Димитриоски може да одигра и како организатор на игра, да, но далеку е од некакво перманентно решение за таму.
Има предиспозиции да биде одлично крило, брзина, експлозивност, добар репертоар на удари и не му е потребен премногу простор за да даде гол. Првата работа која што треба да ја поправи е играта во одбрана. Втората работа е decision making-от, ако може така да се нарече. Сум го гледал во ситуации кои се доста чисти, "зицер" ситуации што би се рекло, заради тоа што сака да биде атрактивен во погодоците да донесе погрешна одлука за шутот кој треба да го изведе и да не постигне гол. Ова се ствари кои се карактеристични за млади играчи (особено кај крила), па постои многу простор за напредок во овој поглед.
Најголемиот прашалник кај мене е минутажата. Од кога е Тимур тука, неговите замени не можат да се пофалат со тоа дека многу изиграле, но тоа ќе зависи и од самиот него и од тренерот и од неколку други фактори. Ќе видиме.
PS. Според полскиот sportowefakty трансферот на Толедо во Вардар ќе се оствари, а во Висла како негова замена ќе стигне Игропуло.