Фактички, се повторува истиот проблем од лани, кој не требаше да се повтори. А тоа е лоши резултатир заради замор, кој иде од недоволната ротација.
Всушност, сега има ротација, ама не со тој квалитет со кој се очекуваше. Во почетокот на сезонава кога тимот газеше и кога таа ротација служеше да ги одмори првотимците во 1/3 од мечот, си идеше одлично. Но кога дојде ред таа ротација да ја земе топката во свои раце и да го носи тимот на грб, потфрли.
За Циндриќ се е кажано, дефинитивно најголемо разочарување од засилувањата. Марсениќ почна да игра нешто на последниве утакмици. Од Маќеда толку и можеше да се очекува реално, во одбрана си ја изврши работата на ниво, во напад за толку е способен. Душебаев прегоре брзо, исто ко лани, сега сигурен сум дека ќе гази после јануари пак. Прегоре и Тоска, а Марсениќ и Столе не беа на нивото да го заменат. Шишкарев исто одлично почна па скроз падна во форма, Брумен е на тоа подпросечно ниво цело време... На Игор па ова му се дешава трета сезона веќе по ред ако не се лажам, ќе биде најдобар плејмејкер во светот, ќе се повреди и после дури се стабилизира му треба доста време.
Значи ако ја сумираме полусезонва, тимот ги има истите вируси како лани, ради повреди на првотимците и некои недоволно опоравени лани се загубија двата меча против Веспрем во ЛШ и Мешков во СЕХА.
Да се собере на лев бек некој играч кој ептен би допридонел во тимот, а не веќе пензионери ко Рутенка, би бил одличен потег а и задолжителен ако тимот сака да победи на гостувањата кои следуваат од февруари.