Веќе може да се каже дека сме голем тим.
Судиите вака, судиите онака, абе какво и да е судењето,
САМО ГАЗЕЊЕ
Како што кажав, ниедна екипа нема што да бара во Скопје и уште си стојам на зборот. Со Веспрем очекувам тесна утакмица, а Рајн Некар очекував и со повеќе разлика да ги добиеме.
На крај дури и разочарани искочивме од сала, сите сметаа дека беше неприфатливо ноншалантното однесување на крај

Еееееееј порано беше топ ако не изгубевме со двоцифрена разлика на домашен против Германска екипа, сега сме незадоволни што не сме ја демолирале целосно во моментов најдобрата германска екипа и во дадени моменти сме имале 7 разлика на терен

Се надевам само дека гол разликата во меѓусебниот дуел нема да биде некој клучен фактор за пласманот на првите две места.
Тоа што е наше е дома да добиеме се, и на гости обавезно да паднат Чеховски, Цеље и Монпеље.
Цеље го добивме, Чеховски ќе ги добиеме, за нас најбитни се мечевите кај Монпеље на гости и со Веспрем дома.
А потоа може да размислуваме и на второто, па зошто да не и на првото место во групата
Во првото полувреме знаев дека полошо од тоа не можеме да изиграме. Реално имавме слаб прв дел и добро е што бродот не тргна надолу после серијата 4-0 на Германците (на резултат 2-4).
Штербик фати некоја топка, во напад се разигравме, го свртивме резултатот и пак подзастанавме.
Од првиот дел бевме доста слаби во одбрана и доста лесно не пробиваа. Публиката доста пати се бунеше за судењето ама според мене си беа исправни повеќето одлуки. Може имаше некои ситни грешки, ама не за толкава узбуна

Дибиров се моли да престане да шутира пенали. Што беше таа егзибиција човече?

Што сакаше да направи?
Лац погоди еден шут во моменти кога имавме играч помалку и пасивен напад, ама сепак стојам на ставот дека Горбок е подобра опција за напад. И Растворцев беше во тимот на сметка на Лазаров, но не влезе во игра. Очекувам на следните мечеви полека да добива шанса.
Она што ни недостасуваше во претходните мечеви беше Карачиќ.
КОНЕЧНО!
Тој беше разликата денеска, одигра феноменален меч. Особено голот од зглобче при крајот од првиот дел ја крена публиката на нозе
Второ полувреме се знаеше дека нема каде да бегаат

Почнавме навивање со правење притисок врз противниците, ечеше салата. Топката им паѓаше од раце, а при нашите напади ечеше АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ

Тоа е рецептот на навивање за правење разлика или за пресвртници

Уште не се свестија, а Вардар веќе беше на +6-7 разлика.
Многу рано го направивме завршниот удар и веќе се знаеше дека Германците нема што да бараат.
Се разигра Душебаев, Горбок погоди некоја топка, Карачиќ распали и обавезно да не го заборавам Брумен кој денес беше феноменален, особено во првиот дел.
Мислам дека и Тоскиќ играше главна улога денес, особено во одбраната. а и Абутовиќ доста цврсто изигра во вториот дел.
Одбраната беше на ниво, со влегување на Шишкарев по малата повреда на Брумен, истотака скрати некоја топка во одбрана и Германците немаа многу опции.
Не успеавме целосно да го затвориме Петерсон, ама сепак играта по крила им ја затворивме до максимум, а богами и на пикер немаа некое решение.
Нашите напади беа доста течни, крилата влегуваа на пикер, добри асистенции и до пикерите, шутеви од далеку, влезови од бековите, едноставно се ни одеше од рака.
Германците ги испративме некако предвреме, во моментов кога цела сала грмеше
Шалалалалалалала АУФИДЕРЗЕН

Нашите играчи недопустливо се опуштија и при некои напади кога лежерно губевме топка само блееа во контрите на противникот.
Имавме играч повеќе, но сепак ни направија разлика 4-1 во последните 2-3 минути...
И тоа една контра ја акнаа во пречка.
Смешен ми беше Штербик кога се налути за една топка што не ја фати. Ќе ја скршеше стативата од нервоза

Одма има разлика кога имаш светски голман на гол, како само му ја фати една топка на нивниот пикер. Се расчепати со ногата, цел гол му го покри

Исто да напоменам дека бајаги пцуеа кога Шишкарев утна една контра, но сепак мора да се признае дека Ландин одлично му го затвори аголот, така да не е толку трагична утката.
Моќни сме да го ебам...
На трибините овојпат подобро издание од првиот меч, но сепак уште не сме влезени во форма. Имаше мал инцидент во првиот дел кој го наруши навивањето во тој дел од мечот...
Второ полувреме беше веќе она што се бара

Можам да кажам дека благодарение на нашето навивање се разбуди цела сала и се направи главниот притисок со кој нашите почнаа да газат, а противникот да се губи во салата.
Понатаму се продолжи со јако навивање се до крајот на мечот.
Нешто што мора да го напоменам е дека некако од нашиот тим влегоа малце во некој филм со тоа спикерите и музиката.
Музиката што ја пуштаат после секој меч или вмешувањето на спикерот, МНОГУ ни ја нарушуваат атмосферата, бидејќи ни ги сецкаат песните пошто разгласот е премногу гласен и не надвикува.
Не не оставаат практично да си навивме...
И на почеток замараат со снимени песни од Комити, и немаме услови за да си навиваме по наш терк...
Плус што има еден куп индијанци на трибина, што дошле да си гледаат ракомет, ама ќе се среди се со тек на време
п.с. интересно беше на крај играчите отпоздравија само со наша трибина, а на другите само им аплаудираа без да прават ОЛЕЕЕЕ

Си добија свирежи од трибините, и после тоа си направија ОЛЕЕЕ со сите три трибини. Убава беше глетката
