ова, но "Вардар" беше голем клуб и додека претседател беше Михајло Михајловски.

"Кил", "Барселона", "Веспрем", ПСЖ... конкуренцијата за Фајнл форот е премногу силна. Дали, можеби, сe уште му е рано на "Вардар" за влез во едно вакво друштво?

- Не е рано, го видовме тоа и лани. Кога никој не очекуваше, ние бевме на чекор до Фајнл форот. Тоа се само ситници, секунди, кои те делат дали си горе или долу, дали ќе успееш и дали нацијата ќе се весели. И сега ништо не е готово, има уште 60 минути од реваншот. И ние имаме одлични играчи и публика како "Висла" и можеме далеку да дотуркаме.

Благодарение на одличните игри за "Вардар", конечно, влезе во хрватската репрезентација. Дали тоа полесно ќе одеше доколку играше за "Загреб", на пример?

- Никогаш не сум трчал по тоа, без разлика колку се зборуваше за тоа дали требаше да бидам во репрезентацијата уште пред две-три години. Играв за клуб, давав сe од себе и дојде и тоа време да бидам во репрезентацијата. Клубот секогаш ми бил приоритет и сигурно дека "Вардар" многу придонесе за тоа. Секако дека преку "Загреб" полесно се влегува во репрезентацијата, но добрите игри се добри игри, без разлика каде играш. Треба само да се работи на себе и сe си доаѓа на свое место.

Сега играш на позицијата на која беше Ивано Балиќ, тука е и Дувњак, дали е тоа голема одговорност за тебе?

- Балиќ е еден од најдобрите играчи на сите времиња и мој идол. Потоа дојде Дувњак, играч од мојата генерација. Тоа се двајца врвни играчи и мило ми е што сега сум дел од тоа.

Имате интересна ситуација дома: ти ја избра Хрватска, а брат ти, Иван, е репрезентативец на БиХ. Дали тоа те прави подобриот ракометар во семејството?

40231F9B5974354ABD50B14B371E5047.jpg

Забрането користење на фотографијата без дозвола од Вест

- Се разбира дека не. Нам само патиштата ни се разделија многу одамна. Кога тој требаше да заигра за Хрватска уште како кадет, му се случија некои работи во клубот и, едноставно, не можеше. Јас со задоволство го примив тој повик и потоа го освоиме кадетското Светско првенство. Иван подоцна ја избра селекцијата на БиХ и ни се разделија патиштата, и во ракометот и во животот. Се радуваме на тие неколку дена во годината кога заедно ќе се најдеме на терен.

Дали имавте и жестоки дуели?

- Па, имавме. Можам да издвојам еден момент кога се решаваше за нашите глави. Јас со Босна, тој со "Борац", се боревме за титулата. Отидовме во Бања Лука, а таму пет-шест илјади емотивни навивачи, гореше во салата. Во последните секунди победивме со еден гол разлика, но претходно два-три пати дојдов во таков судир со Иван, што мајка ни излезе од салата, зашто не можеше веќе да го гледа тоа.

Потекнуваш од Мостар, кој, пред сe, е фудбалски град. Од каде тогаш во ракометот?

- Татко ми беше фудбалер своевремено. И јас бев талентиран за фудбал, дури и повеќе отколку за ракомет, но поради брат ми го сменив спортот. Тој ме тераше да играм и кога отидов со него на еден тренинг, останав тука.

Дали игрите на "Вардар" се следат во Мостар?

- Како не, и тоа не само во Мостар. Поради мене, "Вардар" се следи во цела Херцеговина и во Хрватска, каде што имам пријатели. Кога лани, во Македонија, беше ден на жалост по нашето испаѓање од "Флензбург", исто се чувствуваа и луѓето во мојот крај и во Хрватска. Едноставно, сите живееја тој ден со "Вардар". Сигурно е дека "Вардар" моментално е број еден на Балканот.

До кога ќе те гледаме во дресот на "Вардар"?

- Тоа прашање постојано ми го поставуваат. "Вардар" моментално е еден од најдобрите клубови во Европа и секоја година е сe подобар и подобар. Имам договор уште две години и за тоа време сигурно ќе бидам тука. Убаво ми е овдека и сакам да направам нешто големо со "Вардар".

Горан Конев
Фото: В. Тануровски

Еве им и извор, пошто забраниле користење на текстов и фотографии:
http://vest.mk/default.asp?ItemID=9053F94953B0004A91FAA74A83E70076
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom