Не ви била убава атмосферата, затоа што и врска немате што е добра атмосфера, без навреди

За мене добра атмосфера е кога подолго време се пее некоја песна, она што вие го викате фудбалско навивање. Бидејќи вчера не беше нешто којзнае колку напната утакмица, имавме можности подолго време да пееме некои подолги песни. На моментите кога беше потребен притисок, истиот и се направи, а во тие моменти се вклучуваше и целата сала.
Целата сала се приклучува на свирежи, на Ајде ајде ајде Вардаре, или па на некои песни каде што ќе можат да тропаат со рацете.
Комити се пред се фудбалска навивачка група, и НЕ СМЕ ПРИТИСОК НАВИВАЧИ, како што се некои групи кои навиваат само во сала во државава.
На пример Чкембари најчесто друг филм тераат и константно прават притисок со свирежи на противнички напади, ама па затоа после е тешко да се фати песна на твој напад.
Вчера бевме во помал број, затоа и е потешко да се тера некоја песна.
Затоа што додека ние пееме, остатокот од салата свири на противнички напад, и ако не ни е полн цел дел, нема шанси да се надвикаме со цела сала.
Друга работа беше што дебилите Словенски свиреа на вувузели и чукаа на тие тракатанците, што создаваат дебилска бука од која ти се одмилува животот.
Таков е дебилскиот начин на навивање во тие земји, каде што освен што се скандира од време на време името на клубот, цела геријатрија на трибина чука со дебилските кастањети и тропалки, што да се однесува до мене, би им ги начукал во гз, па нека свират колку сакаат

Атмосферата во Скопје ја сајаат сите, бидејќи баш е убаво да се игра пред некој што цело време навива.
Затоа и Унгарците рекоа, дека атмосферата била спортска-пријателска и дека сто пати подобро би играле пред ваква публика, отколку пред старци што трескаат со тропалки.
Е сега, каков ќе биде начинот на навивање, највеќе диктира самата утакмица.
И сами гледате дека кога на тимот не му оди, правиме притисок и ја креваме атмосферата на наши напади, па доста често се случуваат пресврти само по наша заслуга.
Ама такво навивање НЕ МОЖЕ да има цело време, ниту пак нашиот тим може да изигра цел натпревар во таква еуфорија.
Тоа се МОМЕНТИ од мечевите, кои вчера ги имаше три пати и траеа пократко, бидејќи баш во тие моменти се бараа тајм аути, а на другите мечеви траеа и подолго и беа побројни.
И вие баш со тоа сте оцениле дека не било добро навивањето.
За мене добро навивање е што имаше голема забава на трибината и што секој мускул од телово ме боли од скокањето.
Бројката беше лоша, но реално тоа и е нашата бројка, баталете ги другите што доаѓаат на поважни утакмици.
И нема да ви се скрши курот ако станете да навивате кога ве повикуваат со АЈДЕ ЦЕЛА САЛА.
Ако го сакаш клубот, НЕМА ПОТРЕБА НЕКОЈ ДА ТЕ МОЛИ ДА СТАНЕШ, ТУКУ САМ ЌЕ СКОКАШ НА СЕКОЈ ГОЛ.
Ама јебига, уште нема таква култура...
Затоа најубава атосфера ми е на СЕХА лига и на фудбал, колку и да е празно.