Фан клуб - РК Вардар

А Зарабец,после вчерашната утакмица?

па ова можда и му беше еден од послабите од тоа што го гледав сезонава :D, со Медведи како ги вадеше од патики тоа беше невидено :D
Вчера добра утакмица во напад за Вардар но во одбрана се гледа дека фали Лацкович и Растворцев не е во форма. Во напад многу грешки да играа како што треба 7-8 гола разлика требаше да ги добие Вардар, Шишкарев се изнапромаши од крило а Алекс после повредава стварно игра многу слабо.
 
Гледам се коментира многу за атмосферата и навивањето и сите ги напаѓаат обичните гледачи, а не Комитите. Јас морам да кажам дека не се согласувам и тоа ме напна уште вчера за време на утакмицата дури бабине од Целје ми ги дупнуваа ушите.

Јас на секоја утакмица на која што одам, а има некакво значење (не е пријателска или егзибициона) одам за да се изнавикам и да извадам негативна енергија од мене, но најчесто на неутрална трибина, неколку пати само на запад Македонија кога играла фудбал, и неколку пати со Фемили.

Тоа што беше вчера, беше катастрофа од навивање. Како прво, пола трибина за Комити беше празна. Зошто е тоа така?! И они прибираат дали е битна утакмицата или не, или сега пола од нив и мажите ќе ги бојкотираат како што прават со женските? Или нешто трето? И 10 минути се пееше имаш вардар ти, верни комити...да, пола трибина.
Второ, повеќе беа посветени на тоа дека денес се игра фудбал и дека ЛФ имаат роденден, па ај сега сите ќе ги каниме, да се наполни стадионот, да биде јако и сл...Џабе, пак празно ќе биде на стадион денес, 80% од луѓето што одат на ракомет одат да гледаат спорт, не се будали да трошат време на мак фудбал. Другите 20% не одат таму кај што нема кој да ги види. Така да, кој они канеа на утакмица? Кога сме веќе тука, кого тоа убедуваа дека сите сме за Вардар и тоа неколку пати? Сигурно не беше полна салата со навивачи на Пелистер.
Трето, не знам како оди со организација на поголеми групи и како се договара што ќе се прави на утакмица, ама по мене не може да навиваш фудбалски на ракометна утакмица. Под фудбалски подразбирам пеење на песни без оглед на тоа шо се дешава на терен. И додека се слушаа тивки песни од едната страна, од другата се дереа Целје, Целје...Тука и е проблемот што сите го зборите, обичната публика ништо не правела, што очекувате, песните да ги пее? На ајдеајдеајдевардаре, на свирежи во одбрана и слично, сите можат да се вклучат пошто е едноставно и лесно и така и беше вчера секогаш и тоа без потреба да се повикува цела сала. Ама не очекувајте да пеат песни што пола не ги знаат, а пола не ги слушаат, пошто гостинските навивачи се погласни. Кога би се навивало како нив, едно во напад, друго во одбрана, во поголем дел од утакмицата цела публика би била вклучена и многу појако би звучело.

Што се однесува до натпреварот, катастрофа невидена. Мака ми е што Целје направи многу грешки и погоди многу стативи, да не беше така, да изгубевме, па шамари да летеа после утакмица. Поголема неозбилност немам видено, не смее екипа што сака да оди на Ф4 да игра колку за да победи, кога реално треба да победи барем 6-7 разлика. За Дибиров посебно, што ако дава по 7-8 гола на утакмица, кога има секогаш барем по 3-4 зицери утнато и тоа само ради тоа што се занесува. Кога ќе треба најмногу, ќе не кошта тоа.
 
Да е тоа е и проблемот вчера и тиа песни што ги знаат не ги пееа.
 
Е ок де што се нервираш,ова денеска атмосфера беше кажи ми искрено?никад не сум зборел за навивањето ама после ова денеска и те како ќе мрчам.Ако ајде се извинувам ако некого навредив,нормално е дека секој има право да иде у сала.и нормално е ја цела утакмица да ја поминам сотејчи и никој да не мрси за тоа .И нека ви текне дека не може сите да бидеме на трибина со комити,колку и да сакаме,едноставно толку е местото.[DOUBLEPOST=1417321550][/DOUBLEPOST]И да само уште една случка,пред влез две девојки се натегаат со џанадриве околу цигариве.Еднава и вика како ова не може ај ќе чекам баш да видам дали ќе им ги земат на другиве.Ако не ќе се бунам ќе ги пријавам ќе видат они иди бегај бе немој да ме јебеш :pos::pos::pos::pos:.
Не е нормално бе, затоа се поставени столчињата, ќе си земеш карта за стоење и таму ќе биде нормално да стоиш а ненормално да седиш, simple as that...

Не дека си ме навредил, јас доста утакмици сум стоел, некои 5 минути некои цели утакмици, али целите утакмици имало причина зашто се стоени, не ќе стојам со Борец саатипол кога знам дека ќе биде 15 разлика, или со Цеље се кршел резултатот а цела утакмица беше држ-недај, кршење на резултат беше она лани со Фленсбург пример, не ова денес со Цеље...
 
Многу го дрвите со Комити. Факт е дека групата е падната и тоа драстично од минатата сезона, за во минатото не ни сакам да праам споредба. Ама тоа е што е, они си знаат зашто и како.
 
Многу слаба утакмица. Ние дупки во одбрана они уште поголеми дупки, скоро цела утакмица ја игравме run'n'gun, што воопшто не ми се свиѓа. Прво полувреме беше 19-17, премногу голови паднаа на утакмицава. Ужасна одбрана, еден куп технички грешки, чисти зицери промашени поради курназење од Дибиров и Карачиќ, Шишкарев се изнаутиња шутеви, Филипче трупец недоделкан.

Утакмицава ја решија неколку фактори, неискуството на Целје, нивните слаби голмани, Тоскиќ и one and only Сергеј Горбок. Добро сме ги простудирале за во одбрана и ги работевме цело време преку пикер, незнам дали беше планирано али одличен џокер беше Горбок во второто полувреме. Е тоа е тоа што се бара од лев и десен бек, а не ко телиња да кружат на 10 метра од гол. Се бара да ја земе топката и меѓу рогови да му ја здрви на голман.

Одбраната незнам што да кажам.... слободна стрелба им дадовме на бековите на Целје на чело со Слишковиќ. Како само ни пробиваа на 6 метри, смешки невидени беше, на тренинг потешко е така да пробиеш.
Дури дојде до еден момент што ме изнервира до немај каде кога 4 акции по ред целјани вкрстуваат и нивни бек излегува небранет на среднина од 9 метри за слободен шут. Па пизда ви материна на што личеше тоа. Многу многу слабо во одбрана.
Да имаа расположен голман словенциве којзнае што ќе се случеше...

Нека ја нареди Самсоненко со Медведи и одлично ќе ни дојде паузава да се консолидираме малку.
 
Значи @Peja989 појде на ракомет и одма атмосверата падна а ентузијазмот спласна ... никој не пеел ... ?

Мислам очигледно е кој е виновникот, нели?

Ама....ама.. @Ilumious ми рече дека сум го оправдал местото на @Клипче :unsure:
 
^^^
:facepalm:
Сум отидел на натпревар, сум платил и сакам да гледам ракомет, да уживам у истиот и да прокоментирам некоја акција со другарче. Шо, гласни жици да вадам?

Преку тасета од таквите кои нон-стоп имаат да „кажат“ нешто за „останатата публика“. Сами не сте доволно гласни пошо имате постари луѓе и деца, па и женски на трибина. Па и она очајното каде шо само кај нас го има „ајде цела сала - ајде цела сала“. Оф.
 
^^^
:facepalm:
Сум отидел на натпревар, сум платил и сакам да гледам ракомет, да уживам у истиот и да прокоментирам некоја акција со другарче. Шо, гласни жици да вадам?

Преку тасета од таквите кои нон-стоп имаат да „кажат“ нешто за „останатата публика“. Сами не сте доволно гласни пошо имате постари луѓе и деца, па и женски на трибина. Па и она очајното каде шо само кај нас го има „ајде цела сала - ајде цела сала“. Оф.
ова у вип ложа го нема а не кај обичната публика
ако ти се праи муабет глдај ја негде у кафич или дома и коментирај си ги акциите
позз
 
Дибиров ЅВЕР :cuc:

п.с
гостин е на Алфа во моментов
 
Да е тоа е и проблемот вчера и тиа песни што ги знаат не ги пееа.
Тие што седеа блиску до гостинските навивачи не ни слушаа ко што треба што се пееше. Ние седевме поблиску до навивачите на Цеље. Ај што главата ми ја дупнаа со тоа вувузелите или што и да беа, правеа доволно бука ем да не се слуша убаво што пејат Комити, ем дури и обичен навивач како мене да почне да пее, ќе го измеша.

Јас ги знам поголемиот дел од песните на пример, ама пак морам да следам што се пее, не ги знам сите навивачки песни до точка и во овој случај кога овие од Цеље беа погласни, ми се направи каша-попара во глава.
Убаво рече некој погоре, кога има волку гласна навивачка група, подобро е да се прави притисок да се стишат со поедноставно пеење каде и тие што не се од Комити ќе може да се вклучат.

Кога Комити ја пееја химната, јас на моменти ништо не слушав, не знаев до каде се со пеење, затоа што овие се убија од трубење.

Вака ќе се почне со пеење, овие ќе почнат со тоа трубите глупи и обичните навивачи ќе се измешаат и ќе престанат. А кога се пееше Ајде ајде Вардаре, тогаш овие од Цеље беа надвикани и стишани. И тоа треба да се има предвид.

Не значи дека ако не ги знае сите песни од А до Ш, а не е во Комити дека не навива за Вардар или дека е позер. Обичните гледачи што не се во навивачка група немаат искуство големо со гостински навивачи (не зборам сеа на пример за Вардар-Металург) и не можат сите песни да ги пејат цело време.

Кога нема гостински навивачи во ваков број, полесно е и да се следат Комити во пеењето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom