Ај едно телевизиско резиме...
Заеби ракомет без права атмосфера, а Комити прават одлична атмосфера, а публиката сама се приклучува, во крв е Вардар кај сите!
Чим Милиќ почна така да брани, знаев дека ќе биде интересна утакмицава до крај

Каков лик, малце се возбуди и почна да брани, којзнае што прави во кревет со оваа нашава кога ќе го запали...
Малумбрес одличен на голот, го имаме и Диви сега кој исто се пали на атмосфера, па ако на некој не му оди, се надевам дека ќе имаме барем по 12-15 одбрани секој натпревар.
Петриќ и Растворцев целосно затворени, ми се чини Растворцев само еден гол, мислам дека на крај сепак требаше да остане со Растворцев наместо Филипче за да бранат Барса и удар од 9, вака беа сигурни дека ќе идеме на влез зашто Филип не шутира.
Пикерите одлично одиграа, и Столе во прво, и Тоскиќ на средина како и Чипурин кој одлично се движеше и разигруваше, како сосема нов Чипурин да гледав од другите натпревари.
За крилата што да се каже, само
браво, Брумен и Дибиров растураат, а имаме и сосема солидни резерви. Дибиров трет пат го гледам како промашува битен зицер, претходно за Русија со Србија Станиќ му одбрани во претпоследен напад и во последен мислам дека и пенал му фати на него(а може беше и друг за пеналот), претходната во Сеха со Металург и сега повторно кога е најпотребно не реализира, но не може да му се замери, иако го научи Штербик дека таму му ја мава, требаше да иде со удар доле десно/лево.
Душебаев го коментирав со Партизан дека има одлично движење и работа со нозе, но мислев дека го може тоа само со Партизан, али ги растури и Барса со влезовите, како само се протнуваше, мал е и ексползивен, само уште да поработи на додавањата и ударите од 9 метри зашто сепак е бек, ќе биде потежок за чување ако се плашат и на скок удар дефанзивците.
Карачиќ имаше одличен ден, се што шутна скоро погоди, и тоа што го промаши едно беше старт за пенал. Прибак исто имаше две асистенции во краток период.
Некои викаат дека 29 голови се многу, али за вака брз ракомет и те како не се многу, едноставно ако едната екипа тргне брзо, секако ќе има многу голови, па Металург со влечење по земја стигнаа до 23 голови.
Зоран побара тајмаут во одлично време, дури и самиот реков барај тајмаут, овие не знаат како да го завршат нападот, имавме отворен удар и промашивме. Сепак последниот напад можеше да се проба со цепелин, неколку пати им успеа, не знам зашто не пробаа и сега.
Се на се,
САМО ЕДЕН Е ВАРДАР !!!!!!!