Уште во почетните 3 минути реков дека утакмицава ќе биде реприза на она што ни се случи лани со Фленсбург и за жал погодив.Тргнавме премногу лошо на почетокот и играчиве играа во грч како они да се гости и да играат пред противничка публика.Во првите 3 напади 3 грешки во додавањата и 3 пати топката заврши во рацете на играчите на Веспрем кои што лесно реализираа од контрите.За жал 2 од тие 3 додавања беа од Душебаев и апла очигледно беше дека детево падна психички и играше со страв до крајот...буквално му се тресеа рацете.На таа позиција на десен бек МОРА да се донесе уште еден играч кој што е квалитетен и искусен + да може да игра и напад и одбрана.Големиот број на технички грешки си го направи своето и до крајот на првото полувреме пола од оние 13 голови на Веспрем беа по наша грешка.Од друга страна ние доста се мачевме во нападот посебно во првите 15 минути,но за среќа полека но сигурно се исправивме во тој дел од играта и стигнавме до 11 голови по првите 30 минути.Можеше и мораше да изиграме многу подобро,но Веспрем со една цврста и груба одбрана успеа да го пригуши нашиот напад кој што на моменти правеше и одлични акции иако општиот вечаток е дека игравме доста слабо и тешко во напад.Со исклучок на Карачиќ во напад Горбог,Лацковиќ и Душебаев денес беа чиста нула.Второто полувреме го почнавме доста подобро и реално бевме подобра екипа од Веспрем.Штербик скина неколку зицери кои што ја подигнаа на највисоко ниво атмосферата во салата,но нападот одново почна во грч.Додека да дојде тој гол за израмнување ми се чини дека поминаа 100 години.Еден напад пробивање,друг напад Карачиќ шутира од пола терен,трет напад Дибиров брза без врска и дава пас во аут итн.Но како што реков на почетокот...реприза од Фленсбург.Конечно падна и тој гол за израмнување и тука тргна возот.На унгарците им влезе вода во уши и почнаа целосно да се губат во пеколот.Направивме водство од 2 гола,цела сала на нозе урла за Вардар и кога се чинеше дека победата ја имаме во наши раце наеднаш штама на теренот.Буквално нашиве играчи немаа идеја како да стигнат до голот на Вепсрем.Можеби 2-3 напади во серија играчиве буквално се кочеа и наместо гол од изградена позиција гледавме некои безвеза шутеви кои не поминуваат ни во нашава лига.Како страв да ги фати од фактот дека ја имаат победата во раце.И покрај сето тоа на крај кога имавме +1 и имавме 1 напад и 1 пенал ние не успеавме да постигнеме гол.И покрај тоа ремито беше во џеб но не знам што се случи...уште не ми е јасно како можеше да ни се случи она што ни се случи.Буквално Фленсбург у пм...не користиме чиста шанса за победа и во последниот напад примаме гол од пенал.И со Фленсбург и сега останаа некои 5-6 секунди за нас,но тоа е време во кое што во ракометот тешко е набрзина од центар да тргнеш и да погодиш од 15м.На кого толку сме му згрешиле не знам,но знам дека вакви работи може само на Вардар да му се случат.Ваљда еднаш кога нас ќе ни гори под нозе среќата ќе застане на наша страна и ние ќе бидеме тие кои што ќе се радуваат во последната секунда.Искрено ептен ми е криво што одново губиме меч на ваков начин и се надевам дека до крајот ќе успееме да се избориме за тоа 2 место во групата бидејќи после поразов на домашен терен и нерешениот резултат кај Монпеље шансите за 1 место веќе не постојат.Единствено ако победиме во Унгарија кај Веспрем и во Германија кај РНЛ би имале реални шанси за прво место,но 2 победи кај екипите што се конкуренти за првите 2 позиции не верувам дека ќе оствариме (посебно Не за гостувањето во Унгарија).