Tricky result
Резултатот со кој сите опции остануваат отворени.
За Германските екипи не постои домашен и гостински терен, воглавно секаде играат исто.
Но да се гостува во Скопје е нешто сосема поразлично

Да се навратиме на ланската сезона. Тогаш загубивме во Магдебург со 3 разлика и мислевме дека лесно ќе ги добиеме во Скопје.
Невидена атмосфера имаше во Кале, го имавме мечот на тацна, но утнавме зицер по кој примивме гол од 10 метри со играч повеќе и отпаднавме. Тогаш голманите немаа ни 5 одбрани севкупно.
Фленсбург искрено не ми изгледа многу поразличен од Магдебург. Нормално, имаат за нијанса појаки играчи, особено на крилните позиции, но битно е да се нагласи дека и Вардар не е истиот од лани.
Денеска игравме практично без Дибиров и Душебаев.
Огромен малер беа повредите на Петриќ и евентуалната на Марковиќ? Ништо не јавија за Добривоје, кога се повредил?
Мислам дека против Металург Јуниор неколку пати му стартуваа остро, но немаше никакви најави дека е повреден.
Вардар игра подобра одбрана со Марковиќ тоа е факт. Дибиров денес беше очаен на сите полиња, и мислам дека во Скопје ќе покаже што знае.
Не може играч како него вечно да промашува. Со Загреб исто беше очај, ама со Брест Мешков даде 12 голови. Да се надеваме на исто издание и сега

Душебаев е невидлив во одбра,а и многу се троши кога игра напред назад. Денес неколку пати немаше среќа при шутевите, и доста остро му одеа, но скор од 1/8 е доста разочарувачки. Но, немавме играч за ротација и тоа е тоа...
Практично со 4 напаѓачки бека бевме, Лазаров, Прибак, Карачиќ и Алекс.
Карачиќ со одлична партија. Кога игра Игор, му оди и на цел тим. Он е бекот од кого зависи највеќе...
Тоскиќ со маестрална партија. Три дреса му скинаа човече

Судијата претера со пробивањата, и со престапите, па не е можно толку престапи и пробивања да имавме...
Судиска грешка беше и враќаето во напад на Фленс во случај кога Дибиров ја врати топката, како и исклучувањето на Абутовиќ, а поништените голови беа нивна лоша проценка... Ја сецкаа играта, не даваа предност во играта, но сепак таков им беше критериумот за двете екипи.
Грешка беше што потоа ја дигаше раката по неколку секунди...
Истотака не ни даде пенал по еден пробив на Карачиќ. Се знае, тогаш чекаш да шутне, ако утне играчот судиш пенал, пошто шутнал под фаул...
Можевме и полошо судење да имаме, така да не се жалам


Пеналите ни се страшен проблем...
Сите шутери утнаа по еден, а јас се сложувам со некој погоре дека Карачиќ е најдобар шутер во екипата. Ако ништо друго бар за пенали треба да го има Бутин во екипата

Диви денеска со Тоскиќ и Карачиќ е играч а мечот.
Како почна со 1 одбрана во 10 минути, реков отидовме курбан.
Ама после како си ги потфати, особено два-три зицери на Егерт

Статуа за Дивиот

Само уште едно вакво издание во Скопје и одиме на фајнл фор.
Фленсбург не ме воодушеви многу со играта. Едино многу се брзи и неколку наврати не успеавме да се комплетираме, но ние имавме голем проблем бидејќи ни фалеа играчи за ротација.
Во Скопје ако се вратат и Марковиќ и Петриќ, ќе биде друга приказна...
Мечот го загубивме кога при 2 разлика, дадовме гол кој го поништија ради престап

После не наполнија и ми дојде да се отрујам ако го загубевме мечот со поголема разлика, сосема незаслужено.
Клучен момент беше одбраната на Диви при четири разлика, кога му фати зицер на некој од играчите на Фленс.
Тука ако погодеа, ќе беше дебакл...
Поразот од два разлика, на крај е одличен резултат пошто како го финиширавме мечот, да имашѓе уште 10 минути, 10 ќе загубевме

Среќа голема што не ја поебавме последната акција, мислам дека 3 разлика ќе беше веќе страшен резултат.
Ех бееее, порано се плашевме да не изгубиме 20+ во Германија, сега не сме задоволни со пораз од два ралика и реални шанси за Ф4

Што направивме луѓе, на чекор сме на фајнл фор. Нема спиење до сабота, а во сабота...



Спремајте тенџерињата да им тропаме под прозори на Швабиве, нема спиење за нив
Инаку голема 10-ка за момците кои отпатуваа во Скопје.

Играње како на домашен терен на моменти, а тоа многу им значи на ракометарите. Позитивна оценка и за домаќините што немаа типична публика што штрака на тоа дебилните справи...
EDIT: Забораив да го спомнам Брумен кој исто имаше перфектна партија
