Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па еднаш дадоа босанска, ама Вујо е како таљаниве, не го интересира ништо освен ЛШ.Абе пази да не отидеме подалеку ние
Каква среќа имаме којзнае каква група би ни се паднала ако играме евентуално во ЛШ. Ако играме во ЕХФ, сигурно пак ќе ни падне Германска екипа и ќе ни рече ауфидерзен![]()
Добро за Вардар но ништо од станувањето на Столе класа приближна на калибарот на Кире. Во Македонија тоа е речиси невозможно. Ќе си м’мка ко Номче.![]()
Ако играме ЛШ, може да ни биде главен играч, така да ете му шанса и он преку ЛШ да се прмовира во класа играч.
Абе он е веќе промовиран во играчиште, талентот и залагањето на терен му се уникатни. Ама знаеш каква е траекторијата на спортистите во Македонија. Стани, иди на утакмица, по утакмица у кафана, вечерта настегај се у некоја дискотека.
Плус, во Вардар он веќе е на врвот, со Марковиќ се за класа погоре од сите останати играчи моментално. Во Бундес или во некој тим со поголеми амбиции во ЛШ не би му било „допуштено“ ко тука и би морал да добие и дисциплина која мора да признаете сега му е најслабата страна. Пребрзо пука.
За жал уште кај нас нема таков професионален пристап од некој клбу. Еве можеби Лино и Вујо се залагаат за дисциплина во тимовите но има играчи на кои не може да им наложат ништо и кои се „големи“ колку нив.![]()
Супер е за Вардар што Столе останува, ама штета е играч како него да не игра во Бундес, мораше да искористи таква шанса. Јас мислам дека има огромен потенцијал, штета е да го троши на екипи од македонско првенство.
Двојни стандарди беМногу интересна работа ми е ова стварно
Во Металург сите се Македонци, они нас не претставуваат, они направиле тим што играат и за Македонија и за Металург, бла,бла,бла...А кај нас сите се потенцијали за во Европа. Нека иде Манасков, зошто да иде Столе?Да потпише Кирце, па ќе видите и потенцијал и Европа ќе видите
![]()
Очигледно, за жал на некој му е доволно ова ниво за да не се линчува од останатите задоволства (скара, пиво и останато), за жал.....
Муабетов ти е со кратки зборови - Столе остана во Вардар за скара и пиво (како да идете вие со него на скара и пиво, па знаете и каков живот води). Што не ќе прочитам. Како и да е класа од играч е спрема другиве во лигава од Македонците. Сте слушнале нешто и ајде сега, Столе неќе да напредува...Зошто не зборите така за овие во Металург? Или зошто наместо да тропате глупости, како јадел и пиел, не размислите дека можеби цврсто верува дека утре ќе ги акне од земја Металург, па во ЛШ со нов спонзор и некое засилување да си ја проба среќата со Вардар наместо со некој странски клуб. Крај краева на Столе му е убаво во Вардар, во Вардар сите се како браќа, за разлика од Металург кои се однесуваат како спрема џукели, па затоа и играчите им се такви, без срце без жар, дај пари ќе играм.