Фан клуб - РК Вардар

Тоа е.Нрка им е честито титула заслужено победија иако и тие се послаби од предходно.Кај нас ситуацијата даде резултат прашање на време беше само кога ќе се заврти варијацијата кон негативна.Тренер,потрошени играчи и голем дел неквалитетни.Цела сезона без среден бек не се игра.

Sent from my 2201116SG using Tapatalk
 
Не е Недановски крив. Најлесно е по него да удри. Ама се нема играчи. Не може во 2023 да го носиш Велко како засилување. Нема асален среден бек, тотално сме безопасни од таа позиција, и нешто што не се збори, ама Томовски е катастрофален цела година.
 
ама Томовски е катастрофален цела година.

Далеку од тоа дека Томовски е катастрофален цела година, ама факт е дека брани топло ладно, односно он е голман кој не е константен. Знае да има луда партија, ама често знае и да има ден коа се му влага у гол. Ретко кога има средина, што е лошо секако.
 
Не знам шо се дешава со Моралес , вчера не знаеше кај тера , општо вчера многу лошо изгледавте на терен .
Нели е ова директен црвен по новиве правила му ебам говното тунижанско џихадистичко?
Директен црвен е од пенал, а од игра е 2 минути.
Не се гледа цела ситуација после ударот на ТВ , ама овај Хосни дефинитивно е тешка будала :pos:
Борко како обично ужива да провоцира , посебно Битола каде ужива да му карат жената (тежок мазохист :ROFLMAO:) му влегва во психата на играчите (како лани на Мамдалинич шо го упропасти психички и ви донесе титула).
Борко многу се палеше и се си мислам дека овај намерно го пукна право во сурат , после тоа овај го печеше едно добри 5-6 минути :ROFLMAO:, можи и поќе.
После кога Вардар одеше во напад Борко одеше до клупа , да се бриши на лице ,капки во очи итн а со прстот во него на лице од клупа(дури беше исклучен) и се гази од смеа( Борко полуде , овај три четири пати го провоцира него) , па после тоа некое време влез паѓа Хосни , па му дава рака на Борко демек да го крени , овај Борко збесна го пцуе :ROFLMAO:

Сума сумарум Хосни најверојатно ќе ја дојси титулата во Битола , (луда сезона 2-3 пати ќе бегаше , карање со публика )ама мислам едини играч од Пелистер овие 3 сезони кој е побудала и психички понестабилен од Борко и тој му влезе во психата на Борко.
 
Голманите на Вардар(сите 3) беа најсилна карика целава сезона. Нас губењето на титула ние е заради слабиот напад и многу спората транзиција од одбрана во напад. Со Алкалоид во гости 21 гол, во Битола 23 гола, тоа со модерниов ракомет со брз центар е катастрофален учинок. Во цела европа погледнете резултати, секаде паѓаат по 65+ гола, само нашиве тренери се заглавени со ракомет што се играл пред 30 години. Со најслабиот тренер што некогаш седнал на вардарова клупа не очекував и ништо друго. Се потврди тезата дека голема грешка беше што се пушти Гаџа, а играчи од типот на Јагуриновски подобро и да не ги земавме, непотребно му ги скрати минутите на нашиот најдобар напаѓач Моралес. Се надевам дека играчите ќе се дигнат после ова разочарување и ќе ја спасат сезоната со куп трофеј и обезбедена сеха лига за наредната сезона.
 
Далеку од тоа дека Томовски е катастрофален цела година, ама факт е дека брани топло ладно, односно он е голман кој не е константен. Знае да има луда партија, ама често знае и да има ден коа се му влага у гол. Ретко кога има средина, што е лошо секако.
Лошо брани. Сите тројца не беа сјани годинава. Тоа блесок во небитни натпревари не се важи, кај што нема притисок. Малку страшно е што Борко е може најдобар кога е густо.
Автоматски споено мислење:

а играчи од типот на Јагуриновски подобро и да не ги земавме, непотребно му ги скрати минутите на нашиот најдобар напаѓач Моралес.
Не му ги крати он. Мора да одмара овој. Тоа е таа стандардна тактика, отвараш со подобриот во првите 10-15 мин, го одмараш едно 10-15, па го ставаш на крај прво пак. И после слично во второ. Не може Куни да издржи премногу, а и нешто не е нај-нај во форма.
 
Не знам шо се дешава со Моралес , вчера не знаеше кај тера , општо вчера многу лошо изгледавте на терен .

Директен црвен е од пенал, а од игра е 2 минути.
Не се гледа цела ситуација после ударот на ТВ , ама овај Хосни дефинитивно е тешка будала :pos:
Борко како обично ужива да провоцира , посебно Битола каде ужива да му карат жената (тежок мазохист :ROFLMAO:) му влегва во психата на играчите (како лани на Мамдалинич шо го упропасти психички и ви донесе титула).
Борко многу се палеше и се си мислам дека овај намерно го пукна право во сурат , после тоа овај го печеше едно добри 5-6 минути :ROFLMAO:, можи и поќе.
После кога Вардар одеше во напад Борко одеше до клупа , да се бриши на лице ,капки во очи итн а со прстот во него на лице од клупа(дури беше исклучен) и се гази од смеа( Борко полуде , овај три четири пати го провоцира него) , па после тоа некое време влез паѓа Хосни , па му дава рака на Борко демек да го крени , овај Борко збесна го пцуе :ROFLMAO:

Сума сумарум Хосни најверојатно ќе ја дојси титулата во Битола , (луда сезона 2-3 пати ќе бегаше , карање со публика )ама мислам едини играч од Пелистер овие 3 сезони кој е побудала и психички понестабилен од Борко и тој му влезе во психата на Борко.
Се виде дека не е арен нешо уште у Јане коа влезе у соблекувална зеде лајсна од вратата и излезе пак низ неа.
 
Абе кај е кано го снема некако од темата.:pos::icon_lol:
 
Мали се шансите, ама може да кикснат они кај Охрид. Чисто поради тоа што тоа ќе биде најбитен натпревар за Охрид сезонава, ќе им решава за Европа, а овие ќе влезат порелаксирани. Се може да се деси. Не би се кладел, ама не би се ни шокирал. Ако гз спасуваа против Еурофарм 2, Пролет, Тиквеш, Алкалоид, зошто да не се лизнат против Охрид, кај што овие имаат мотив да се борат до макс.

Малку безвезе што ги добивме во меѓусебниот дуел, а ја изгубивме титулата од наша глупост.
Па мислам дека повеќе шанси има ние да кикснеме во Кавадарци, отколку тие во Охрид. Тврдо ќе биде во Охрид, ама веројатно они пак со 1-2 разлика ќе си истуркаат и реално толку им треба.
 
Да не си правиме Бајрам на умот, првенството е завршена приказна. Сега некако психолошки да се соземат и ако може да го освојат купот. После останува да најдат некој спонзор за догодина и да одржат какво такво ниво на компетитивност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom