Фан клуб - РК Вардар

Го земавме германскиот лав во скут и предеше како маче!!

Човече кој ритам го фаќаме сериозна е работава. Веќе не се смета сензација или изненадување ако идеме на фајнл фор.

Прво полувреме тврд ракомет се играше. Никако не успевавме да се одлепиме, а и германците феноменална одбрана изиграа. Тука Брумен мајсторот ја извади, човекот кога беше најпотребно го работеше Ландин.

Али кога им влеговме во второ полувреме. Силовање на суво, како германскине порничи со баварка и мрсен војник.

Мислам дека за некои 10 минути они дадоа само еден гол а ние си ги работевме во напад од секаде. Одбраната беше на феноменално ниво, едноставно ги решивме во поим таму каде што беа најсилни. Целосно затворен пикерот и крилата. На крај Гретски кога ја погоди пречката, човекот веќе дигна раце од немоќ :D

Сите изиграа како што треба со што многу сум среќен што Карачиќ најавува камбек на старата форма. Штербик ги измоча буквално. Ги откажа човекот.

Кога им ја набивавме разликата на почеток на второ, они почнаа да се губат и многу технички грешки направија.

Изгледа момците заборавија дека утакмицата се игра две полувремиња и мислеа дека ние ќе се откажеме. Али беа скршени веќе во првите десет минути.

Следен многу битен меч ни доаѓа веќе наредната недела во Монпелје. Тој меч и утакмицата со Веспрем дома ќе бидат клучни за тоа кое место ќе го фатиме. Ако ги лапнеме тие две и ако "фаворитиве" кикснат негде, може да испаднеме и на првото место.

Не требаше опуштање на крај, бидејќи тоа крваво што го добивме им дозволивме да го ублажат и им дадовме шанса да ни набијат подобра гол разлика во повратниот дуел. По мене требаше со +5 да си завршиме.

Се на се, одлично играме и мислам дека уште и ќе се подобруваме на некои места. Работиве најавуваат одлична сезона пред нас.
 
Монпеље го изнамачиле Веспрем, осеќам ќе биде тоа тврд натпревар, како тргнало ќе биде лудило групава со тоа што Вардар на сите ќе им ги замрси сметките:D
Сега ги видов сликите со паролите и кореографијата. :cuc:
 
За утакмицата и навивањето дека беше лудило пишавте сите, ја да пишам дека за враќање во петка беше исто лудило, Комитско лудило :cool:
 
Монпеље го изнамачиле Веспрем, осеќам ќе биде тоа тврд натпревар, како тргнало ќе биде лудило групава со тоа што Вардар на сите ќе им ги замрси сметките:D
Сега ги видов сликите со паролите и кореографијата. :cuc:
Веќе сме во ситуација друг да ги замрси сметките на Вардар, не Вардар да им ги мрси на другите :D
 
Луќе зарипнав нека си ибе матер се, на враќање ме запре полиција неможев да му зборам на џандарот и му текна шо е работата рече само терааааајјј :D
Страшен ВАРДАР СТРАШЕН!!!!
ВО оваа сала нема теорија да изгубием од некој, Комити секоја чест не се нормални али на крај тоа шалала АУФИДЕРЗЕЕЕЕНН :pos::pos::pos:

ОДИМЕ НА Ф4!
 
Не одиме нигде ние, Перо Момировски прееска во првото полувреме спомна дека Вардар ита кон Ф4. :facepalm:
А, Перо Момировски сака да му го пуштиме Вујо у гепек да го вози?
 
Да му ја изнаебам јас жена му на Перо и ништо повеќе!

Гази ги ВАРДАРЕ! :cuc:

Браво и за кореографијата и песната, ама ако! :cuc:
 
Најпрво да го тргнам исходот од натпреварот, ова беше најлошо организиран натпревар евер. Овој пат не само што не пуштаа да се паркира човек на паркингот, туку ја имаа блокирано и цела улица :pos: го прашувам еден цајкан најнормално, друже извини, на паркингот смеат посетители или само вип личности? Барем да знаеме. И ми вика „ааа доле има рампа и тоа е за ВИП да, ама од страна можеш.“ :eek: му викам добро друже значи дали може еве од тука кај што си влагаш секој ден нормален, дали може да се влезе? И тој пак истото :facepalm: со Клипче бев ми вика абе ај остај го толку и тој знае. :icon_mrgr:
Шипките на влез пак не работат. Таму па гужва што да ти кажам. Добри 5 минути едно време не пуштаа ни да ја поминеш контролата, премногу гужва се направи. И луѓево па, види на онлајн мапа на салата кај ти е картата и движи се натака, сигурно нема да се изгубиш. Па и прашуваат редари кој блок е ова, крени глава ќе видиш кој блок е. Иако сепак од оваа сала многу побрзо се излегува, не е како во Борис река народ, и луѓе, имате излез и од горе, не мора сите од главните влезови да се гужвате. Некој од најгоре кога ќе го видиш се симнува надоле за од главниот влез да искочи, мислам... :icon_mrgr: си имаш скали горе, само симни се.

Натпреваров беше :drk: На овие од ЕХФ мамето нивно. Цело полувреме не кочеа, глупости судеа, Швабиве ака најратоборен народ само се жалеа на нешто, подот, топката многу округла била :icon_lol: , па удари примале... кога губат се најплачко нација во цел свет. Супер си тргнавме со головите на Карачиќ (првите два ако добро памтам негови беа, се ми е како низ сон), потоа ни се вратија, имаше и Ландин некои добри одбрани но и чичковците во сино ги држеа. Брумен :cuc: партија живота беше ова. Карачиќ фала богу заличе повторно на ракометар, од Лацковиќ сум презадоволна, и пола од ова да даваше ќе бев ама за негови години дава вонсериски партии. Горбок ги изрешета втора полувреме, дури и Шишкарев си доби шанса која ја искористи. Експертите што беа над мене седнати ми ја потекоа долнава цело прво дека требало Вардар да го земат Шмит место Горбок али во второ им ја затна устата :D Башка тој едниот од друштвото ми делуваше малце на неарен со фиксацијата кон Ландин, нешто како Анчо со динчето. Цело време збореше, види го каков е личен, прав голман, види му ги нозене колкави му се , слаб е , види рефлекси :drk: :notworthy: За Алекс се излишни сите зборови, нека му даде Самс бланко чек нека си пише сам услови за нов договор, нека му ја дадат и Тата ако треба :) Тата, Суслина и жена му на Дибиров само ги снимале Комити, не можев да глеам јас дека над нив седам, прашање на време е кога ќе се качат на трибина со нив. За Штербик ака најлошиот трансфер на деценијата, дедо инкорпорејшн не ми се ни збори, срамота толку пари за толку преценет голман да се даваат :icon_lol:
За Дибиров и пеналите, луѓе тој цело време го оставаше Брумен да шутира, дури и кога беше на клупа го викаше, некогаш и Брумен му викаше шутирај ти. Воопшто не е поентата дека е себичен, туку кој како спремен се чувствува во моментот, веројатно така ги шутираат.

п.с. кога се кршеше резултатот цело време бевме станати тој дел кај мене и еден од позади ми вика седни, му викам ај бе не кур замарај, ми кажа мене зошто мислеше дека Клипче машко па ќе му пререче. До ваквиве ако читаат, ве молам, одете на кино, театар, синхонизирано пливање, балет нешто, ако веќе толку сакаат да одат на ракомет, имаат екран горе, цела утакмица иде таму и има реприза на потезите, стварно срамота е на други луѓе да викаат седни, не гледам.

п.п.с Лани ова време му реков на @beneamata , некој ден ќе ја најдам и ПП, само нека помине време, ќе видиш што ќе биде од Вардар :) Задоволен? :love:
 
повише смајлиња од сунѓерот боб и шумеча заедно си ставила:):):)
ма ако знаам што правам, само кликав во табот уште ми се тресат рацете, којзнае како ќе заспијам, што дочекавме од Вартдар :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom