Фан клуб - РК Вардар

Брат, не ме сфаќаш. Јас разбирам зошто не го сакате, не разбирам зошто не му давате шанса да се извади. Тој (сега фиктивен) гол за ЛШ ќе биде вадење за се’ што направил. Излага дека ти си безгрешен човек бе брат и дека никогаш на никој со ништо не си му згрешил. Никој на никој не си му побарал прошка?
100% имаш правилни одлуки во живот? Со исти другари си од раѓање и никогаш никој не си навредил/не си се степал/не си му опцул мајка у нервоза?

Разбирам дека изел гомна, не го разбирам тоа „никогаш нема да му простам“. Никаде не реков дека треба со раширени раце да го пречекате. Треба да го измачите за да ја добие вашата поддршка, макар била минимална ама тоа „никогаш“, не можам да го сфатам.
Не бе далеку дека сум безгрешен, само не лижам кај што сум плукал.
Јас коа ќе кажам никогаш за мене буквално значи никогаш, пример сум кажал дека никогаш нема да навивам за тие Металург ни како подршка за подобро на мак ракоемтот, и никогаш сварно не навивав и нема ни да навивам.
И најглупо ми е да се мешаат други играчи во ова, со тоа ризикуваат и они да изгубатт кредибилтет. ќе го посочам Столе, се меша кај што не му е работа, едноставно треба да си остане во ова настрана како и сите останти, пошо ова е помеѓу навивачите на Вардар, не само Комитите туку сите вистински навиавчи на Вардар и тоа копилето. Како ќе се реши ситацијата никој не знае, јас навивам за најбезболното решение да си отиде уште утре. Така и ние задоволни и он мирна глава.
 
Гледам за утрешниот натпревар 100 денари карта ќе било ако се купи после 19ч.

Што се однесува за Манасков, дека е лигле и гнида е, дека треба да им се извини на Комите и на Вардар како клуб, треба, но дека има квалитет да игра на највисоко ниво има.
Што се однесува до прашањето на Пеџа, моментално е сигурно во топ 3 млади леви крила, со огромен простор уште да напредува, кое ќе зависи најмногу од него. Во Германија за само пола сезона многу напредна во офанзива, на некои натпревари беше и прв стрелец за Вецлар, да останеше мислам дека за две до три години ќе беше крило по кое ќе се тепаат најсилните клубови, овде мислам дека ќе го нема тој напредок од причина која што се вика ( водење на правилен спортски живот ) и се што се подразбира под тоа.

Но, и дека можеше управата на Вардар да направи компромис заради добро познатите причини и релацијата Комити - Манасков - Вардар, можеше.

Ипак знаеме какво значение имале/имаат Комити за РК Вардар и порано и сега.
 
Де бе, милион случаеви има каде што преоѓале од Реал во Барса, од Барса во Реал, од Милан во Интер и обратно, и да не набројувам натака, па искрено немам видено до сега некого да избркаат самите навивачи. Значи вакви работи се дешаваа и во МЗТ и затоа клубот патеше одредено време. Не може навивачите да ги бираат играчите и да кажуваат кој да игра, а кај нас за жал има вакви пиздарии и затоа се дешаваат триста срања.

Јас се слагам со Пејо, и искрено ко фан на Вардар и јас сум му лут за тоа што го зборел, али не гледам зошто он не би се извадил за тоа што го кажал со добра игра на теренот и многу постигнати голови. Ајде нека ми дојде тој фраер кој нема да се израдува на гол за победа во ЛШ. Тоа според мене е силење преку тастатури, сите знаеме каков ќе биде епиллогот ако се деси такво нешто.

Што знам, некако многу се претерува во врска со него, остајте го нека се докаже на терен па после ќе му судиме.
 
@Stefan-kobe тоа е јасно, меѓутоа ниеден играч пред да направи трансфер во клубот, не плукал по него. Додека сите такви како овој лингурот, самите раководство биле свесни и не ги купувале, па затоа и не дошло ситуација да навиавчите бркаат некој играч од клубот.
 
@Stefan-kobe тоа е јасно, меѓутоа ниеден играч пред да направи трансфер во клубот, не плукал по него. Додека сите такви како овој лингурот, самите раководство биле свесни и не ги купувале, па затоа и не дошло ситуација да навиавчите бркаат некој играч од клубот.
Абе тоа не може да го знаеме реално. Фиго кога отиде од Барса во Реал немаше социјални мрежи, али далеку од тоа дека додека бил во Барселона зборел за Реал дека е многу фин тим и дека премногу ги почитува.
 
Стефан, МЗТ тие играчи можеше да си ги дозволи тоа беше плафонот, Вардар може да бира од европскиот крем. Тоа е разликата. Иначе не е само кај него кривицата туку и кај копитата во управа. Одговорност и од нив треба.
 
Не зборам за сега Димче, туку за претходните години. Нема да именувам, не е битно тоа, битна е поентата. У МЗТ не беше муабетот дека играл за ривалски тим и плукал по МЗТ него дека изиграл две слаби партии на почетокот на сезоната и му ебеа стомајки, го бркаа од тимот. Не се они тие кои треба да одлучуваат за играчите.

Инаку се надевам дека некогаш ќе сфатиш/те дека управата не се замара премногу што ќе кажат од страна, гледа да ги задоволи апетитите и барањата на тренерот. 21 век, 2015 година, тоа е. :toe:
 
Да ама во Европа е така :D Во Македонија Раул сакаше едно, доби друго :)
 
Додека сте се карале на темава, ФК Вардар играше утакмица и можевте да дојдете на трибина па да дебатираме :kuracc: Ебаве Вардарците ебаве :kuracc:

Еве како се прави тоа во странските клубови :D
http://www.sportskeeda.com/football...-after-discovering-insulting-tweet-about-club

:icon_mrgr:

Имаше слична ситуација во НБА сезонава, Лејкерс драфтуваа играч кој имаше изјавувано доста погрдни зборови за Коби Брајант па никому ништо, немаше никаква особена реакција освен краток твит со нешто налик на извинување.

Мислам дека премногу се замарате со некакви "емоции" а премалку со ракомет.

И џабе споредувате со фудбал. Во фудбал, ако не направиш трансфер во еден тим ќе направиш во друг. Има еден куп тимови кои имаат пари, можности, амбиции... И обратно играчи има милион кои може да ти бркаат работа. Во ниту еден друг спорт не е така - можностите и од едната и од другата страна се многу лимитирани и ваквите ситуации се сосема нормални и никогаш порано не сум видел кревање на толку фама околу вакво нешто.

Се знае како ќе се заврши - ако игра добро поголемиот дел од луѓето кои на еден или друг начин навиваат за Вардар ќе бидат задоволни со Манасков и ќе го "засакаат", макар и бил пцуен вечно од најхардкор Комитите. Ако не игра добро сите ќе го пцујат.

Едно е јасно за кариерата на Манасков ова е многу лош потег, но тоа воопшто не значи дека е лошо за Вардар. Вардар има солидни шанси да добие.

П.С. Знам дека нема да се разбереме со повеќето (не ни очекувам) ама искрено јавно да навредуваш играч на клубот за кој навиваш (особено на натпревар во сала) за мене е несфатливо. Можеби грешам ама мене ми изгледа како повеќе да се грижите за вашиот имиџ како навивачи отколку за клубот.

А дека треба Манасков јавно да се извини за глупостите што ги пишувал како дете, тоа нема збор под итно треба да го направи.
 
Дека е грешка тоа што Манасков дојде во Вардар апсолутно се согласувам само една работа е некако непозната колку пари се дадени за тој трансвер сигурно играло тоа голема улога ама се плашам дека ќе биде ко Филип Лазаров капитен со вкупна минутажа од 5-6 минути дали и толку.
 
"[Deportivo] believes that a player deserves to wear the blue and white shirt if he's an example of sportsmanship, respectful of their rivals, committed and has positive feelings toward Depor, it's colours, it's crest and those values that represent this institution."


Enough said...
 
Дека е грешка тоа што Манасков дојде во Вардар апсолутно се согласувам само една работа е некако непозната колку пари се дадени за тој трансвер сигурно играло тоа голема улога ама се плашам дека ќе биде ко Филип Лазаров капитен со вкупна минутажа од 5-6 минути дали и толку.

Водачот се познава во тешките моменти како со Хамбург кога капитенот ја изигра капитенски.Освен Прибак додека беше во Вардар не гледам ни кој друг би можел да биде капитен.А и со Петриќ што се случи,оздраве ли да се врати конечно?
 
Последно уредено:
Шо сторивте бе море, 10 страни напишавте за факинг Манасков :icon_lol:
Ќе видите како ќе го љуби амблемот на Вардар за некоја утакмица и он, ко другар му ушлето. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom