Ајде малце поопширно.
Ова е успех што реално тешко е да се повтори. Момент што веројатно еднаш се доживува во животот. Посреќен ден за мене немало оддамна. Момент кој се чекал со години, да не речам цел живот. Многу од вас нема да се сложат, ама реалноста е дека ако вие се радувате и гордеете, а до вчера не знаевте ни домашна сала на Вардар која е, за нас ова е х10000 од тоа што вие го доживувате(ако и воопшто го доживувте, често се оди на вакви настани ради тренд).
Додека нашите врсници трошеа по дискотеки, додека се пијанчеа во кафани, додека излегуваа по кафиња многу од тие Комити жртвуваа пари, средства и време. Четврток, петок, сабота од 6 попладне до 6 сабајле се работело на кореографии, идеи, песни се идело по тренинзи, низ населба сме мобилизирале луѓе. Сме биле лишени од многу задоволства, ама барем јас никогаш не сум се пожалил и сега не се жалам.
Има една песна "Младоста моја ти ја дадов, и не ми е гајле затоа...". И така е. Зошто да се грижиме за сите пропуштени пијанки? Зошто да жалиме за сето време изгубено? АЛО ТИТУЛА, ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ СМЕ!!
И многу нема да го разберат овој менталитет, ама од првиот ден стапнат на утакмица сонуваш за врвот, играчите го достигнаа, а благодарение на нив и ние навивачите.
Е, сега што е проблемот и кај е болката. Уствари не е еден, има повеќе проблеми.
Дали навивачи на Барселона славеа затоа што Шпански претставник освоил ЛШ? Е, тоа се случува кај нас. Луѓе до вчера кои плукаа по Вардар денес објавуваат слики, статуси, лајв стримови МОЈ ВАРДАРЕ, ГОРДОСТ НАША. Ма носи се у пичку матер. Вардар не е твој, не е ни твоја гордост. За таквите Вардар е гордост само денес, од утре по старо и кој го ебе Вардар. И таквите утре ќе ти исправаат криви дрини ќе ти кажува кој е Вардар, а 5 играчи напамет не знае.
Преку кур со илјада Македонски знамиња. Ова не е репрезентација, ова е клуб. Нормално е да има Македонски знамиња, ама ОГРОМЕН минус е да нема Вардарови знамиња и обележја. Ама вината е кај самите луѓе. Јер немаат обележја Вардар. А, зошто немаат? Затоа што до вчера истите беа во Автокоманда, затоа што истите утре и Шкендија да направи ракометен тим ќе идат ќе слават. Не ме јеби бе, не може да имаш емоции за 2 тима. Не може јас да се радувам затоа што Пелистер иде у Ф4. Да мило ми е, ама во никој случај не би излегол на улица нити пак ќе одам на пречек да ги славам. Затоа се додека постојат вакви луѓе хемијата играч-навивач никогаш нема да се сфати од тие луѓе.
Кој кур е бе Орце да добие медал? Кој кур е Коце, или Давор? Со кој образ излагаат на бина и да почнуваат песна? Со кој образ они кажуваат ова е за вас, без вас ова немаше да биде возможно? Истите тие се меѓу најголемите виновници за празните трибини и уништувањето на групите. Едниот со партијата изврши најголеми притисоци врз членството, а другиот затвараше врати. И сега истите имаат образ да се обратат пред оние што животот го посветија на Вардар. АЛООО РАТКО КАПУШЕВСКИ го скандираа. Зини земјо голтни ме. Вмровчето што на секој митинг е до паторот. Куртонот што за куп направи карти 400 денари. Ради мочаната партија го бутнаа менаџерче и тој ми излегува на бина. Класично правење мајмуни.
За водителите има ли потреба да се коментира? Имаш 20.000 народ пред тебе што неколку пати те прекинува у зборење и ти пробуваш пак да ги анимираш со песна. Не бе другари, напуштете бина и оставете публиката да води атмосфера. Фала богу не сме маалски клуб со 100 навивачи, туку со 1000. Има кој да води песна и атмосфера. Бевме принудени да го слушаме нивното пискање и да ги гледаме вештачките насмевки демек среќни сме за Вардар, а сиротите пари лапнале за да го прават истото.
Е, затоа никогаш нема да не биде. Односот играчи-навивачи го нема. Не велам не, има вина и во Комити и тоа многу. Ама веќе долга тема е и тоа да се почне. Тој што беше на Кале т.е. на аеродром кога играчите се враќаа од победата против Хамбург имаат претстава што е дочек. Ноќно време 400 луѓе без никакви информации собрани пред аеродром. Излегуваат играчите, ни полиција ни редари не можат да те спречат. Стампедо кон аеродром. Песна, атмосфера, радост, емоција, ежење беше внатре. Од тука упатување кон Кале и полнење цела трибина. Довикување со играчи, песна. Вардар и никој друг. Ни Орце ни Ратко ни Давор ни Македонија. ВАРДАР.
Да не ја расипуваме атмосферата, ама реалноста е оваа. Срамота и за управа и за град Скопје и за Комити. Не доликува вакви шампиони вака да бидат пречекани.
Поздрав до поубави времиња.