Фан клуб - РК Вардар

Бевме со предрасуди во врска со Кастратовиќ :D
Денес одлично не водеше, пу пу да не го урочам.

Растворцев и Петриќ тотално надвор беа од игра. На пикер ништо скоро и да не се изигра. А ако функциониравме како што треба на сите полиња, ќе ги добиевме со 3+, а и нашиве како да се исплашија од победата :)
А и тоа шпанецот каков пациент е, ќе има циркуси со него :icon_lol:

п.с. Од возбуда, од целата еуфорија у сала, од урлањето, а и кога ќе ги додадеш ПИ-ЧКИ-ШТА-ТА што беа како „редарки“ со високи потпетици, ме прска главаа :D
 
Еби Вардар глупи каталонци , убедливо најјак статус што го прочитав на фб , остај тоа утакмицава беше феноменална , атмосферата уште подобра , шта речи :D
 
другар како може да се гледа пренос без звук од коментаторот, а да се слуша атмосферата од сала ?
озбилно ја немам ваква опција на телевизорот ? или нешто не сум разбрал ?

на лаола беше така бар јас како што гледав комити скоро и да не се слушаа а се беше до крај..
 
Ај едно телевизиско резиме...

Заеби ракомет без права атмосфера, а Комити прават одлична атмосфера, а публиката сама се приклучува, во крв е Вардар кај сите!

Чим Милиќ почна така да брани, знаев дека ќе биде интересна утакмицава до крај :pos: Каков лик, малце се возбуди и почна да брани, којзнае што прави во кревет со оваа нашава кога ќе го запали...

Малумбрес одличен на голот, го имаме и Диви сега кој исто се пали на атмосфера, па ако на некој не му оди, се надевам дека ќе имаме барем по 12-15 одбрани секој натпревар.

Петриќ и Растворцев целосно затворени, ми се чини Растворцев само еден гол, мислам дека на крај сепак требаше да остане со Растворцев наместо Филипче за да бранат Барса и удар од 9, вака беа сигурни дека ќе идеме на влез зашто Филип не шутира.

Пикерите одлично одиграа, и Столе во прво, и Тоскиќ на средина како и Чипурин кој одлично се движеше и разигруваше, како сосема нов Чипурин да гледав од другите натпревари.

За крилата што да се каже, само браво, Брумен и Дибиров растураат, а имаме и сосема солидни резерви. Дибиров трет пат го гледам како промашува битен зицер, претходно за Русија со Србија Станиќ му одбрани во претпоследен напад и во последен мислам дека и пенал му фати на него(а може беше и друг за пеналот), претходната во Сеха со Металург и сега повторно кога е најпотребно не реализира, но не може да му се замери, иако го научи Штербик дека таму му ја мава, требаше да иде со удар доле десно/лево.

Душебаев го коментирав со Партизан дека има одлично движење и работа со нозе, но мислев дека го може тоа само со Партизан, али ги растури и Барса со влезовите, како само се протнуваше, мал е и ексползивен, само уште да поработи на додавањата и ударите од 9 метри зашто сепак е бек, ќе биде потежок за чување ако се плашат и на скок удар дефанзивците.

Карачиќ имаше одличен ден, се што шутна скоро погоди, и тоа што го промаши едно беше старт за пенал. Прибак исто имаше две асистенции во краток период.

Некои викаат дека 29 голови се многу, али за вака брз ракомет и те како не се многу, едноставно ако едната екипа тргне брзо, секако ќе има многу голови, па Металург со влечење по земја стигнаа до 23 голови.

Зоран побара тајмаут во одлично време, дури и самиот реков барај тајмаут, овие не знаат како да го завршат нападот, имавме отворен удар и промашивме. Сепак последниот напад можеше да се проба со цепелин, неколку пати им успеа, не знам зашто не пробаа и сега.

Се на се, САМО ЕДЕН Е ВАРДАР !!!!!!!
 
Нека каже сега комшијата со наочарите кој е вистински шампион на Македонија ? Баш ме интересира :)
Секоја чест за дечкиве, направија нешто што никој не очекуваше. У џеб ја имаа една Барселона :cuc:
Од -5 разлика успеавме да се вратиме на +1, против еден вака страшен тим е неверојатно. Некој да ми понудеше бод пред натпреваров со две раце ќе потпишев, али сега некако криво ми е што не победивме, а ја имавме победата во раце. Арпад не откажа да му ибам фацата никаква. :icon_mrgr: Сите што влегоа одиграа на високо ниво, освен Петриќ стариот доста слабо изигра денеска и напад и одбрана. Пофалби за тренерот, одлично ги водеше денеска.
Како и да е резултатов не смее да не крене во облаци, треба и понатаму да се продолжи овака да се игра па и да се надогради. Ни следува гостовање во Минск ако не се лажам, натпревар од огромно значење, и меч кој не смееме да го загубиме. Таму ако изгубиме овој бод од денеска скоро ништо нема да значи.

Пофалби и за Комити, и за обичната публика, на моменти стварно звучен ѕид пробивавме. Мал минус е лошо организираната кореографија, тие во погорние редови слабо следеа што треба да прават, али одлична идеа за корео. И мал минус секако е фрлањето на предмети на терен. Мора да се опаметат дечиштата, па ако треба и некој шамар да летне, дека такви работи можат да бидат кобни за Вардар.
 
честитки за одличната партија! БРАВО!
вардар целосно ја надигра барса, а да не беа судиите можеше и да победи. ова е голем бод за вас, но и голем успех за македонија. само така продолжете.
позз
 
ВАРДАР ТОА СМЕ НИЕ!!!

Секоја чест за дечките и покрај тоа што тимот имаше доста промени, тимот не го напуштија некои клучни играчи, но дојдоа големи имиња кои требаше да се адаптираат во тимот, како и целиот тим да се воигра...Мислам дека нашето допрва доаѓа, ланската сезона изгубивме од Решица, а оваа сезона играме 29:29 со дрим тимот на Барселона, мислам дека до крајот ќе имаме уште поголем залет..Ме радува што тимот уште е како една голема фамилија, сите се крајно расположени и даваат максимум, ете на вакви натпревари гледајте ја силата на Вардар, а не на турнири во Струга и СЕХА лига со бош тимови...Кастратовиќ добро "дебитираше" сепак ова беше прв голем натпревар..Очекувам да газиме понатаму и да се повтори оваа атмосфера, дури да биде и подобора..

Навивање, како што заслужува нашиот Вардар, ете што е навивање со цел глас со цело срце а не вештачки со апаратот и гратис карта од Минчо..Нека види Европа како се навива за Вардар

Фала ви Вардарци што многу пати во животот сте ме направиле најсреќен човек на светот!!!
Со Mr.X на секој гол, на секоја одбрана сме се радувале како гол во фудбал во 90-та минута, а веќе се договоривме да им одиме и на тренинг! :D

Уште не можам да се смирам, мозокот не ми работи да ја опишам целата атмосфера која ја приредивме денес :D

Напред Вардар во срце те носам !!!


Сите си знаеме зошто :icon_mrgr: за иант на душманите :icon_lol:

Славете Комити, Вардарци, Македонци! :)
 
Честитки за сите - играчи, навивачи, тренер.... Одамна не сум викал така на утакмица :)
Уште Алфа да се смилува и да ни пушти снимка да видиме како изгледало на ТВ би било идеално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom