Прво и основно, доаѓа ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН и овие дочекот го закажуваат на пладне во работен ден.
Второ, веќе сте кажале, ПЕСНИТЕ.



Што кур има врска Вардар со излези момче и со слични песни??? Комити тотално запоставени, обележјата на клубот исто така.
Трето, химната ја пееше Лоба... Од толку пејачи во земјава они на неа и доверија и исфалшира за сите пари. Ај ок, не сме на аудиција па да замараме за тоа али ако веќе организираме нешто треба да биде се под конец пошо ипак европски шампиони дочекуваме, а не рибари.
Четврто и најдно од се, водителите.




Како може МИЛКОВСКИ и ИРЕНА да ги ставиш да ти пречекуваат европски прваци?? Ниту се некакви шоумени ниту имаат поима од животот. Едноставно тие се новинари и тоа е тоа.
Памтам како вчера да беше, Игор Џамбазов ја правеше најавата на ФК Вардар против Спарта Прага пред којзнае колку години беше, кога изгубивме дома 2-3. Страшна атмосфера направи човекот, како на мечевите на Наполи да се наоѓав.

Знам дека има многу што го хејтаат Игор ама само како пример го земав чисто да доловам на што мислам.
Срамота е, еднаш пречекуваме европски шампиони, мала и мизерна земја сме и вакви настани се случуваат еднаш во 20-30 години. Ракометарите требаше да добијат многу подобар третман и пречек од денес али тоа е, слика и прилика колку сме способни нешто асално да направиме.