Фан клуб - РК Вардар

Реално, сите знаеме каде ја загубивме титулата. Нема што многу да се замерува никому, едноставно тој беше капацитетот и квалитетот, изненадувачки високата победа во Скопје малку не залажа па се створи некоја лажна слика. Реално гледано, не сме послаб тим од битолчани, и веројатно сме нијанса поквалитетни споредувајки и стартерите, ама во лигашко натпреварување, поготово во ваква ситуација каде немаш право на кикс, а во Алкалоид па и Тиквеш и Охрид се појавија доста незгодни гостувања, долгата клупа и широкиот ростер се најчесто клучни. Едноставно претешко е да се потпреш на 3-4 поединци и од истите да очекуваш да ги одиграат сите минути, без притоа да имаат лош ден или отсуство ради повреда. Дополнително на тоа, се заборави и на немањето квалитетен тренер што е истотака составен дел од тимот, не дека Лазаров и двојката Шундо-Јовиќ се којзнае какви стручњаци и не дека Бутин правеше некои кардинални грешки па да се плука по него, ама јас најголемата разлика ја гледам во немањето авторитет и дисциплина, што највеќе се одрази на гостувањето кај Алкалоид.

Не е ништо страшно загубената титула, ќе дојдеше до ова порано или покасно со вложувањата на битолчани, така да нека им е честито, заслужено. Имаа и они мака на гостувањата со Алкалоид и Тиквеш, ама се извлекоа со тесни победи и на крајот тоа беше пресудно. Ние од несериозност изгубивме титула и од Металург, кога го имавме Раул на клупата и преквалитетен тим, така да оваа, плус-минус една не менува апсолутно ништо, после сите успеси што ги имавме. Поголемиот проблем, каде што треба да ни биде фокусот е, што со клубот и како да се продолжи во иднина. Прелошо е што сеуште сме во неизвесност околу долговите, забраната од ЕХФ, составот за следна сезона, а веќе сме на истек од сезоната. Штета што целиот фокус некако се стави на фудбалскиот клуб, па малку како да се занемарува РК и проблемите таму. Останува сега да се консолидираме, може со Тиквеш и да одмориме дел од првотимците затоа што на крајот за 2-рото место секако ќе одлучува дуелот со Алкалоид на домашен терен, да се фокусираме на дуелите со нив во лига и во куп и да се извлече максимум од сезоната.
 
Заслужена победа за Еурофарм Пелистер, нека им е честито титулата.
Очекував да бидеме поразени, објективно гледано поквалитетен тим имаат и далеку покомплетен.
Јасно беше после поразот од Алкалоид дека нема да си дозволат битолчани да ја прокоцкаат шансата која им беше дадена, особено не во ситуацијата во која се наоѓаме ние како клуб.

Иако не сум запознаен со внатрешните случувања во клубот (освен она што се пласира по спортските портали и што се збори тука на форум), мислам дека покрај сите предизвици со кои беше соочен некои работи можеа подобро да се изменаџираат.

1. Среден бек

Ја започнавме сезоната со Гаџа, Карапалевски и Добрковиќ. Гаџа беше повреден и го чекавме да се врати некаде на крајот на регуларниот дел од сезоната. Гаџа замина во С. Арабија и практично воопшто не заигра за нас сезонава. Јас сум сигурен дека добил одлична лична финансиска понуда, а сигурно и Вардар земал добра оштета за 30 годишен играч (барем за ракометни стандарди), но реално го изгубивме најдобриот играч кој го имавме на таа позиција. Плус, беше флексибилен и можеше да го одмара Талески лево.

Го донесовме Дутра, но не видовме речиси ништо од него бидејќи и он се враќаше од повреда, па практично останавме само со Карапалевски на таа позиција. Зошто го донесовме Добрковиќ кога уште не беше почната сезоната? И тогаш го критикував тој трансфер тука на форум. Јас не велам дека дечкото нема перспектива, веројатно има ама што видовме ние од него? Нас ни беше потребен веќе колку-толку етаблиран играч, профилиран кој ќе имаше придонес во една ваква сезона каде знаевме дека нема да имаме многу можности да се засилуваме.

BTW, ми се чини дека Карапалевски минатата сезона беше далеку поконзистентен со игрите. Дали беше до Дејвис или тоа што во Европа и СЕХА имаше можност да игра со поквалитетни противници не знам.

2. Пивот и лошиот менаџмент на екипата

Сите ја знаеме важноста на Столе за тимот. Како во поглед на мотивацијата, така и во поглед на неговите вештини на терен. Најквалитетниот пивот од тројцата кои ги имаме (Атанасовски не го рачунам). Во таква ситуација се поставува прашањето зошто Столе со исклучок на првите неколку меча кога почна суперлигата, играше само по една утакмица на 4-5 утакмици? Не може било кој играч да ги игра само најбитните мечеви и да се очекува од него да биде во добра форма. Особено не играч кои има 36 години, игра во два правци по 60 минути баш на тие мечеви и плус ја игра последната сезона како професионален играч!

Ова беше особено видливо во саботата во Битола каде што криминален меч изигра Столе. Хосни едно 4-5 гола во првото полувреме ги даде ко од шала пошто цело време успеваше да го помине. Ниту една од топките кои беа наменети за него не успеа да фати, ниту пак се враќаше во одбрана. Не ми е поентата да го навредам или нешто слично, имам неизмерно голема почит за него, само сметам дека менаџирањето на екипата не беше најпаметно направено.

Немам намера да ја анализирам утакмицата од саботата, само ја земав како пример.

3. Алкалоид

Факт е дека имаат финансиска моќ, дека сериозни луѓе стојат позади клубот, дека се најдобро организираниот клуб во Македонија во моментов, дека постојат и задкулисни игри дека најверојатно ќе успеат да створат некој играч. Но, никако не се поквалитетни од нас.

Тој меч едноставно мораше да биде добиен! Знам дека ротацијата е кратка, и дека играчите беа уморни ама не смееше да има изговори. Во само ракомет подкастот слушнав и дека играчите на Вардар на тој меч, 15 минути пред почетокот на утакмицата сеуште биле во кафич во близина. Доколку е вистина тогаш се е кажано. Пристапот во спорт е 60% од целата работа. Недисциплина не смее да се толерира.


Да видиме што ќе донесат следниве неколку недели и како ќе се одрази се ова на клубот.
 
Замисли колку треба да си мрднат у тоа глаата, да пишуваш на форум дека Михајло работи на големо и спрема замка за Еурофарм Палистер на натпреварот против Охрид. Ова се сериозни проблеми, трауми. Замисли по некое чудо и се деси изненадување, хаха па тоа ќе биде пресмешно од секој аспект.
 
Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
1h ·

ГОЛЕМ ДЕН
❗️

КОНЕЧНО, ПО 30 ГОДИНИ СИ ЈА ВРАТИВМЕ САЛАТА ,,РАСАДНИК!”!
️

1f973.png
Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата Расадник.
☝️
Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција.
✌️
Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела #Македонија.
☝️
Почитувани, од денес вртиме нова страница во приказната за салата Расадник.
Од денес испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект.
1f534.png
⚫️
Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови.
Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот.
Нека е аирлија!
❤️


Расадник крш.jpgрасадник 1.jpgрасадник 2.jpgрасадник 3.jpg

До кај успеаа да ја донесат Расадник, ти ебам луда работа. Наркоманско дувло у пм. Иначе тотално ван политички пост, мора да го пофалам чоечево као работи на позиција градоначалник на Кисела Вода. Кога сите градоначалници би терале вака градов би бил многу боља прича.
 
Последно уредено:
Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
1h ·

ГОЛЕМ ДЕН
❗️

КОНЕЧНО, ПО 30 ГОДИНИ СИ ЈА ВРАТИВМЕ САЛАТА ,,РАСАДНИК!”!
️

1f973.png
Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата Расадник.
☝️
Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција.
✌️
Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела #Македонија.
☝️
Почитувани, од денес вртиме нова страница во приказната за салата Расадник.
Од денес испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект.
1f534.png
⚫️
Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови.
Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот.
Нека е аирлија!
❤️


Прегледај го приврзокот 377921Прегледај го приврзокот 377922Прегледај го приврзокот 377923Прегледај го приврзокот 377924

До кај успеаа да ја донесат Расадник, ти ебам луда работа. Наркоманско дувло у пм. Иначе тотално ван политички пост, мора да го пофалам чоечево као работи на позиција градоначалник на Кисела Вода. Кога сите градоначалници би терале вака градов би бил многу боља прича.
Градоначалников можеше и мораше некако да го помогне ФК и РК Вардар до сега како тоа што го стори Аеродром. Посебно поради тоа што е навивач на Вардар. Но сепак не е доцна.
 
Градоначалников можеше и мораше некако да го помогне ФК и РК Вардар до сега како тоа што го стори Аеродром. Посебно поради тоа што е навивач на Вардар. Но сепак не е доцна.
Денес вети 50000 евра за Вардар , 15000 одма за плати и 35000 по ребаланс на општинскиот буџет
А човеков не лаже , парите сигурно ќе стигнат
 
Градоначалников можеше и мораше некако да го помогне ФК и РК Вардар до сега како тоа што го стори Аеродром. Посебно поради тоа што е навивач на Вардар. Но сепак не е доцна.

Еве помага.. за жал еден од ретките кои го прават тоа. Се надевам ќе се осветат и некои други, овие легендиве на клубот ( мислам на оние поимотните) треба да се срамат што во ваква ситуација не мрдаат со прст да помогнат колку можат. Ако сакаш и имаш желба можеш да помогнеш на многу начини, не само финансиски.
 
Мртвило на форумов, ко меѓу играчите. :(
Не чека ли уште еден потоп денес или ќе го истресат целиот бес на Алкалоид?
 
Многу нервоза, разочараност и немотивираност кај нашиве. Ако на тоа се додаде и лоша форма на некои кои ни беа главна сила, не би ме чудило да се мачиме и денес со Жика бојс. Оној Благојче Трајковски со нас увек се пали као мајмун као да нема друг натпревар во сезоната. Ако сакаме победа и да не се заебаваме ќе мора порано да го скршиме натпреварот, ако пак дозволиме да влеземе у неизвесен финиш пак ќе го јадеме.
 
Уста го гаѓам овој коментаторот од СМРТ , уште дрес од Алкалоид да облече, гнида една алкохоличарска
 
Томовски не да ги уништи,им уби секаква желба за ракомет,ноќеска пола од децава кошмари ќе имаат од него. :sekcza:
 
Штета за нашиве неискористени зицери. Ова можеше +7 да биде.
 
Вака да игравме во Автокоманда.... И Томовски вака да бранеше во Битола....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom