Фан клуб - РК Вардар

Aj malce off topic.. ako ima nekoj link od oprostajniov natprevar na Dejan Peric neka postira tuka. Gleam staen e na stranata na Lazarov ama ne uljucuva neznam zaso..
 
Абе пази да не отидеме подалеку ние :icon_mrgr:
Каква среќа имаме којзнае каква група би ни се паднала ако играме евентуално во ЛШ. Ако играме во ЕХФ, сигурно пак ќе ни падне Германска екипа и ќе ни рече ауфидерзен :icon_mrgr:
Па еднаш дадоа босанска, ама Вујо е како таљаниве, не го интересира ништо освен ЛШ. :D
 
Стојанче Стоилов потврди дека го ставил својот потпис на новиот договор со Вардар про, следејќи го примерот на Карачиќ, Милиќ и Марковиќ, кои пред извесно време исто така ја продолжија соработката со „црвено-црните“. Македонскиот репрезентативец во изминатиот период доби уште неколку интересни понуди, но сепак реши да остане дел од Вардар про.

Договорот со Вардар Про е обновен пред еден месец на уште две години. Имаше интерес и од неколку други екипи но одлучив дека тука треба да останам, убаво ми е во Вардар Про, имаме квалитетна и амбициозна екипа со која очекувам многу успеси во следниот период" - изјави Стојанче Стоилов за ЕКИПА.

Миленикот на вардаровите Комити, Стоилов се осварна и за претстојнот неделно дерби во СРЦ „Кале“, кое ќе одлучи за шампионската титула каде што Вардар ќе има можност по три сезони пауза да го врати шампионскиот трофеј во своите витрини.

Знаеме што да очекуваме од ова големо дерби, сите наши овогодишни натпревари беа резултатски тесни и со многу борба. Се надевам дека ние на крајот ќе се радуваме и во новата сезона ќе играме во Лигата на шампиони, каде би се обиделе да оставиме барем сличен впечаток како Металург оваа сезона" - вели Стоилов.

Во натпреварот Вардар Про против Металург кој стартува од 20:15 ч. на Кале во неделе велугува без проблеми, во комплетен состав наспротив тимот на Металург кој ќе настапи без Манасков, Козлина, М. Стоилов, Георгиевски, а најверојатно и без Мандиќ и Мојсовски.

Столе уште две години во Вардар :)
ТИ СИ СТОЛЕ НАША ИКОНА, НАША ИКОНА, НАША ИКОНА :icon_mrgr:

Очекувајте го најголемото трансфер изненадување летово, нормално под услов да ја земеме титулата ;)
 
Столе е икона на РК Вардар........
Без заебанција,но и ако сега освоиме титула он ќе биде најдобриот ракометар (со се Пепи) што го носел дресот на Вардар и оставил белег во него.
Според мене напаѓачки он е во самиот врв помеѓу пикерите во цела Европа.Таква окретност,сила и леснотија со која ги прима топките не се гледа секој ден.Македонскиот Агинагалде......
 
Добро за Вардар но ништо од станувањето на Столе класа приближна на калибарот на Кире. Во Македонија тоа е речиси невозможно. Ќе си м’мка ко Номче. :oops:
 
Добро за Вардар но ништо од станувањето на Столе класа приближна на калибарот на Кире. Во Македонија тоа е речиси невозможно. Ќе си м’мка ко Номче. :oops:

Ако играме ЛШ, може да ни биде главен играч, така да ете му шанса и он преку ЛШ да се прмовира во класа играч.
 
Ако играме ЛШ, може да ни биде главен играч, така да ете му шанса и он преку ЛШ да се прмовира во класа играч.

Абе он е веќе промовиран во играчиште, талентот и залагањето на терен му се уникатни. Ама знаеш каква е траекторијата на спортистите во Македонија. Стани, иди на утакмица, по утакмица у кафана, вечерта настегај се у некоја дискотека. :)

Плус, во Вардар он веќе е на врвот, со Марковиќ се за класа погоре од сите останати играчи моментално. Во Бундес или во некој тим со поголеми амбиции во ЛШ не би му било „допуштено“ ко тука и би морал да добие и дисциплина која мора да признаете сега му е најслабата страна. Пребрзо пука.

За жал уште кај нас нема таков професионален пристап од некој клбу. Еве можеби Лино и Вујо се залагаат за дисциплина во тимовите но има играчи на кои не може да им наложат ништо и кои се „големи“ колку нив. :)
 
Za ova si u pravo. Stole e nasa ikona i go sakame do nebo, ali sto ne zivee sportski zivot toa e vistina. Nema profesionalizam, a toa vlijaese i na negovata kilaza. Steta, zaso moze da dade i use poveke.
 
Супер е за Вардар што Столе останува, ама штета е играч како него да не игра во Бундес, мораше да искористи таква шанса. Јас мислам дека има огромен потенцијал, штета е да го троши на екипи од македонско првенство.
 
Многу интересна работа ми е ова стварно :)
Во Металург сите се Македонци, они нас не претставуваат, они направиле тим што играат и за Македонија и за Металург, бла,бла,бла...А кај нас сите се потенцијали за во Европа. Нека иде Манасков, зошто да иде Столе? :icon_lol: Да потпише Кирце, па ќе видите и потенцијал и Европа ќе видите :icon_mrgr:
 
Очигледно, за жал на некој му е доволно ова ниво за да не се линчува од останатите задоволства (скара, пиво и останато), за жал.....
 
Двојни стандарди бе :)

Супер е да оди во Германија, али со еден јак тим во Македонија не правиме ништо, со два тиме ќе има и поголема привлечност за останатите играчи од странство како и за младите во земјава каде што ќе можам да напредуваат. Наместо да се стремиме кон зачувување на нашите играчи и плус градење на 3-4 појаки тимови, ние ги продаваме надвор и треба да преплатуваме 40 годишни странци. Али ако :D
 
Очигледно, за жал на некој му е доволно ова ниво за да не се линчува од останатите задоволства (скара, пиво и останато), за жал.....

Муабетов ти е со кратки зборови - Столе остана во Вардар за скара и пиво (како да идете вие со него на скара и пиво, па знаете и каков живот води). Што не ќе прочитам. Како и да е класа од играч е спрема другиве во лигава од Македонците. Сте слушнале нешто и ајде сега, Столе неќе да напредува...Зошто не зборите така за овие во Металург? Или зошто наместо да тропате глупости, како јадел и пиел, не размислите дека можеби цврсто верува дека утре ќе ги акне од земја Металург, па во ЛШ со нов спонзор и некое засилување да си ја проба среќата со Вардар наместо со некој странски клуб. Крај краева на Столе му е убаво во Вардар, во Вардар сите се како браќа, за разлика од Металург кои се однесуваат како спрема џукели, па затоа и играчите им се такви, без срце без жар, дај пари ќе играм.
 
А има негде да се набават карти за „неутрална“ трибина? :)

П.С. не заборавајте да ги средите мишките, топло е, фул сала, а ќе биде напнато, ќе се препотуваме, затоа бричење, и шприцање со дезодоранс :D
И кој е на работа, кој на школо, нека си бара опраавдување за отсуство во Понеделник од своите обврски :свиркам:
 
Муабетов ти е со кратки зборови - Столе остана во Вардар за скара и пиво (како да идете вие со него на скара и пиво, па знаете и каков живот води). Што не ќе прочитам. Како и да е класа од играч е спрема другиве во лигава од Македонците. Сте слушнале нешто и ајде сега, Столе неќе да напредува...Зошто не зборите така за овие во Металург? Или зошто наместо да тропате глупости, како јадел и пиел, не размислите дека можеби цврсто верува дека утре ќе ги акне од земја Металург, па во ЛШ со нов спонзор и некое засилување да си ја проба среќата со Вардар наместо со некој странски клуб. Крај краева на Столе му е убаво во Вардар, во Вардар сите се како браќа, за разлика од Металург кои се однесуваат како спрема џукели, па затоа и играчите им се такви, без срце без жар, дај пари ќе играм.

Искрено, нормално го немам видено, се водам по "муабетите кои ги слушам"...никој не го оспорува талентот на Столе, само сакам да кажам оти можеби требаше овај свој раскошен талент да проба да го искористи во поголема странска екипа. А пошто си толку преокупиран со Металург, никој не вели оти неможи да го акни утре од земја, ама јас на пример сакав да го споредам со Наумче, кој исто го имал одсекогаш талентот на негова страна, ама ете, не успеал повеќе од ова
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom