Фан клуб - РК Вардар

Утре ќе бидат пуштени и картите за реваншот, цена 400 денари :icon_lol:
 
https://instagram.com/marijalojanica/
адд ако имате акаунт додека не го затворила профилот. Скокањето на Дибиров некни 20 пати го репризирав :D бонус ја има и Тата како се растегнува :angel:
 
Не може да не снајде судбината на Металург ние не сме селски пластичен тим... како верен навивач на Вардар треба да го знаеш тоа....
Па го знаеме тоа многу добро, доказе Фк Вардар пред 2 години. Така и не дај боже ќе биде и со РК ако нешто не им искочи по планот на Дпмне и кренат раце и од ФК и од Рк.
Ве знаеме многу добро тогаш, пак само 300 луѓе ќе останат да плаќат карти, за да има за прашок и за да има да им се даде по некој денар на играчите.
Ако сите сеа што се прават големи наиввачи на Вардар, дојдоа коа му беше најтешко на ФК и платеа по 100 ден карта, ќе имаше доволно пари да се најдат добри играчи и да не дојде до тој срам испаѓање од Прва лига, па псоле знаеме како се спасивме, на милсот на Дпмне.
Така да сигурен сум дека ќе дојдеме во иста ситуација како Мелтаург и Пелситер, зашто ова е Макеоднија, а не Герамнија и досегашните искуства, еден милион такви примери во Македонија ги имало. Јафа Промет, Кометал, Пелистер, Метлаург, Николферт, Струмица, Амак СП, ОК Работнички, МЗТ и уште многу многу вакви примери да не ги набројувам докажале дека чим почне да пропаѓа клубот “верните“ за секунда се губат од мапа. И тогаш почнуваат приказките абе што да гледам, кого да гледам и т.н.
 
Последно уредено:
1. РК, ЖРК и ФК ВАРДАР не се ни на Комити ни на верните навивачи и гледачи него приватна сопственост на Самсоненко. Нема што да дебатираме чив е Вардар, Вардар си има сопственик. Ако не го почитува договореното тие ќе се вратат во сопственост на градот. Сала, терени и се што е изградено сигурно нема со него во русија да си ги однесе, ќе останат во една или друга форма на Вардар, Скопје и Македонија.

2. Ако сакаме да има повеќе од 300 верни навивачи мора да се отвориме како група и како клуб и да ги прифатиме сите. Наше е да ги привлечеме што еве се случува а потоа и да ги придобиеме. Не гледам што толку кревате фама окулу новите фаци...

3. Комити нека си се фокусираат на навивањето, затоа се формирани. Не гледам што има секоја одлука на управата да се сфаќа трагично. Низ СД Вардар прошле десетици илјади играчи/спортисти низ годините и кој знае колку управи се смениле. Никој и ништо не е вечно, освен клубот. На сите ни е јасно дека Прибак си го изигра своето. Колку и да ни беше клучен и омилен играч факт е дека во овој денешниот Вардар кој се бори за титула во ЛШ за него веќе нема место. Факт е дека може да игра уште 2-3 години во некој помал клуб и тоа го направи, јас искрено му пожелувам среќа и би сакал да се врати како тренер сеедно дали во СК или во Србија да оформи една филијала на РК ВАРДАР таму.

4. Да не се лажеме Манасков е голем талент кој може да се изделка. Како тргнало очигледно некој работи со Дибиров па овие неколку месеци е се подобар во одбрана а и еве пеналите му тргнаа. Зошто да не можат и Манасков да го средат? Тоа дека повеќе ќе напредува во Германија е знак прашалник, како тргнално Вардар на било кој германски клуб може да му одржи лекција а и СЕХА не е баш слаба лига. Многу ми е жал за Марковиќ кој ми е омилен играч во Вардар и идеално би било да го позајмат Манасков во Германија на уште една сезона преда да се врати ама сега тоа е тоа, не е идеално ама не е ни лош трансфер.
 
Нема збор за Душебаев и за тоа колку е јак и колку е добар, ама да пишеш дека класата меѓу него и Манасков е очиглеедна и дека компарација е несоодветна треба малку да се замислиш :) И сеа одма ти не си навивач на Вардар ти воа ти ноа, прво навивач сум на Македонски тим, не сум од Скопје па да иам симпатии за еден туку бев и за Металург и за Вардар, ги пратам многу и двете екипи. Манасков после светското и после приодов во Германија и ако продолжи во ваква форма мислам дека ќе биде во класата на Душебаев а ако сега веќе не е, е многу блиску :) Ова според мене нормално иако мислам дека повеќето ќе бидат против јас мислам дека ми е на место постот.
Во моментов Алекс е класа погоре од Манасков. Само преку призмата на патриотизамот може да кажеме дека е обратно. Паралелата реков дека ми е погрешна поради различната позиција на која играат. И нормално друго е да го развиваш талентот во Шпанија, друго е кај нас. И најважното Алекс има муда да решава натпревари, лавот наш пак на тој план кастриран е во тој поглед. Поради тоа Алекс е класа погоре, плус го сметаа во топ 3 перспективни млади играчи на стариот континент. Манасков има потенцијал, ама треба работа на терен и надвор од него.
 
https://instagram.com/marijalojanica/
адд ако имате акаунт додека не го затворила профилот. Скокањето на Дибиров некни 20 пати го репризирав :D бонус ја има и Тата како се растегнува :angel:
Ја па Тата си ја репризирав едно 20 пати, онака убаво напупена! :pipi:
 
https://instagram.com/marijalojanica/
адд ако имате акаунт додека не го затворила профилот. Скокањето на Дибиров некни 20 пати го репризирав :D бонус ја има и Тата како се растегнува :angel:

Ете од каде им била мотивацијата на ракометариве...и покрај мене да се ракометаркиве во хеланки би скокал дупло повеќе од Дибиров. :icon_lol:

Видете го Џамбо на последната слика...го има тој кафански стил за да седне во кафана. :D http://rkvardar.com.mk/gallery/vardarci-pristignaa-vo-plok?_ga=1.13830327.1603352622.1425054519#
 
Ќе правиме муабет кога ќе не снајде судбината на Металург :)
Добро така ако гледаме и сите ние ќе умреме некој ден дај да не се мачиме...

Можност е да не снајде иста судбина ко металург да...Ама нема да е брзо време...што треба ај уште од сеа да плачеме дека ќе не снајде иста судбина...Дајте бе не бидете мрчатори конечно Вардар е меѓу најдобрите во европа уживајте дур трае. Мерак ми мене лично кога гледам вардар како млати големи европски имиња а несамо служи за топовско месо....
 
1. РК, ЖРК и ФК ВАРДАР не се ни на Комити ни на верните навивачи и гледачи него приватна сопственост на Самсоненко. Нема што да дебатираме чив е Вардар, Вардар си има сопственик. Ако не го почитува договореното тие ќе се вратат во сопственост на градот. Сала, терени и се што е изградено сигурно нема со него во русија да си ги однесе, ќе останат во една или друга форма на Вардар, Скопје и Македонија.

2. Ако сакаме да има повеќе од 300 верни навивачи мора да се отвориме како група и како клуб и да ги прифатиме сите. Наше е да ги привлечеме што еве се случува а потоа и да ги придобиеме. Не гледам што толку кревате фама окулу новите фаци...

3. Комити нека си се фокусираат на навивањето, затоа се формирани. Не гледам што има секоја одлука на управата да се сфаќа трагично. Низ СД Вардар прошле десетици илјади играчи/спортисти низ годините и кој знае колку управи се смениле. Никој и ништо не е вечно, освен клубот. На сите ни е јасно дека Прибак си го изигра своето. Колку и да ни беше клучен и омилен играч факт е дека во овој денешниот Вардар кој се бори за титула во ЛШ за него веќе нема место. Факт е дека може да игра уште 2-3 години во некој помал клуб и тоа го направи, јас искрено му пожелувам среќа и би сакал да се врати како тренер сеедно дали во СК или во Србија да оформи една филијала на РК ВАРДАР таму.

4. Да не се лажеме Манасков е голем талент кој може да се изделка. Како тргнало очигледно некој работи со Дибиров па овие неколку месеци е се подобар во одбрана а и еве пеналите му тргнаа. Зошто да не можат и Манасков да го средат? Тоа дека повеќе ќе напредува во Германија е знак прашалник, како тргнално Вардар на било кој германски клуб може да му одржи лекција а и СЕХА не е баш слаба лига. Многу ми е жал за Марковиќ кој ми е омилен играч во Вардар и идеално би било да го позајмат Манасков во Германија на уште една сезона преда да се врати ама сега тоа е тоа, не е идеално ама не е ни лош трансфер.
1. Во право си дека на Комити како прво во нивни двор не им е чисто, а се оптеретуваат со други проблеми. Кога сме кај другите фанови, обичната публика, не можеш исто да ги гледаш оние што одеа редовно сите овие години и овие што видоа дека само Вардар остана во ракомет па ајде да бидеме во тренд, што е битно дали Вардар или Металург.

2. За групата јас го зборев тоа пред 2 месеци кога ги воведоа членските, ама со друг став беше тогаш.

3.Прибак има 30 години, како тоа нема ракомет во него не те разбирам? За споредба Наѓ има 34, Момир Илиќ има 33, Чема Родригез има 35, Ренато Сулиќ има 35, Филип Јиха има 32, Сигурдсон има 35, Цајц има 34, Гландорф има 32, Могесен има 32, Егерт има 32, Сван Хансен има 31, Лазаров има 34, Ентрериос има 34, Гарсија има 36, Карабатиќ има 30, Нодесбо има 34, Рутенка има 33, Сорендо има 30. Овие играчи лани играа Ф4 а не Лука Циндиќ. Ќе го изгубиме искуството кој што сака нека збори. Со деца не се освојува титули.

4. За Манасков не знам зошто филозофирате. Јас би рекол, било кој само не он. Што ако е млад што ако е перспективен? Што е он ќе прерасне во екстра играч па Вардар ќе зажали? Некој ќе му купне клаузула? Не! Ретко и кој плаќа оштета за играч... Крила леви има да ги ринеш со лопата. Втори крила па има со булдушер да ги ринеш.Не гледам каде на терен добиваме со новава аквизиција, а пак за историја подобро и да не збориме. Само си минусираат управава кај оние искрените навивачи, оние што и кога нив ќе ги нема ќе бидат во сала.
 
Пред пола саат во сопствена режија за Полска тргнаа 100 Комити , како што ми кажа другар од управа биле обезбедени само картите ,каде одите ние со вас сме напред Вардаре ....:)
 
1. Во право си дека на Комити како прво во нивни двор не им е чисто, а се оптеретуваат со други проблеми. Кога сме кај другите фанови, обичната публика, не можеш исто да ги гледаш оние што одеа редовно сите овие години и овие што видоа дека само Вардар остана во ракомет па ајде да бидеме во тренд, што е битно дали Вардар или Металург

Само за првава точка сакам да искоментирам, еве јас последниве 2-3 сезони константно си следам ракомет, кога можам одам на натпревари во сала, кога не на ТВ, ама немам пропуштено натпревар овие последни 3 сезони. Зошто мислиш дека е во тренд па заради тоа би одел? Искрено, додека Металург беше како што треба, а веќе не е, на сите ни е јасно, ги следев и нив, зошто ми беше убаво да гледам два Македонски клуба како напредуваат и имаат успеси во Европа. Како паѓаат гиганти во Скопје па било тоа од Вардар или Металург, заради тоа сум гледам ракомет.Секоја чест на верните навивачи и на едниот и другиот клуб, не сме ни блиску до нив, но не сметам дека идењето на натпревари во сала кога можам е тренд, можеби за некого..

Имаше и погоре некои прашања па зошто и сега не ги следиш Металург или зошто не одите на ФК Вардар, едноставни причини, зошто би следел нешто кое самиот газда го уништува и работи за лични профити (металург), да избркаш се што било подолго од тебе во самиот клуб и да купуваш,носиш нови некои си играчи кои не се ни приближно до тие што биле..
 
Аеродром Варшава Модлин.
18290_862469300486778_1849173602483778235_n.jpg


Настан се, од аеродромот објавија цела галерија од слетувањето на Вардар:aplauz: ретко која овдешна спортска екипа имала ист третман.Интересно летале со Монтенегро Ерлајнс...Русија - Монтенегро :D
 
https://instagram.com/marijalojanica/
адд ако имате акаунт додека не го затворила профилот. Скокањето на Дибиров некни 20 пати го репризирав :D бонус ја има и Тата како се растегнува :angel:

Ова е една од тие што не ги гледаме а имаат голем удел во формата на играчите. Ако не се лажам Лекиќ ја има донесено/препорачано. Сигурно лапа плата ко просечен ракометар али заслужено, се глеа дека во тој поглед (теретана, физиотерапевти, нутриционисти) работаат на највисок професионален стандард, особено за нашиве утепани услови.
 
Значи брат не зборам за комити . Зборам за општа публика. Секој ама буквално секој голем светски тим покрај навивачката група си и има и обични фанови. И тоа секогаш Обичната публика е многу побројна од навивачката група. Така да никој нема право на никого да му рече ти неможеш да навиваш за тој и тој клуб.[DOUBLEPOST=1426246035][/DOUBLEPOST]
Нема врска брат некој покасно почнува да следи спорт. Не може да ти попува ама никако ти не можеш да му забраниш еј ти неможеш да бидеш за вардар. Вардар полеку станува големо европски име...т.е веќе е во ракометот. Веќе кога станува големо име нормално е да се зголемува фан базата и голем број од нив да се обични фанови. Се разбира тие нема да се Комити ама сепак немаш право да кажеш ти неможеш да навиваш за вардар или нешто такво макар и да почнал да навива само пошо лигушов ќе дојде во вардар.
Не му забранувам ја на никого, ниту па можам. Но тие нови фанови една работа треба да знаат, а тоа е дека Вардар не постои од 2013 година! И поради тоа треба да имаат респект и познавање на неговата историја И доколку за нив како тазе фанови е сосем сеедно што Манасков доаѓа во Вардар, треба да имаат почит и разбирање спрема тие со подолг стаж и нивниот израз на негодување зашто истите на својата кожа ги осетиле оние понижувања и навреди на мајмунот кон клубот кој го носат во срце. Како што за секој навивач на Вардар, Ѕинго ќе биде педер, без разлика кога си почнал да го пратиш клубот. Ако не ја познаваш и цениш историјата на клубот, нема ни никогаш вистински да го сакаш и да го бодриш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom