Фан клуб - РК Вардар

Не правете драма од вечерашниот натпревар.Сметка ќе ни полагаат во среда во Супер купот.Вечер нека победи подобриот.Незнам зошто потајно мислам дека ќе изненадиме.Битолчани на двата турнири баш и не се покажаа.Оставете го тренерот можеби не е баш најдобар избор но на теренот играат играчите.Што се однесува до Столе,точно е дека фали но незнам како би функционирале заедно со Чупиќ.На Недановски му беше дадена шанса да го води Вардар две ипол години , вие веднаш уште на првите пријателски му ги посакувате куферите на Чупиќ.
 
Пак без Малус и Боно. Да исклучам со време, џабе да не се нервирам.
 
Мислам дека ние уште не сме свесни колку загубивме со заминувањето на Столе, многу веројатно допрва ќе ги почуствуваме последиците, оваа игра на пријателските е само првичен мал показател за тоа што следува.

Човекот ја држеше цела соблекувална, авторитет имаше врз сите, најзаслужен за цела атмосфера во екипата низ сите овие години, харизма како никој друг на светот, сите играчи беа блиски со него и имаа огромен респект.

Во неколку наврати преку изјави Мечка и Талески потенцираа колку влијание има Столе за нивните добри партии, исто ќе слушнеме и од сите други играчи кои поминале низ Вардар.
Не за џабе и Кире толку го сакаше во репрезентација, јавно кажуваше дека кога и да посака Столе може да биде дел од репрезентацијата и самиот да одбере на која позиција сака да работи.

Едноставно човекот е људина.
Столе е ѕвер, најблиску нешто го легенда каква што немал ниту еден вардаров колектив од осамостојувањето. Со неколку испади во кариерата и тоа што првично не е играч излезен од наша школа. Ама приказната има и друга страна изгледа. Има и некои негативни муабети за периодот додека беше на клупа кои не би ги откривал.
И он не е така наивен.
 
Столе е ѕвер, најблиску нешто го легенда каква што немал ниту еден вардаров колектив од осамостојувањето. Со неколку испади во кариерата и тоа што првично не е играч излезен од наша школа. Ама приказната има и друга страна изгледа. Има и некои негативни муабети за периодот додека беше на клупа кои не би ги откривал.
И он не е така наивен.
Апсолутно, не сакав и јас да ја отворам темата. Приказната дефинитивно има две страни. Но, да оставиме така - тоа не е за на форум.
 
Во напад мачење, во одбрана очај. Секоја акција чиста шанса ни прават. Тале е послаб од Мишевски во моментов. Јапонецов ќе пробие, му вади на шут, овој не следи, додека се крене ќе го исфаулираат лесно. На десен бек теретни возови. Ни движење, ни бутур. Треба да имаш маестрален среден бек и пикер кои ќе му изиграат акција за да се крене на шут. Ама, тоа во модерниот ракомет повеќе не поминува. Крила отсечени, тотално неупотребливи.
Не знам дали враќањето на Борозан нешто ќе промени, ама страв ме фаќа сезонава дека ни 3 место нема да освоиме.
 
Пак без Малус и Боно. Да исклучам со време, џабе да не се нервирам.
Да не се повредени овие двајца,малку чудно да ги нема у состав а што е со Борозан повреден или не пак нема никакво инфо….
 
Талесијансен као да нема јадено година дена
Автоматски споено мислење:

Јапанелава се глеа дека играл у некоја аматерска лига. Вакви глупости не праи ни јуниор на Овче Поле.
 
Последно уредено:
Дното го проби јапанецот, а ко бајаги сите на тренинзи биле воодушевени од залагањето и напредокот кој го имал. Едни исти финти прави, го научија и сега фрла само топки во противнички раце. Не прегазија лагано.
Нема што да се каже, да се надеваме дека со Борозан (што се случува со него?), Боно и Малус во состав ќе бидеме подобри. Црнчугава на лево крило врска од животот нема, најсомнително засилување ми беше од старт. Какви крила имавме, на што паднавме, мајко мила. Крилата се небитни ако немаш добри бекови, ама од овој и во македонска лига, во плејаут, ќе најдам подобри крила.
 
Едино засилување кое го погодивме ни е Атанасовски :D
 
Pomina cel pripremen period, edna akcija ne izigraa na prijatelskive... barem kolku da se videse deka nesto rabotele
Автоматски споено мислење:

Kavada=Jasihura od temu
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom