Нека се израдуваат и они малку,од 2005та немаат титула видено,убаво кажа коментаторот на почеток од натпреварот:"Да ти се родело дете кога Пелистер последен пат освоил титула,сега полнолетство ќе славеше".
Во меѓу време Вардар освои 2 Европски титули,неколку Сеха лиги и еден куп трофеи на домашна сцена,гостуваа гиганти од рангот на Барселона,Веспрем,Кил и паѓаа во Јане и Борис,се играше дерби со Металург што беше гледано и респектирано од цел свет,луѓе по светот почнаа за Вардар да навиваат,да формираат клубови,да прават дресови и се останато инспирирани од величината на Вардар.
Да не набројувам понатаму,ќе ми требаат денови да напишам што се постигна Вардар и каков бренд стана за овие 18 години додека во Битола гостуваа екипи како Пролет,Охрид,Тиквеш и така натаму,од време на време ако фателе некој Челинџ куп па да им гостува екипа од Босна,Чешка,Словачка и слично.
Оставете ги нека се израдуваат сега,спортски да им честитаме и тоа е тоа,нема потреба од плачење по судии,можеби на моменти претеруваа со "домаќинското судење" ама и тоа може да се прогледа низ прсти,да не бидеме лигуши после утакмица и да влегуваме во теории дека се е ова наместено против нас,како одредени луѓе од нивна страна кои се останати во времето негде 95-96та што правеа после натпреварот во Скопје.
Се надевам дека со сегашниве успеси ќе напреднат малку во таа смисла и ќе фатат некој приклучот со модерниот ракомет и општо спорт.
Ние титулата си ја загубивме уште во Автокоманда,кога група деца на чело со Кире и вечниот голман по треторазредни клубови во државава ни одржаа лекција по ракомет.
Денес натпреварот го одлучи тоа што не одигравме ништо во моментите кога имавме играч повеќе,на страна што имавме двојно повеќе исклучувања,ние нивните не ги искористивме ни малку,никаква воиграна акција не видов во тие моменти,тотална блокада имаа во главите,место да ја топиме разликата кога сме со играч плус ние играме дупло потешко и го пуштаме Батакот да изиграва Гомез Абељо во контри.
Сепак ни на крај памет не ми е да критикувам ниту еден наш играч,треба да сме свесни во какви услови е клубот и дека голем дел од овие играчи имаа побогати финансиски понуди пред да почне сезоната,а останаа лојални на Вардар под услов да играат само домашно првенство.
Бутин,Томи,Аларов,Марковски,Карапалески на сите ни е јасно дека ова се играчи што плафонот им е Суперлига,сепак тие се едниствените што може да ги имаме во овој момент,сите млади квалитетни играчи ги собра Алкалоид,за странци на сите ни е јасно дека не може да донесеме.
Со овие финансии и услови во кои е моментално Вардар и ова е премногу што успеваме да го постигнеме,за наредна сезона најбитно е ако може да се игра во Европа некако,само така ќе може да ги задржиме барем овие играчи што ги имаме,во спротивно за брзо ќе гледаме слична ситуација како во фудбалот.