- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.169
- Поени од реакции
- 4.770
- Возраст
- 29
Реално, сите знаеме каде ја загубивме титулата. Нема што многу да се замерува никому, едноставно тој беше капацитетот и квалитетот, изненадувачки високата победа во Скопје малку не залажа па се створи некоја лажна слика. Реално гледано, не сме послаб тим од битолчани, и веројатно сме нијанса поквалитетни споредувајки и стартерите, ама во лигашко натпреварување, поготово во ваква ситуација каде немаш право на кикс, а во Алкалоид па и Тиквеш и Охрид се појавија доста незгодни гостувања, долгата клупа и широкиот ростер се најчесто клучни. Едноставно претешко е да се потпреш на 3-4 поединци и од истите да очекуваш да ги одиграат сите минути, без притоа да имаат лош ден или отсуство ради повреда. Дополнително на тоа, се заборави и на немањето квалитетен тренер што е истотака составен дел од тимот, не дека Лазаров и двојката Шундо-Јовиќ се којзнае какви стручњаци и не дека Бутин правеше некои кардинални грешки па да се плука по него, ама јас најголемата разлика ја гледам во немањето авторитет и дисциплина, што највеќе се одрази на гостувањето кај Алкалоид.
Не е ништо страшно загубената титула, ќе дојдеше до ова порано или покасно со вложувањата на битолчани, така да нека им е честито, заслужено. Имаа и они мака на гостувањата со Алкалоид и Тиквеш, ама се извлекоа со тесни победи и на крајот тоа беше пресудно. Ние од несериозност изгубивме титула и од Металург, кога го имавме Раул на клупата и преквалитетен тим, така да оваа, плус-минус една не менува апсолутно ништо, после сите успеси што ги имавме. Поголемиот проблем, каде што треба да ни биде фокусот е, што со клубот и како да се продолжи во иднина. Прелошо е што сеуште сме во неизвесност околу долговите, забраната од ЕХФ, составот за следна сезона, а веќе сме на истек од сезоната. Штета што целиот фокус некако се стави на фудбалскиот клуб, па малку како да се занемарува РК и проблемите таму. Останува сега да се консолидираме, може со Тиквеш и да одмориме дел од првотимците затоа што на крајот за 2-рото место секако ќе одлучува дуелот со Алкалоид на домашен терен, да се фокусираме на дуелите со нив во лига и во куп и да се извлече максимум од сезоната.