Шалалаа ауфидерзеен ......

Лавовите ги претворивме во мачиња, ау какво второ полувреме, па и ние на трибина како играчиве најдобро грмевме во второ.
Искрено бев резервиран за дуелов очекував или реми или минимален пораз,
НО друга приказна на терен првото полувреме си помина изнедначено во играта според мене имаше неколку сомнителни одлуки на судииве, некои исклучувања мислам дека беа и претерани.
Душебаев малиот мислам дека мора да го потпишат одигра феномално, Карачиќ се враќа во фрома што е одлично, Дибиров единствено промашениот пенал инаку одличен, Брумен

секако да не го заборавам и Лацковиќ како и минатиот пат ќе се изнададе голови на поечток и после се заковува само во одбрана.Почетокото на второто полувреме го реши мечот, нашиве фуриозни, лавчињава се изгубија во црвено-црниот вулкан. Раул повторно ги изротира сите играчи плус се виде ги прочитал Швабиве како играат

И на овој меч се покажа дека Штербик е 70% од екипава нели дедо бил, онаков бил, ги затвори денеска швабиве
Браво за моќниов Вардар, се прави хемија во тимов меѓу "стариве" и "новиве" играчи се гледа тоа формата полека им оди во нагорна линија што ми дава верба дека овој тим може далеку да стигне.
Гази до крај црвено-црн титану!!!!