Фан клуб - РК Вардар

Какво коцкање на резултатот, од пенал за 2+ и решавање на натпреварот на крај испадна да изгубат :mad:
 
Судијата нели требаше да даде 2 мин кога му поништи гол на Стоилов и даде 7 метри ?
 
жалосно ваква утакмица :oops:
Како ја сјеба судијата бе да му ебам се.
 
жалосно ваква утакмица :oops:
Како ја сјеба судијата бе да му ебам се.

Згреши судијата ама не му беше првпат, имаше најмалку 2 вакви ситуации и кај Веспрем.
Пеналџија фали во тимов..
 
Не проблем да победеа Унгарциве, кој да победеше ќе беше заслужено, ама начинов на кој што изгубивме е тежок дебилизам. Пред пеналот на Брумен се чинеше дека и нерешено имаме во најмала рака. Ама за минута и пол да примиш два гола е стварно неозбилно.
 
Ова никако не смееше да го дозволат... Добиен натпревар го губат за 60 секунди... Ах брумен и пенал утна и сјеба последен напад.... Налет и судии и се ама сам колку што можеш да си го начукаш никој друг не може...
 
Глава горе, само тоа можам да кажам после ваков натпревар. Овие момци не заслужуваат никакво пцуење, затоа што такви дебили слушнав во публика.
 
Тоа е ракометот :гик:

Ајде главата горе, подобро сега да загубиме отколку во нокаут фазата.
Можеби овој меч ни бепе и клучен за второ место, но сеуште ништо не е загубено, првото место и со и без овој пораз секако мислам дека ни беше нереална опција.
Многу фалеше Абутовиќ на овој меч. Реков ако не игра ни Растворцев, ќе биде пеколно тешко да победиме. Уште кога и Лацковиќ доби два пати по две минути, тука веќе останавме практично без трите дефанзивци.

Огромен проблем беше десната бековска позиција, се гледа дека имаа добра одбрана поставено над Душебаев, а богами и евидентно беше дека Алекс не е скроз опоравен од повредата. Очајно ни е потребно засилување на оваа позиција, ќе скине конци Алекс вака, па ќе загубиме на огромен временски период. Првите 2-3 технички грешки беа негови, а Унгарциве беа безгрешни во контрите.
Немавме одговор за Родригез и мислам дека тука најмногу фалеше Абутовиќ. Жими гзов, што ќе се шеташе така низ нашата одбрана, доколку го имавме Иле во одбрана.
Нилсен ни правеше многу проблеми истотака, горило да му ебам крвта...
Првите 15 минути бевме очај, а потоа конечно почнавме да играме нешто. Тоскиќ, ваков-таков одлично игра во напад, отвара простор, противниците не му обрнуваат многу внимание и добива топки кои максимално ги користи. Крилата си имаа солиден учинок со оглед на бројот на топките кои ги добиваа.
Убеден бев дека ќе ја свртиме утакмицата и дека ќе победиме, откако на истекот на полувремето го намаливме резултатот на два разлика.
Нашата грешка е што секогаш многу рано го задаваме крајниот удар, а потоа имаме слободен пад во играта, за на крај задолжително да ја изгубиме инфаркт завршницата. Во утакмиците во кои губиме цел меч, па правиме одличен кам-бек, на крајот СЕКОГАШ ГУБИМЕ за еден гол :гик:
Одново според мене главен виновник за пресвртот е публиката. Пеколна стана атмосферата во вториот дел, Штербик со неколку одбрани уште толку ја напали, па во тој вулкан, никој нема шанси. Карачиќ утна контра за израмнување, па Унгарците одново отидоа на плус два, за потоа не само што израмнивме, туку и преку Дибиров дојдовме до водство. Се сруши салата во тој момент :нинџ:
Цела сала скока и пее, алелуја научија некоја песна од Комити :icon_mrgr:
Дојдовме и на плус два, за како и секогаш да паднеме.
Секогаш иста случка, публиката почнува да свири до даска, со тоа ја прекинуваат песната на Комити, потоа примаме гол и веќе не може одново да се фати залет и до крај одвај се фаќа некој ритам, затоа што при секој противнички напад се прекинува песната од свирежите.
Тука застанаа и играчите. Ортега згреши што Нилсен долго време го чуваше на клупа во вториот дел и на негова сметка го играше Сулиќ. Откако го врати во игра, душата ни ја извади, одма даде гол, им правеше голем простор на нивните бекови итн...
Се стегнаа пак во одбрана и да не промашуваа толку во напад мислам дека немаше ни да имаме шанса да тепаме. Ја скршија стативата, освен во некои 15-тина минути од вториот дел во кои игравме добра одбрана, во другиот дел од мечот бевме трагедија.
Го свртеа мечот и веќе бевме пред пораз, бидејќи водеа +1 и имаа напад за +2. Но, тука се сврте среќата, Карачиќ украде топка, изнуди пенал и исклучување. Израмни Брумен, а потоа украдовме топка и Карачиќ одново го погоди противничкиот празен гол за неочекувано водство.
Се одбранивме уште еднаш, а потоа имавме 13 секунди за напад со играч повеќе на две минути до крај.
Раул побара тајм аут. Човеков има стварно лош тајминг за тајмаути според мене :нинџ:
Тајма аут требаше да побара уште кога победивме со 2 разлика, а потоа неколку напади по ред немавме идеја, додека гостите на наша среќа уткаа зицери. Не побара тајм аут во тие моменти, туку откако ни го свртеа резултатот.
Вториот тајм аут ваљда го побара за да смислиме брз напад и да реализираме дури имаме играч повеќе.
И добро беше смислен нападот, имавме два пикера, Душебаев спушти за Тоскиќ, ама му избега топката на Алем. Сепак тоа испадна и подобро за нас, бидејќи потоа одново направивме шанса и погодивме, но поради престап на Столе добивме само пенал...
И како и секогаш, се случи тоа што се случи :)
Уткаме пенал за победа на минута до крај, примаме брз гол, и бидна што бидна :)

Реков Брумен ќе ја реши утакмицава и погодив ебате :нинџ:
Одевме на долга акција, ама ни го прочитаа подавањето, ама сметам дека Брумен требаше многу порано да направи фаул, уште во моментот кога ја испушти топката. Сигурно немаше пенал да им даде, за фаул во нивна половина...
Ама не може да му се замери, него сигурно му е најтешко.

Не ми е криво за вакви порази, сепак дадоа се од себе и не може да се замери. Затоа и на крај беа испратени со песна.
Имавме неколку добри моменти, цепелини со играч помалце, сепак добро изигравме ако се занемарат првите 15-тина минути...

п.с. и Циндриќ и Атман беа на утакмицава... Како би ни дошол добро Циндриќ леле мори мајко, ама штета огромна што не би можеле уште одма да го искористиме.
Во тимов и Марсениќ мислам дека одлично ќе се снајде, ни фали таков пикер ала волов на Веспрем...
 
Ореолот на неосвоивост на тврдината Јане Сандански не траеше ни 10 натпревари :icon_mrgr:

Обично нејкам да се префрлам грешка на еден играч за цела изгубена утакмица али Брумен друже кој баксуз. Прво пеналот па изгубената топка...

За жал изгубивме добиена утакмица против многу силен противник. Со ова ги изгубивме шансите за прво место но битката за второто место допрва ќе се решава. Веспрем е за нијанса подобар противник од Рајн Некар посебно во делот на одбрана со што успеа да не остави и по 6-7 минути без постигнат гол. А унгарците ни играа без нивниот најдобар Лазло Наѓи.... Мада и Цајц добро го заменува.

На почетокот не смрзна Миклер со неколку одлични интервенции и после нашиве како да се плашеа да шутнат. Горбок никако да најде простор да се дигне и да шутне, Душебаев не вреди да се коментира, многу слаба партија имаше. Фер е да се каже дека и ние не одигравме на нивото како што изигравме против Рајн Некар, посебно во нападот. Премногу премногу премногу технички грешки, што против тим како Веспрем се недозволиви. Тука се виде и нашата најголема слабост годинава, а тоа е немањето на втор квалитетен десен бек. Кога беше тешко и ни недостигаше креативност немаше уште еден бек да внесе нешто ново и да го размрда нападот.

Штета, ќе беше одлично ако победевме оваа утакмица. Ќе задржевме добри шанси за прво место и големи шанси за второто. Вака сеа ако Рајн Некар го тепа Веспрем во Германија, ќе ни се намалат многу шансите за второто место.

Сега барем знаеме до каде сме и како стоиме со најдобрите во Европа. Идеме даље до нови победи.

Hájra Vardar! :D
 
Brumen go prodade natprevarot ama i Karacic nekako los pas mu dade..Se zalepi do nego pa mu podade..:(

Zeitz zmija :eek:
 
Брумен утна пенал, јебига.. ама не би го означил него ко кривец. Еве баш го погледнав пеналот на ЕХФ ТВ, одлично пуцаше, над главата на Миклер, ама му допре топката во рака и се одби од пречка. Реално, Алекс направи најмногу грешки од сите денес. Имаше еден куп зицери што ги промаши, имаше исто еден куп лоши пасови, особено на почетокот.

Во секој случај, игравме со еден од најсилните противници што игра во ЛШ. И игравме егал, факт е дека само нијанси го решија натпреварот. Одбраната денес беше повеќе од солидна, уште еден факт. Веспрем го задржавм на 24 голови, меѓутоа имавме долги периоди од натпреварот кога нападот ни беше тотално безидеен. Веројатно со Абутовиќ ќе бевме уште поцврсти, но и овака солидно ги задржавме нивните напади.

Ништо, останува само храбро да тргнеме на победа и таму, па што биде нека биде.

Дали Брумен ќе паузира на следнава со Веспрем? Дали црвен картон по трето исклучување во последната минута е исто што и директен црвен картон во последна минута?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom