Подобри резултати носат повеќе фанови кои се палат само кога тимот е јак и голем дел од нив доаѓаат пошто е тренд да се доаѓа на ракометните утакмици на РК Вардар.
Она што го немаа Металург, а го имаме ние е навивачка група која може да ги анимира овие фанови и да ја крене цела сала на нозе, без разлика кој седи на столчињата на неутралната трибина.
Девојчиња што ќе се сликаат со играчите секогаш имало и ќе има, затоа што како што ние сме имале идоли во детството, така имаат они. Плус сега е друго време, ќе се слика со Дибиров, ќе собере лајкови, ќе биде главен фраер/ка во маало. Во наше време, одиш со постер, земаш автограм и си го урамуваш во соба...
Наша цел треба да биде дел од тие фанови (дури и најмал процент) да ги направиме да живеат за клубот, да ги привлечеме и во иднина кога клубот не дај боже доживее бродолом, сеуште да одат на трибините. Сите ние сме почнале по дербиња да одиме. да не одел некој на сите утакмици до пред 5 години? Сите одевме од Пелистер на Пелистер, па од Металург на Металург и Европските утакмици...
Со тек на време сме го засакале клубот и сега сме таму каде што сме, не пропуштаме утакмица во сезоната.
Треба да им се даде шанса и на новопечените фанови. И мене ме нервира што се прават експерти, и мене ме нервира што кажуваат како треба да биде и не го почитуваат мислењето на оние кои подолго време го следат клубот (го следат во права смисла на зборот, а не површно), ама тоа е тоа...
Ако им тераш инает и ако ги вреѓаш, сигурно нема да испадне од нив, тоа што посакуваме да испадне, туку ќе останат пластик фанови како што биле и претходно.
Случаи како овој со Манасков имало и порано.
Диви беше Чкембар најголем, сите го мрзевме во Вардар. После тоа премина кај нас и не беше прифаќан на почетокот, за да премине и во Металург, па пак да се врати и сега да му се скандира константно неговото име.
Борко?
Борко мајмуне, свињо дебела, на секој натпревар скандиравме, дури и кога беше на трибините кога Вардар играше со сосема трета екипа.
Дојде кај нас и како го испративме?
Козлина исто јадеше гомна, па лани никој не му свирел кога дојде кај нас.
Секое чудо за три дена, ако заигра убаво Манасков кај нас, сите ќе му аплаудираме...
И јас не се согласувам со неговиот трансфер, мислам дека не е тоа што ни треба на нас, иако има перспектива за во иднина. Да не се повторувам, ист тип на играч е со Дибиров, со тоа што во моментов Дибиров е вонземјанин за сите леви крила на планетаваа, а камоли за Манасков. Дибиров почна да игра и одбрана, а тоа беше страната во која Марковиќ подобро покриваше.
Манасков е дупе одбрана, во напад не може да придонесе колку Дибиров...
Млад е и му дише главата, досега не оставил впечаток (вон терените) дека е сериозен во намерите да просперира (иако игрите во последниов период покажуваат нешто друго), па не се знае во каков играч ќе се изделка.
Од мене добива свирежи на првите натпревари, но ако заигра пожртвувано и со срце во нашиот дрес, можеби во иднина ќе сменам мислење.
Боли тоа што играчот кој се курцаше, правеше пируети против нас во крајни секунди, покажуваше курови, ќе замени играч кој срце остави во Вардар, особено што сите сметаме дека овој трансфер можеби нема моментално да ни донесе некои придобивки.
Од клубот гледаат на зголемување на популарноста, можеби мислат и на иднината, меѓутоа требало да мислат малце и на навивачите, особено што носат играч кој е омрзен меѓу нив.
Досега не направиле некоја поголема утка во трансферите и малце претерувате кога викате дека немало многу хемија во тимот и хемија со навивачите. Играчите знаат кој им е верна сенка, знаат кое е значењето на Комити за клубот и за мене ништо не е сменето од овој Вардар и оној од пред две години.
Замина Вујо, ама донесовме тренер кој е тактички веројатно и подобар од него. Раул склопи топ игра, иако немаме некои ѕвездени играчи, газиме во Европа што мене особено ме радува.
Демек не е добра атмосферата на наша трибина во оваа сезона, па нешто се сменило од времето на Михо?
Ако присуство на пластик фанови ве натера да не доаѓате на натпреварите, не знам што да додадам
