Фан клуб - РК Вардар

Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.

Вака од денешна перспектива кога се раскажуваат приказни звучи интересно, а уствари никој од нас не би посакал пак да функционираме како во време на Вујо, цела тактика да биде базирана само на другарство помеѓу играчите, на тренинг да ти ја нема пола екипа, да те лажат дека ги боли стомак поради тоа што ги мрзи да дојдат, да идат по кафани навечер и сабајлето на тренинг да испаруваат од алхохол, таквиот начин на работа е изумрен пред добри 30 години.
Тогаш само поради среќа, притисок од публика и сплет на околности на крај сме излегувале како победници во неколку наврати против Металург, инаку во принцип во тој период не се знаело кој пие кој плаќа, вака според кажувањата не знам кога сме имале поголем хаос во клубот од тоа време.

Среќа што во новата екипа во Самс ерата се пренесени само позитивните работи од претходната генерација, а благодарение на Раул во клубот е воспоставна дисциплина, подоцна добриот микс на овие две работи ни донесе две титули во Лига на шампиони.
Порано пиеле, пушеле, и играле, сеа не пијат не пушат и не играат.
Вардат на Вујо е десет пати боље од денешниов.
Батали ти тоа Џамбо, Столе "шемаџиите".
Ги имаш, Брумен, Карачич, Абутовуич Прибак, Маркович, и ред други кој не верувам така да се понашале
 
Последно уредено:
Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.

Вака од денешна перспектива кога се раскажуваат приказни звучи интересно, а уствари никој од нас не би посакал пак да функционираме како во време на Вујо, цела тактика да биде базирана само на другарство помеѓу играчите, на тренинг да ти ја нема пола екипа, да те лажат дека ги боли стомак поради тоа што ги мрзи да дојдат, да идат по кафани навечер и сабајлето на тренинг да испаруваат од алхохол, таквиот начин на работа е изумрен пред добри 30 години.
Тогаш само поради среќа, притисок од публика и сплет на околности на крај сме излегувале како победници во неколку наврати против Металург, инаку во принцип во тој период не се знаело кој пие кој плаќа, вака според кажувањата не знам кога сме имале поголем хаос во клубот од тоа време.

Среќа што во новата екипа во Самс ерата се пренесени само позитивните работи од претходната генерација, а благодарение на Раул во клубот е воспоставна дисциплина, подоцна добриот микс на овие две работи ни донесе две титули во Лига на шампиони.

Каква среќа друже, кај ќе го победиш Металург на среќа? Што и да правеле надвор од теренот, таа збирштина на фанатици играше ракомет! И тоа каков ракомет, оставаа срце на терен, и знаеа за кој дрес играат. За разлика од денес, као се професионалци, никој не пие, пички материни, а еден ракометар не можеш да извадиш. Камо во денешниов состав да имаме такви "бараби" :D
 
„Почнува борбата за Суперкупот. Имавме малку време да се рекуперираме, а во последно време игравме многу и немавме доволно тренинг, плус се мачиме со повреди. Но, што е тука е – знаеме дека мораме и можеме подобро. Сакам играчите да бидат целосно фокусирани на своите задачи, без притисок и алиби. Играчот што носи дрес на Вардар мора да знае дека тоа е привилегија и обврска. Го почитуваме Пелистер како актуелен шампион, но очекувам поагресивен и подисциплиниран Вардар. Утрешниот меч е сосема различен од пријателските – тоа е борба за трофеј, пред полна сала, и сигурен сум дека ќе видиме вистински ракометен спектакл.“ – Иван Чупиќ

Cisto da stoi ovde na forumov.
 
Место минимум 3-4 разлика да имаме на полувреме, ние идеме со само еден гол предност. Многу детски болести има екипава. Такви глупи нерезонски грешки кога најмногу треба да нагазиш да се одвоиш и да си олесниш во второ. Е да беше сеа Столе у екипа, Митровиќ ќе имаше добро пеглање. Сеа вака они имаат подобра психолошка предност во второ. Ми се свиѓа што тимов повеќе гризе, ама сеуште се присутни тие детски грешки по кои го враќаме противникот комплетно во игра. Само да не се распаднеме во второ, да успееме да држиме егал натпревар, ја ќе бидам задоволен.
 
У затвор треба да иде човекот што ни го ували Митровиќ.. А и со Јапонциве е иста прича, сигурно немаат уште 10 добри средни бека освен Јасухира..
Одбраната уште малце да се стегне, у напад посериозно и лагано добиваме..
 
Со Талевски, Марчињиак и такви пациенти не може ништо да се направи. Имаме играчи помалце на терен. Чоекот се понаша као да е почетник на терен, а Чупиќ упорно го игра.
 
Само второ полувремњ го гледам, не знам како сме изиграле во прво. Ама, Тале колку е слаб лелелелелеле. Реков дека е ко Мишевски, ама можно е и да е послаб.
Јас стварно се надевам дека ќе крене малку форма како тогаш. Мислам дека европските дуели ќе го кренат малку, сепак овде со Пелистер е поголем притисокот ако се направи грешка, а они се веќе поуходани, со лидер како Фитиљот и постандарден состав.
Фактички во напад опасност ни е само Хориха. Уште го имаме џокерот Вуко за сезоната (ваљда го имаме, оти никакво инфо нема за него).
Малус слаб, Митровиќ ветува од време на време нешто, ама мнооооогу работа треба.
Де факто сме послаби од нив, ама некако поголем потенцијал имаме да се подобриме, особено што ни фалат Борозан и Мечка.
Ама со нив е дилема дали ќе се вратат, кога и во каква форма...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom