И јас мислам дека е рано да се носат заклучоци, иако од тоа што го видовме во подготвителниов период оправдано е да сме песимисти.
Сепак, од пријателски натпревари до официјални има голема разлика.
Проблем е што Борозан го нема воопшто. Не бев оптимист при неговото доаѓање, ама човекот изигра на топ ниво минатата сезона. Покрај него, би требало и играта на другите бекови да се подигне. Малус разочара на првите пријателски, ама има добро CV, сите сме го гледале дека е одличен и проверен среден бек. Да се надеваме дека ќе фати некоја форма. Боно, Танкоски и јапонецов треба да се доволни да покриваат во нашава лига. Стварно имаме голем избор на бекови и е вистинско разочарување што ме видовме ништо од нив досега. Ако не ја бива работата, секогаш може да се игра ланската принудна комбинација со Вуко на среден и Хориха лево. Крсманчиќ делуваше катастрофално на почетокот минатата година, па се крстевме во него. Па не е можно Малус и Боно да излезат послаби од него.
Голем проблем е што Мечка ќе го нема толку време. Не е дека сме очајни на пикер, Атанасовски е супер, ама сепак голем хендикеп е тоа што ќе го нема Лазаревски 3 месеци. Губењето на двоецот Лазаревски-Аларов во одбрана е голем минус.
Го добивме Тале, кој личи како да не играл ракомет воопшто откако си замина. Пак ќе се молиме да врати форма. За разлика од Петриќ и Николиќ, он игра во два правци, иако досега се покажа доста лошо.
Десната бековска позиција е најслаба, стандардно. Од полјакот не очекував ништо и стварно е доста слаб. Србинов е талентиран, ама би бил добар за резерва. Нас ни треба водечки десен бек, а во него не добиваме таков играч. Лесно го затвораат, тромав е, има шут само. Нешто ко Борзаш што им беше лани на Пелистер. Не многу корисен, ако немаш добар среден бек да разигрува.
За прв пат крилните позиции ни се вистинска катастрофа. На лево крило мора да се засилиме или да го правиме Стојановски играч. Кеита слаб и дефанзивно и офанзивно. На десна страна ќе брка работа Жутиот. Не знам што стана со Пинто. Си отиде ли?
Од Валах очекував многу повеќе на голманска позиција. Вака имаме три голмани на кои ќе се крстиме да му се погоди денот на некого.
Чупко не ме убедува засега дека го совладал тренерскиот занает.
Долга е сезоната, ќе има повреди на клучни играчи, незгодни натпревари про згуснат распоред, се е можно. Ама засега личи дека Пелистер е за класа подобар или повоигран, а ние мака ќе мачиме и со Алкалоид и Охрид. Особено додека ги нсма Вуко и Мечка.