- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 4.311
- Поени од реакции
- 10.874
Па ако му нуделе да биде 3 десен бек, а притоа има друга екипа која му нуди подобра улога (евентуално и повеќе пари), ти мислиш дека требало да прифати? Не знам ни зошто го барале во таква ситуација, секако им е бескорисен така, за 3 бек имаат друго уште помладо дете со потенцијал (Ставревски). А за начинот на одбивање, ако им кажал дека му е предизвик во бундеслига да оди, тоа е најкултурен начин да го одбиеш тој што ти нуди работа во таков случај...
Прво не знаеме кога му било нудено и како му било нудено. Друго, има голема разлика да кажеш дека имаш понуда и планираш да направиш транфер во Бундес лига, од тоа да одвалиш дека не ти е предизвик да играш за Вардар. Ја такви серковци не сакам во мојот клуб. Трето, подоле на странава убаво напишав што мислам и како мислам за потпишување на македонски ракометари во Вардар по секоја цена, така да не знам што упорно ми реплицираш и се обидуваш да ми ги оправдуваш и Талески и Серафимов.. Тоа е тоа,реков таа прича за мене е затворена. Се надевам дека ни едниот ни другиот нема да потпишат за Вардар. Пак ќе кажам, не дека имам нешо против нашиве туку дека немаат квалитет. Талески е рупа, а во Серафимов има капацитет ( што не значи дека ќе го биде, така беше и со Талески) но мислам дека не е за во Вардар ако сакаме повторно да се бориме за Ф4.Жалмо е да го земеш Серафимов, а го имаш Толедо на тацна. Со Серафимов како таков играч како замена на Криштопанс нема што да бараш. На крај краева на нашиве ракометари ете им го Еурофарм Работник, клуб кој ќе игра во Лига на шампиони, клуб кој ќе им даде шанса, па ете една причина помалце за вас кои по пропаѓањето на Металург а растот на Вардар како трн во око до ден денешен му ја стававте и ја ставате на маса причата за недостаток на мак. ракометари. Серафимов ако сака шанса нека си потпише лабаво за Еурофарм и ќе игра батице колку ти душа сака, па така и вие среќни и ние среќни.