- Член од
- 11 ноември 2012
- Мислења
- 1.483
- Поени од реакции
- 4.645
Вчерашната утакмица не ја гледав, ама од сѐ она што изгледав претходно, дојдов до еден заклучок - полош преоден рок не сме имале одамна. После долго, ова е преоден рок каде што не погодивме ниту едно засилување. А демек овој тим го спремавме за ЛШ. Со овие играчи нема да освоиме ниту еден бод во ЛЕ, а камо ли да игравме со "големите дечки".
Давам уште некоја минимална шанса да не изненадат во суперкупот, ако играме комплетни. Ама сѐ си мислам дека сезонава може во старт да ја прогласиме за катастрофална. Знам дека звучам песимистички, но нашите игри не даваат трошка оптимизам.
Од друга страна, четврто место ни е загарантирано. Бутел го здробивме на припреми. Никој друг не може да ни го загрози четвртото место.
Некој спомна не сме изиграле ниту една акција. Па со кој да изиграме бе луѓе? Со Танковски или со Јасухира од Али експрес? Момците се залутани во спортов. "Играчи" ко Ќосевски, Марио Стојановски и слични... до кога ќе ги чекаме да станат играчи??
Срдановиќ, па дури и Родригез беа Генсхајмер за Кеита. На десно крило плаќаме странец, кој не игра ни пет минути на утакмица. Полјациве, секоја чест на менаџерот како ни ги увалил, ама можеме во пакет да ги вратиме дома. Ко што рече @Saber Rider - единствено го погодивме Анастасовски. Јас би додал дека мислам дека и Митровиќ може да се разигра. И имам надеж во средните бекови (Малус и Боно), ако заиграат некогаш.
На крајот - нека ни е со лесно. Мачно ќе е да се гледа овој Вардар.