Фан клуб - РК Вардар

Обично кога еден клуб прави трансфер, тоа го прави за да стане појак. Ја не гледам каде со овој трансфер Вардар ќе стане појак или дека Лацковиќ ќе понуди нешто што Горбок, Растворцев и Лазаров не може да понудат.

Ќе се мачиме на оваа позиција и идна сезона како што тргнала работава, посебно ако Горбок е во лоша форма.
 
Ако Лацковиќ го зедоа, претходно и Горбок, Растворцев кај и да е ќе се опорави, значи некој ќе лета..а се ми се чини дека тоа ќе биде Филип Лазаров..
 
Ако Лацковиќ го зедоа, претходно и Горбок, Растворцев кај и да е ќе се опорави, значи некој ќе лета..а се ми се чини дека тоа ќе биде Филип Лазаров..
Фичо е најсигурен од сите поради повеќе причини: Македонец, капитен, почнува да созрева во играта и (колку и самиот да го мрзи ова) влијанието од презимето кое го носи.
 
Фичо ќе остане како мамка за бате за идното лето!
 
Козлина си иде, значи Раствортцев ќе игра само одбрана. Годинава имавме дефицит на лев бек само Филип беше офанзивен, и од другите опции што покриваа Прибак и Карачич никој не можеше да изврши задача во два правци. И Блаженко и Горбок се играчи што солидно играат во два правци. Вардар си ја сфаќа работата како што треба. Во модерниот ракомет треба да понудиш повеќе опции, овој состав на вардар е кадарен за тоа.
 
За цената на картите релевантни сте да дискутирате само доколку имате утакмици колку дечките што се редовни на уткамиците. Не ја коментирам цената само што му се зпнавте на дечкото ;)

Аман бе ти со тие навивачи и редовност, се однесуваш како да спиеш на трибина. Кој сака нека си дискутира за цената, што има врска тоа со редовноста на утакмиците
 
На времето Лацковиќ беше меѓу најдобрите леви бекови во светот..
Страшен шут,висок скок со задршка(нешто како Пепи на времето)но повредите го уназадија да напредува уште повеќе..
Иако направи импресивна кариера,ЛШ со ХСВ,ЛШ со Фленсбург,КПК со Фленсбург.,титула во Германија со Фленсбург,финале на ЛШ со Фленсбург...
Хрватска со него и без него беше друга селекција,големи малери му се случуваа,пропушти многу првенства,на последните две најверојатно влезе во кавга со Голужа и беше изоставен,видовме колку фалеше...
Добар избор во секој случај,со Горбок ќе бидат добар тандем,Фичо Лазаров ќе го чуваат да шутира пенали(ако промашат пред него Дибиров и Карачиќ):pos:
Како и да е,добра ротација на лев бек..
Растворчев според мене ви е клучен играч во одбрана,убедливо најдобар дефанзивец(со Абутовиќ секако),сега откако замина Козлина е повеќе од неопходен.....
На лев бек ви беа неопходни играчи,сега ви треба еден екстра десен бек,реално Душебаев не е за прва постава,тој треба да влегува по 20 ина минути и да користи свежина и да е џокер од клупата....
Марковиќ е на лагер,не знам Шелменко дали потпиша некаде,ова се двајца изразити шутери кои доста фалат во екипата...
Е сега за другите позиции ќе ви бидат вишок нови играчи,освен да речиме еве Штербик ќе го донесат,тогаш ќе мора да лета Малумбрес а можеби и еден од Милиќ или Диви...
Ама прашање е колку е Штербик онај Штербик од времето,сепак дечкото има 35 години,додуша не е толку стар за голман,со оглед дека Диви има 37...:)
Малку чудна тактика на Гонзалес,со тројца голмани на клупа,а со само едно лево крило(со недоволно опоравен Дибиров)....
Како и да е,интересен преоден рок,сигурно многу од слободните агенти ќе сакаат во Вардар....
 
Ова ќе испадне полош трансфер и од Растворцев. Лац има 33, сјебан е од повреди на повеќе места, ја нема веќе експлозивноста, му ѕвони шутот а и во одбрана е полош од погоре споменатиот. И најважно, ултра спор е за во брзиот систем на Раул. Ја сум сигурен дека Раул би одбрал некој друг место него, ако тој бира, но трансферот бил договорен по ланските стандарди - слободен играч, ѕвезда во залез, земај! Доволно беше Горбок за таму, требаше да запнат за десен бек...
 
Ех сега и ти,не е сигурно поспор од Фичо...:icon_lol:
И напад со Прибак на лев бек не е вистиски напад,Прибак треба да си се врати на среден бек како back up на Карачиќ,таа е играта...
Само да е фит Лацковиќ со повредите јас мислам дека ќе брка голема работа,не е за фрлање,е сега не е како на времето,ама сеуште е класа играч.....
Горбок од друга страна е потежок,со далеку полоша техника од Лацковиќ....
Според мене ќе бидат добар тандем...
 
Со оглед на тоа што Филип Лазаров игра во подобра форма од сите леви бекови- Горбок (кој го одмара Ду Риц на 5-10 минути), Растворцев (која знае што се случува со него?) и Лацковиќ (кој е замена за неговиот врсник Хенс ), не гледам какво офанзивно засилување би бил последниов, па и сите заедно. За очекување е подобра игра на Горбок, но за другиве сум мнооооогу скептичен. Како што кажа Ел Нињо, трансеферот е несомнено по ланските критериуми .

@Tomasino мала исправка - Флензбург никогаш нема освоено ЛШ, по реформацијата...
 
Абе види сеа се заебаваме со Фичо, ама всушност не е спор во поглед на работа со нозе, брзо размилсување на терен (всушност ова, високото ракометно IQ, му е најдобрата карактеристика), вкстрување... Он е спор у поглед на кревање и на шут, а моменталниот Лацковиќ не е ништо подобар.

Секако дека моменталниов напад не е комплетен со двајца средни бекови во исто време, беше нужен лев бек шутер, затоа и ова го зборам за догодишниот состав, со Горбок во него.

Максимумот од Лацковиќ >>>>> Максимумот од Горбок, без никаков сомнеж. Ама муабетот е дека нема да видиме не максимум, туку ни пола од Лацковиќ од минатото. Тоа е тоа, од него ќе бидат очекувањата големи, а не верувам дека ќе ги исполни.
 
Со оглед на тоа што Филип Лазаров игра во подобра форма од сите леви бекови- Горбок (кој го одмара Ду Риц на 5-10 минути), Растворцев (која знае што се случува со него?) и Лацковиќ (кој е замена за неговиот врсник Хенс ), не гледам какво офанзивно засилување би бил последниов, па и сите заедно. За очекување е подобра игра на Горбок, но за другиве сум мнооооогу скептичен. Како што кажа Ел Нињо, трансеферот е несомнено по ланските критериуми .

@Tomasino мала исправка - Флензбург никогаш нема освоено ЛШ, по реформацијата...
Грешка сум,сега проверив,се мислев дека 2007 со Кил освоија..:confused:
 
.

Максимумот од Лацковиќ >>>>> Максимумот од Горбок

Некогаш можеби, ама сега мислам дека Максимумот на Горбок би бил особено во наподаот поголем од оној на Лацковиќ. Се разбира го имам пред вид оној Горбок од лани во Ч. Медведи, каде беше главен шутер во екипата. Оваа година не е ни 25 % од тоа. Може и ова му е многу бидејќи речиси и да не игра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom