Фан клуб - РК Вардар

Дали Брумен ќе паузира на следнава со Веспрем? Дали црвен картон по трето исклучување во последната минута е исто што и директен црвен картон во последна минута?
Не се паузира за црвен добиен поради три исклучувања, само за директен црвен.
 
- 10 години пак....

Се радуваа како да освоиле ЛШ копилињата, знаат сите што значи да победиш во Скопје
 
Само еден статус од една форумџика:
Во врска со натпреварот, можеме да заклучиме дека ни се деси класична "Е па чорба Македонче" ситуација. Ама класична... Штета.
Толку. Другото се е кажано.
 
Глава горе, само тоа можам да кажам после ваков натпревар. Овие момци не заслужуваат никакво пцуење, затоа што такви дебили слушнав во публика.
Па тоа се дебилите што добиле карти гага и што не знаат да набројат пет играчи од тимов, секој вистински навивач на Вардар може само да им се заблагодари за пожртвуваност на натпреваров. И ко што кажа, главата горе!
 
Овој пораз е само доказ на она што го зборат одговорните за клубот, дека треба да растеме како екипа. Многу од еуфорија веќе не направија шампиони.
 
да додадам и дека освен Лац, нашиве ракометари (сем крилата) треба на посебен режим да бидат да зацврстат :( како девојчиња да чуваа во одбрана, тие нас ни се бесеа.

криво ми е што сами ја шитнаме, но не е за вина ни Брумен ни Мумен. Здравје ајде...
 
Да не испадне дека солам памет и да не ме сфатите погрешно , ама зошто Дибиров не го шутираше пеналот ?
 
Да не испадне дека солам памет и да не ме сфатите погрешно , ама зошто Дибиров не го шутираше пеналот ?

А да го промашеше зашто Диборов го шутираше а не Брумен. Така да никој не знае што би било кога би било. Претходно Дибиров промаши, Брумен даде па ваљда затоа и Брумен повторно шутираше.
 
На толку утакмици сум бил на Вардар и на ракомет и на фудбал али никат вака мачно и криво не ми било...готова утакмица изгубија, нерешено у џеб минимум...
 
А да го промашеше зашто Диборов го шутираше а не Брумен. Така да никој не знае што би било кога би било. Претходно Дибиров промаши, Брумен даде па ваљда затоа и Брумен повторно шутираше.

Не ме сфати , не кажав дека Дибиров ќе го дадеше туку зошто не го шутираше.Сепак на крај ми одговори.Јебига момци и девојки жал ми е реален исход беше нерешено , се случи истиот налет на почеток на второ до 20та минута супер игра се разбрани и голманот арно ама од 25 до 30 немаше идеа во нападот и се чувствуваше притисокот.И луѓе што пцујат не се дојдени од љубов туку за успех и се освен победа за нив е разочарување како и за вас ама вие различно го доживувате и искажувате тоа.Глава горе пожртвувани беа сите до еден фалеше само да влезе пеналот за сеа тука да вриштевте.
 
Ни се деси Македонија-Данска абе копија све да му ебам:(.Ај ако ни е за утеха се надевам дека ни се потроши лошава среќа за годинава,и дека господ ќе ни врати за ова срање што ни се деси.И да Душебаев изигра лоша утакмица,и Брумен ја шитна,ама секој има право на лош ден.Инаку голем дел од публикава е:гомце:,па ок изгубиле изгубиле остани до крај дај подршка а не само ко тепаме.И сите тиа што викаа дечко седни на *** да ми седнат .
 
Се слагам со на Столе изјавата и мсилам дека е тука грешаката што лошо се отвори натпреварот.


Стојанче Стоилов (линиски играч)

Ова беше натпревар за прво место во групата кој несреќно го загубивме. Но ако се прашувам јас ние го загубивме мечот на почетокот, кога правевме грешки во нападот а тие успешно го казнуваа тоа. Сѐ уште го немаме загубено првото место, но ќе одиме по потешкиот пат
 
Да не испадне дека солам памет и да не ме сфатите погрешно , ама зошто Дибиров не го шутираше пеналот ?
Odlukata prvo beshe karacic da gi sutira ama pri prviot mu reche na Brumen da prevzeme i toa e toa.

Brumen prvo negoduvashe ama Karacic ne sakashe da sutira, najverojatno premoren beshe.
 
Штета за Вардар навистина..
Не го гледав најголемиот дел од првото полувреме,фатив само последен напад кога Карачиќ даде гол и намали на 2 разлика...
Во второ полувреме на старт се виде сосема друга игра,знаев дека ќе има проблеми Веспрем со таа одбрана на Вардар...
Ако не беше Шема немаа никаква идеја..едноставно дечкото на 34 години покажа која класа на играч е,мајсториште...
Како шо очекував,одеа многу преку пикерите,ако не се лажам двата пикери им беа без промашување....шо говори за фактот какви играчишта се,башка шо прават блокови,имаат соработка со средниот бек,едноставно таа е таа оска..
Посебно шо го немаше Ласло...
Како шо и реков мо мојата анализа(за собирање лајкови),без Ласло немаат решенија во напад,Илиќ не е таков шутер како Ласло...
Немаат офанзивни решенија како другите тимови,со неколку бекови кои ќе распалат од секоја позиција,играта на Веспрем е пред се кон внатрешната линија,кога не знаат шо со топката се осврнуваат на луцидноста на плејмкерите и пред се на силата на пикерите..
Вака добиваме мал милион мечеви,не е ништо ново ова за нив,многу се силни во завршниците...
Иако денес,рака на срце не заслужија да победат..
Голот на Столе беше чист како солза,ја исфрли топката пред да стапни на паркет со ногата,и мораше да го признаат голот..
Доказ колку динамичен спорт е ракомет,една судиска одлука и отиде мечот,иако веќе со едната рака си ја зграпчил победата..
Е сега шо го промаши Брумен пеналот,јебига,се случува...
Миклер покажа како шо и очекував дека е во голема форма и дека е класа голман...
Победата на Веспрем се должи на добрата одбрана,голманот,пикерите и Шема...
Илиќ иако беше најефикасен сепак не е јунак на мечот..
За Вардар,Карачиќ изигра страшен меч..
Но немаше подршка од левите бекови,нуту Горбок,ниту Лацковиќ не дадоа некој гол од далеку(барем од кога гледав јас)да ја разбијат малку таа агресивна зона,да тргнат и кон нив,да се отвори простор за другите...
Можеби ви фали еден помлад разбивач од таа страна,реално времето на Лац полеа е при крај(иако во одбрана е добар),а и Горбок не е некој константен играч да разбива со 10 голови по меч...
Ако е паметен Самс,и така има врски со Медведи,има едно младо бекче од Медведи,Деревен,е ова е класа лев бек,вистински топчија,слаб,висок,брз,техничар,на оваа екипа би се вклопил перфектно.
Сигурно го следат,иначе за дечкото допрва ќе се тепаат....
Пикерите ви изграа одлично..
Крилата имаа грешки,но во таа еуфорија и брканица грешките се секојдневие..
Штета за последниот напад шо заврши така,баш на укрстување во најнезгоден дел од теренот се изгуби топката..
Нема друго чаре во таква ситуација,освен да се прави одма фаул,зошто играчот оди во контра и има агол лесно да го претрча цел терен...
Иначе ако не згрешеа така тешко дека Веспрем ќе дадеше гол во последниот напад на поставена одбрана на Вардар.....
Тврд меч,очекував повеќе голови,но Веспрем доста добро ја простудирал играта на Вардар...
И без Наѓ покажаа дека се класа екипа...
Како и да е,Вардар покажа карактер,и изигра добар меч...
Шансите за висок пласман во групата се сеуште тука...
 
Болен пораз, психички те утепува. Да гризнам јазик, само да не паднат психички како лани после Флензбург.
Не е ништо загубено, имаат и те како шанси за второ место, само да ги добијат натпревари дома со Монпеље, Цељје и гости со Медведи, со Левен ќе можат и те како да се носат у Германија, башка што не ми се верува Левен све до крај да тепа на гости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom