Фан клуб - РК Вардар

Извинете што ќе ја нарушам еуфоричната атмосфера, ама морав да го постирам ова за да се види каква гнида од народ сме. Ок, не сите ама ваквите. Знаев дека ова ќе се случи и баш сакав да пишам тука чекајте на Пазар3 карти кога беше фрката со картите, ама викам нема смисла

http://sportmedia.mk/bilet-na-tsrno-za-mechot-vardar-flensburg-chini-2-000-denari-foto/
 
Ќути ги читам и се чудам како после себе си се сметав дека многу сум параноја за заговори при судење.Веспрем цели анализи кој судија од каде бил и кoи биле сите можни игри за они да бидат заебани ( а тепаа во Париз со 2 ).Германциве плачат дека еве и во ракомет влегувале пари на богаташи и како не било финтата да купиш тим само. А Вардар 100% има барем дупло помал буџет.
Искрено не сум некој експерт, онака лаик сум, да не речам само љубител, ама јас до сега што имам гледано ракомет, секогаш германски тим или нивната репрезентација плаче за нешто, а тие се тие кои се фаворизирани најчесто од судии (не против нас, општо). Плачковци, имаше една многу добра анализа на balkan-handball - доста веќе Скандинавците и Германците пробуваат да направат приватна европска лига само за нив, нешто во стил сакаат да направат ракометна Европска Унија и донекаде и јас лично се согласувам донекаде. Еве нели и на Барселона и поништија исто гол, пошто бил даден откога судијата свирнал, сега читам ќе се жалеле, ама не направија таква драма. Ќе си се жалат и тоа е тоа. Овие се убиваат од плачење уште непочнати. Во ракомет влегувале пари на богаташи, они кутрите за леб, патики и дресови немаат, дај да им донираме...:pos:

Параноја ,сега чекам во сабота да им се пее Фленсбург ауфидезен.
Уф ова како ќе легне за пеење, со душа чекам да го чујам како ечи во Борис...:love::icon_mrgr:
Германскиот јазик не е милозвучен, ама ова ауфидерзен, онака легнува ептен убаво...:icon_mrgr:

Извинете што ќе ја нарушам еуфоричната атмосфера, ама морав да го постирам ова за да се види каква гнида од народ сме. Ок, не сите ама ваквите. Знаев дека ова ќе се случи и баш сакав да пишам тука чекајте на Пазар3 карти кога беше фрката со картите, ама викам нема смисла

http://sportmedia.mk/bilet-na-tsrno-za-mechot-vardar-flensburg-chini-2-000-denari-foto/
Кога се деси целата фрка одма ова го искоментирав. Многу ме нервираат вакви ситни души и ситни профитери. Не дека ќе заработат нешто, туку ете пуста алчност за 200 денари ќар (ако биде и толку). Пу јаз'к.
 
Извинете што ќе ја нарушам еуфоричната атмосфера, ама морав да го постирам ова за да се види каква гнида од народ сме. Ок, не сите ама ваквите. Знаев дека ова ќе се случи и баш сакав да пишам тука чекајте на Пазар3 карти кога беше фрката со картите, ама викам нема смисла

http://sportmedia.mk/bilet-na-tsrno-za-mechot-vardar-flensburg-chini-2-000-denari-foto/

Реално, не е до нас како народ, ова се дешава сегде..
 
Извинете што ќе ја нарушам еуфоричната атмосфера, ама морав да го постирам ова за да се види каква гнида од народ сме. Ок, не сите ама ваквите. Знаев дека ова ќе се случи и баш сакав да пишам тука чекајте на Пазар3 карти кога беше фрката со картите, ама викам нема смисла

http://sportmedia.mk/bilet-na-tsrno-za-mechot-vardar-flensburg-chini-2-000-denari-foto/

Нажалост штом една ФИФА и УЕФА неможе да го спречат ова, не верувам дека и ние можеме.

Единствено што може да се направи е полиција да реагира на вакви огласи од отворен тип.

Исто така од идната сезона не би било лошо да се спроведе лимит на 5 карти по човек/ ип адреса...
 
Во Англија е на минимум сведено ова. Затворски казни има за touters кои ги ловат вака по огласи, дали пред стадиони и сали и дури и за сопственици на форуми ако има такви дискусии.

Гледам едни двајца полтрони шиткаат може 20 карти по луди цени, им реков и на нив, се надевам од тешка болест ќе патите како карма за сево ова, барем шиткајте ги по реална продажна цена. Разбирам нешто итно да ти искочи и да не можеш да дојдеш ама да правиш вакви пари...
 
И на крај ќе видиш празни места бе нц нц нц

Никогаш не би продавал карти по повисока цена бе ама ете некои тоа го гледаат ко можност за висок профит. Фацата нивна!
 
Јас искрено да ми се случи некаде да не можам да одам, ќе се јавам на некој што знам дека сака да оди и ќе му ја дадам картата онака. Не ми ни паѓа на памет да заработувам. Мене би ми било срам, посебно што знам дека нема ни да заработат нешто многу, туку нешто ситно. Човекова алчност ненаситна. Страшно.
 
За споредба, знам дека во САД, многумина купуваат сезонски влезници за големите лиги (НФЛ, НБА, МЛБ, НХЛ) иако немаат намера да одат на сите натпревари. На оние на кои немаат намера да одат или ги подаруваат на блиски или ги продаваат за цена колку што вреди еден натпревар. Чест случај е и повеќе луѓе заедно да купат сезонска карта и да си ги поделат натпреварите на кои ќе одат (зависно од можностите, зафатеноста и слично).
 
Во Англија е на минимум сведено ова. Затворски казни има за touters кои ги ловат вака по огласи, дали пред стадиони и сали и дури и за сопственици на форуми ако има такви дискусии.

Гледам едни двајца полтрони шиткаат може 20 карти по луди цени, им реков и на нив, се надевам од тешка болест ќе патите како карма за сево ова, барем шиткајте ги по реална продажна цена. Разбирам нешто итно да ти искочи и да не можеш да дојдеш ама да правиш вакви пари...

eden drugar moj prodava taka... 20 karti ima zemeno ali toa e biznis jbg :)
 
Tricky result :D

Резултатот со кој сите опции остануваат отворени.
За Германските екипи не постои домашен и гостински терен, воглавно секаде играат исто.
Но да се гостува во Скопје е нешто сосема поразлично :)
Да се навратиме на ланската сезона. Тогаш загубивме во Магдебург со 3 разлика и мислевме дека лесно ќе ги добиеме во Скопје.
Невидена атмосфера имаше во Кале, го имавме мечот на тацна, но утнавме зицер по кој примивме гол од 10 метри со играч повеќе и отпаднавме. Тогаш голманите немаа ни 5 одбрани севкупно.
Фленсбург искрено не ми изгледа многу поразличен од Магдебург. Нормално, имаат за нијанса појаки играчи, особено на крилните позиции, но битно е да се нагласи дека и Вардар не е истиот од лани.
Денеска игравме практично без Дибиров и Душебаев.
Огромен малер беа повредите на Петриќ и евентуалната на Марковиќ? Ништо не јавија за Добривоје, кога се повредил?
Мислам дека против Металург Јуниор неколку пати му стартуваа остро, но немаше никакви најави дека е повреден.
Вардар игра подобра одбрана со Марковиќ тоа е факт. Дибиров денес беше очаен на сите полиња, и мислам дека во Скопје ќе покаже што знае.
Не може играч како него вечно да промашува. Со Загреб исто беше очај, ама со Брест Мешков даде 12 голови. Да се надеваме на исто издание и сега :D
Душебаев е невидлив во одбра,а и многу се троши кога игра напред назад. Денес неколку пати немаше среќа при шутевите, и доста остро му одеа, но скор од 1/8 е доста разочарувачки. Но, немавме играч за ротација и тоа е тоа...
Практично со 4 напаѓачки бека бевме, Лазаров, Прибак, Карачиќ и Алекс.
Карачиќ со одлична партија. Кога игра Игор, му оди и на цел тим. Он е бекот од кого зависи највеќе...
Тоскиќ со маестрална партија. Три дреса му скинаа човече :confused:
Судијата претера со пробивањата, и со престапите, па не е можно толку престапи и пробивања да имавме...
Судиска грешка беше и враќаето во напад на Фленс во случај кога Дибиров ја врати топката, како и исклучувањето на Абутовиќ, а поништените голови беа нивна лоша проценка... Ја сецкаа играта, не даваа предност во играта, но сепак таков им беше критериумот за двете екипи.
Грешка беше што потоа ја дигаше раката по неколку секунди...
Истотака не ни даде пенал по еден пробив на Карачиќ. Се знае, тогаш чекаш да шутне, ако утне играчот судиш пенал, пошто шутнал под фаул...
Можевме и полошо судење да имаме, така да не се жалам :icon_mrgr::icon_mrgr:
Пеналите ни се страшен проблем...
Сите шутери утнаа по еден, а јас се сложувам со некој погоре дека Карачиќ е најдобар шутер во екипата. Ако ништо друго бар за пенали треба да го има Бутин во екипата :)
Диви денеска со Тоскиќ и Карачиќ е играч а мечот.
Како почна со 1 одбрана во 10 минути, реков отидовме курбан.
Ама после како си ги потфати, особено два-три зицери на Егерт :cuc:
Статуа за Дивиот :cuc:
Само уште едно вакво издание во Скопје и одиме на фајнл фор.
Фленсбург не ме воодушеви многу со играта. Едино многу се брзи и неколку наврати не успеавме да се комплетираме, но ние имавме голем проблем бидејќи ни фалеа играчи за ротација.
Во Скопје ако се вратат и Марковиќ и Петриќ, ќе биде друга приказна...
Мечот го загубивме кога при 2 разлика, дадовме гол кој го поништија ради престап :вонзем:
После не наполнија и ми дојде да се отрујам ако го загубевме мечот со поголема разлика, сосема незаслужено.
Клучен момент беше одбраната на Диви при четири разлика, кога му фати зицер на некој од играчите на Фленс.
Тука ако погодеа, ќе беше дебакл...
Поразот од два разлика, на крај е одличен резултат пошто како го финиширавме мечот, да имашѓе уште 10 минути, 10 ќе загубевме :D
Среќа голема што не ја поебавме последната акција, мислам дека 3 разлика ќе беше веќе страшен резултат.

Ех бееее, порано се плашевме да не изгубиме 20+ во Германија, сега не сме задоволни со пораз од два ралика и реални шанси за Ф4 :D
Што направивме луѓе, на чекор сме на фајнл фор. Нема спиење до сабота, а во сабота... :vozbud::vozbud::vozbud:
Спремајте тенџерињата да им тропаме под прозори на Швабиве, нема спиење за нив :D

Инаку голема 10-ка за момците кои отпатуваа во Скопје. :drk:Играње како на домашен терен на моменти, а тоа многу им значи на ракометарите. Позитивна оценка и за домаќините што немаа типична публика што штрака на тоа дебилните справи...

EDIT: Забораив да го спомнам Брумен кој исто имаше перфектна партија :cuc:
Сакам за ова да подискутираме. Дали постои можност ова да го направиме, односно да се организираат комити (обавезно и јас доаѓам) и вечерта пред натпреварот да ги замараме со тапани и све остало ..
 
Ако донесе државава закон и за ваквите препродавачи, ситни профитери ќе биде после „ееее и за ова закон, човек да не може денар да заработи“.

Данок ваму, казна за ова, затвор за она!
 
Се надевам дека едно другарче што е во Комити ќе успее да ми обезбеди карта за во сабота. До сега не одев на ниту една средба, а тоа го практикувам уште од пред 3-4 години, кога на МЗТ-Работнички ќе ме погодеа со столче, а ја седев со татко ми и брат ми во неутралци. Али сега сакам да направам исклучок и да одам на лице место да ги бодрам момциве кои заслужуваат да одат на завршниот турнир во Келн. Колку би било прејако да елиминираме два германски претставника по ред, мислам дека никој ни во лудило не го замислуваше ова. Во случај да не обезбедам карта сакам сите што ја читате темава и што ќе одите во Борис да навивате дупло повеќе отколку што се вашите можности, нормално за да го надокнадите моето отсуство. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom