Фан клуб - РК Вардар

Многу драматизирате, 5 страни испишавте за навивањето... Секоја критика (нормално е ако е издржана) е добредојдена и е само начин за уште поголем напредок на групата и подобро издание следниот натпревар. Бројката ќе си се врати на свое, бар за ракомет сум сигурен, некако се запостави утакмицата со Целје поради прославата на ЛФ и мечот со Работнички, нема потреба од паника, навивањето беше океј, не беше толку лошо, веројатно лошата поставеност на трибина (едни на една страна други на друга, и дупките измеѓу) беа причина за нешто послабо навивање, во иднина подобро би било кога би биле вака слаба бројка да се групираме во една коцка а не вака раштркани во две, така навивањето и координацијата би биле многу подобри.
Околу неутралците, не се замарајте толку. Утакмицата со Целје превише се скандираше ајде цела сала и непотребно на моменти се прекинуваше песна за да се повика цела сала, иако случувањата на терен не бараа такво нешто. Едноставно ние треба да си фураме наше навивање, кога ќе се осети момент дека е потребен притисок и дека на Вардар му е потребна поголема помош ќе се премине на свирење на противнички напад и брзи певливи песни на наш како ајде ајде итн.. Ако на неутралците им се пее, нека пеат, не може да натерате некого со сила, ако си купил карта за неутрална. Самата атмосфера ќе ја подигне цела сала па и тие што не сакаат да станат ќе мораат во одредени моменти
 
П.С.

Да се надоврзам на муабетот на Ел Нињо за пропуштените утакмици на Македа.

Покрај последните две, Македа ја пропушти и третата утакмица за Нант во дербито на гости кај Данкерк :icon_mrgr:

Чудно не можев никаде да најдам информација дали е повреден или тивко веќе си ги пакува куферите за Скопје. :гик:

Утре Нант игра со тимот на Селестат дома, а ние од Скопје внимателно ќе ја следиме ситуацијата. :D
 
Нека одврзува кесето Самсоненко, бидејќи само со Душебаев на десен бек немаме никакви шанси да дојдеме до фајнл фор. Обавезно ни треба засилување на десен бек, па макар и Никола Митков да го донесат :P
 
Те ставиле модератор без елементарни познавања. Никола Митков беше фиде-мајстор, шахист. Влатко Митков е црепот кој го бараш. :нинџ:
 
Те ставиле модератор без елементарни познавања. Никола Митков беше фиде-мајстор, шахист. Влатко Митков е црепот кој го бараш. :нинџ:
Кај ти текна на шахистот бе :pos::pos::pos:
Ме потсети на времето кога следев дали шаховски клуб Кисела Вода ги добиле Алкалоид :D
Не сум се смешал со него, така ми дојде за дрвото, дека Никола се викал, ама грешка сум бил :D
 
Те ставиле модератор без елементарни познавања. Никола Митков беше фиде-мајстор, шахист. Влатко Митков е црепот кој го бараш. :нинџ:

Трема брат, први работни денови.
Не му замерувај :D
 
Те ставиле модератор без елементарни познавања. Никола Митков беше фиде-мајстор, шахист. Влатко Митков е црепот кој го бараш. :нинџ:
Чисто процедурално Никола Митков сеуште игра (мислам моментално во САД) и е велемајстор :)
 
Кај ти текна на шахистот бе :pos::pos::pos:
Ме потсети на времето кога следев дали шаховски клуб Кисела Вода ги добиле Алкалоид :D
Не сум се смешал со него, така ми дојде за дрвото, дека Никола се викал, ама грешка сум бил :D

Си ја глеав емисијата на МТВ (е водителот никако да ми текне како се викаше) за шах и го читав Македонски Спорт до последната страна на времето. :D

Инаку за десен бек, може со Левов да се проба. :D

Чисто процедурално Никола Митков сеуште игра (мислам моментално во САД) и е велемајстор :)

Ете, штета што сеа нема такво нешто на МТВ, па ни инфо за Карслен - Аннанд немаше. :)
А Спорт не купувам со години. :D
 
Си ја глеав емисијата на МТВ (е водителот никако да ми текне како се викаше) за шах и го читав Македонски Спорт до последната страна на времето. :D
И тој беше шахист, само пониско рангиран и играше во некој од клубовите. Мислам дека пред некое време беше и шампион на Македонија :D
Мислам дека се викаше Љубиша Андоновски :D
 
Ај до сега, се и сешто се вртеше на темава, ама од кога стана Сабјава модератор почнавме и за шах да збориме :coffee:

П.С. Слушнавте за Атанас Николовски? Нов кајак си купил :вонзем:

^ Смени го аватарот другар, вторпат мислам дека @Незапирливи 1903/87 трола нешто. :D

Јас сум, само со нов профил, мој клуб е наш клуб, не затоа што сум Комита :icon_mrgr:
 
ама уште не го дознав муабетот со срната :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom