Секоја чест за дечкото,напишано од срце,вистински,искрено опишана модерната состојба како изгледа современиот
МАКЕДОНСКИ "НАВИВАЧ"......

Колку сме само лицемери како народ,то чудо нешто....
Кое помодарство стана баш сега да се "навива" за нашите тимови,зошто?зошто се пласирале во самата завршница на ЛШ...
Па се бара карта повеќе,"подршка" од сите градови,истите тие кои до вчера плукале во Вардар и Металург, сега се тепаат за да најдат карта и да бидат еден од 7000 среќници кои ќе се чекираат од БТ да се пофалат дека се присутни на натпреварот,ќе прават селфи,ќе пишуваат статуси секоја минута за да се соберат некој лајк,колку жално и патетично.

....од нив барем 1/4 глава сечам дека немаат ни 10 ракометни натпревари гледано во живо...
Подршка од Битола,од Охрид,од Струмица,од Куманово...ма немој да ме јебеш,не е ова Звезда и Делије со сите свои подгрупи во секое селце во Србија....

Разбирам некој шо си го сака Вардар од другите градови,шо години одат да навиваат за Вардар,ама ваква мобилизација е смешна....

Се прават од пуста желба да бидат видени,да бидат
ИН ,да бидат шемаџии...
Гледам на последните преноси на Алфа на мечот со Колдинг мислам беше,луѓе од Битола(кои живеат во Скопје)кои заборавиле кај е салата во Битола,сега седнати на прв ред одма до тренерите и глумат навивачи,фрчат статуси на ФБ,ајде Металург,браво "наши"....

каде бе?
Е сега заради вакви индијанци од цела Македонија ќе нема место за некој шо навистина си го сака клубот,а не е спремен да плати да речиме 2000,3000,4000 карта за Фленсбург(колку шо ќе одат на црно картите)....
И ако губи тимот,штама,никаде ги нема...ако водат ќе штракаат и ќе пукаат статуси на социјлните мрежи.......
Видовме каква подршка има Вардар со ХСВ дома кога не беа Комити во сала....
Колку сме само назад,за жалење сме дефинитивно..се е само тренд,шема која кратко трае...
Затоа каша попара е се кога се работи за навивањето,денес ова ти се ФБ навивачи,кои живеат за да објават статус,да се чекираат,да тагнат некого....со огромна чест на исклучоците,малцинство се,ама постојат,за среќа...