Коњаникот Сабја остана жив бе?

Ќе пишеше нешто до сега

ме плашиш брат
Жив сум
Леле луѓе што направивме?



Не сакав да ширам песимизам ама искрено ич не бев оптимист пред мечов и мислев дека ќе загубиме со десетина гола разлика. Барса е Барса, тие играчи знаат да играат пред секаква публика. Надеж ми држеше само едно полувреме од мечот пред 3 сезобни во ЛШ, кога во полното Кале водевме на полувреме, а цела скандираше ОВА Е СКОПЈЕ!

Ама на крај не наполнија

Кој напредок од времето кога во Скопје им дадовме одвај 20-тина голови и не потопија со 15-тина разлика...
Имаме тим засега, ама кога ќе се уигра и плус ако се донесат играчи како Рутенка на пример има да бидеме ТИМИШТЕ
Денес направив пола од ритуалите за победа, дури и ултра кратко се ишишав, ама на крај го забораив крајниот ритуал, а и не запалив свеќа во црква. Доволно за нерешено
Кажав и по утакмицата,
БОД КАКО ПЛАНИНА.
Стигнав во сала меѓу првите. Уште од 15 до 5 бев во сала. Нашиов народ има некоја чудна замисла. Сите доаѓаат 5 минути пред мечот и сакаат да нема гужва. Значи салата во 6 и 10 беше ПОЛУПРАЗНА. За во последните 5 минути уште 3000 луѓе да влезат. Русинот воведе нови стандарди. На влезовите има максимално претресување, дури и за мечевите во Кале. По 4-5 проверки, со детектор и за метали. Дури и во патика ми брцаа

Толку ли им личев на хулиган
На почетокот се молев да не се случи некое свиркање кога ќе се најавува Кире. Пошто вбо минатото во Кале сите свиреа и не сме слушнале кога го прочлитале па работата дојде до таму да не сака за репрезентација да игра. Овојпат беше пречекан со громогласен аплауз и со скандирање КИРЕ ЛАЗАРОВ

Тука почна лудилото. Каков старт на мечот. Од минатите две средби можевте да висдите како го критикував Карачиќ дека шутираше со ниски удари под блокот ака Абрамова. Овојпат сите три такви удари ги погоди. Каков старт човече, 7-3 против Барса. Но и Милиќ почна одлично иако одбраната реално не ни беше на ниво.
Бајаги чисти позиции правеа. Е тука веќе снемавме идеја после нивниот напад.
Мада нивнава бековска линија е страва човече. Рутенка фрла бомби од десет метри, топ. Од кај и да шутне ја дупеше мрежата. Петриќ беше изгубен во нападот. Осд голема помош е од СЕХА, ама брате овие не пијат нафта. Тој лажњакот не успева овде. Му украдоа некоја топка и не патосираа. Алелуја му текна на Зоки да го стави Душебаев

Малиов изгази

Растворцев беше дрвесимо денеска. Ништо не му одеше, ептен сме слаби на лев бек

Фичо доби некоја минута на крајот, мада повеќе како замена за голманите кога имавме играч помалку.
И судиите може досудија во корист на Барса неколку пати. Лека полека почнавме да го губиме мечот.
Губевме и 15-21 во еден момент.
И тогаш...

Малумбрес човече. Како гума е човеков, и не само тоа знае сда ја загрее атмосферата. Ја доведе салата до точка на топење. Моментот на 19-22 кога сите фрлаа со картоните и кога скокаше цела сала, е нешто што не може да се опише со зборови

Како скокав во тие моменти, мислам дека да имав кош до мене, ќе закуцав слободно во еуфорија

Ми летнал мобилниот неколку реда подоле, не знам како успеал низ џеб да летне хахаха Гледам еден тип се врти назад и држи мобилен со батерија во рака и капачето. Гледам мојот

Дојдовме и до 21-22 ако не се лажам.
Дибиров беше одличен, штета што еднаш или два пати погоди статива, а исто и Карачиќ при една контра.
Во таа ситуација имаше чист пенал за нас. Судиите бајаги го навлекое нашиот гнев па имаше и скандирање ЕХФ мафија и според мене недозволиво фрлање со упаљачи.
Во овие моменти ја засиливме играта во одбрана. Тоскиќ добро се погоди на позицијата пикер

Душебаев сам ги откорна во напад. Што ќе правиме ако ни се повреди незнам

Само ваков дијамант не верувам дека уште долго ќе остане тука :/
Салата во делириум. На еден од гостите му летна топката од страв у пм

Не сфатив само што се случи кога го исклучија Карачиќ при 27-26 за нас и топка за нас?
Ама одклично игравме со играч помалку, дури мислам дека и подобри бевме од нив во таквите моменти од мечот.
На крајов срцево ми лупаше ко лудо. Ситње се држат за глава, сите со иста констатација, КАКОВ МЕЧ ГЛЕДАМЕ ЧОВЕЧЕ, и тоа против Барса.
И големата Барса беше пред пораз, 29-28 и зицер за Дибиров... Се гледа што еголманиште, како само му ја фати

Ама нече лопта поштеног човека

Не може да се израдуваме целосно и не може...
Карабатиќ ни избуши мрежа во последниот напад. Зоки изигра тактички на крај, и мило ми е што не форсираа некои акции зашто ми се вртеше мечот со Данска во глава

Да го пофалам и Џамбо што го фати пеналот на 27-28.
На крај сите славеа како да сме победиле. Делириум беше!!!
На трибини нема што да се додаде. Замислете каква атмосфера имаше а групата ни е во хаос во моментов. Што ли ќе беше да бевме на пример како преклани ова врме, сложни... Одма има разлика кога имаш навивачка група во сала

Треба да останеме присебни сега, многу ни е лош распоредот, имавме тежок меч, а веќе за некој ден не очекува меч со клучниот ривал Динамо Минск. Тепаме ли во Минск, тогаш едно 80% е готова работата за осмина финале

За очекувањата во иднина ќе зборам понатака

Денес Кастратовиќ се покажа добро, освен што го форсира малце Петриќ. Дури кога се повреди Брумен кој истотака беше одличен, место Раковиќ го стави Петриќ на крило

На крај дојде пред нас и се поклони

Ќе видиме како ќе продолжиме, првиов меч ни ги крена апетитите
П.с. кореографијата не ни успеа затоа што мегафонот не работеше, и скоро никој од горе не слушна што треба да се прави... Штета...