- Член од
- 11 ноември 2012
- Мислења
- 1.459
- Поени од реакции
- 4.514
@Коњаникот Сабја - Дуелот Вардар јуниор - Борец се игра утре од 16.00 часот, во СРЦ "Кале".
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Што кур не го пушта Марковиќ да игра бе?
3 утакмици по ред паркет нема осетено.
НормалноСе кладам во што сакате дека Сабја ќе одвои 4-5 реда со пофлаби за Кристофанс.
п.с Штербик како на мали деца да им бранеше...ѕверотиња.![]()
Добивав вакви комплиментиМене уште не ми се верува кога го гледам во сала .... Некој пред некоја година да ми кажеше дека Штербк ќе брани за македонски тим, ќе мислев дека го пуштиле на викенд од Бардовци.
Друже, а што викаш за ова?Dobro sea neznaci odma so vlasta vaka taka. Mnogu na mesto prilog ne gledam sto treba da se kritikuva toa i da se zbori kirii, gazdi vlasti causi![]()
Не заебавајте бе, не беше толку лош Терзиќ оваа утакмица. Не почна баш добро, ама се поправи како се одвиваше утакмицата. Втор стрелец заедно со Прибак, неколку асистенции до крилата, а имаше и неколку седмерци изнудено. Нормално дека е далеку од спремен да не води во утакмици како против Монпеље, ама на ова ниво е сосема океј.
Криштопанс е прав бомбардер од 9 метри. Чим на ваква одбрана и со вакви соиграчи успеа да го избуши расположениот Штербик, сигурно би бушел и во Вардар. Меѓутоа не знам колку добро би играле заедно Криштопанс со Горбок и Лацковиќ кои се исто така шутери.
Не мора да значи дека треба сите шутери во исто време да играат на теренКриштопанс е прав бомбардер од 9 метри. Чим на ваква одбрана и со вакви соиграчи успеа да го избуши расположениот Штербик, сигурно би бушел и во Вардар. Меѓутоа не знам колку добро би играле заедно Криштопанс со Горбок и Лацковиќ кои се исто така шутери.
Не мора да значи дека треба сите шутери во исто време да играат на терен
Според мене кога веќе имаме финансиски средства убаво е да има разноврсни играчи на секоја позиција. До лани на нас најголем проблем ни беше немањето бомбардери, односно играчи кои и да им ја процени топката противничкиот голман, пак не може да ја фати, затоа што е факинг бомба
Играч кој од 9 метри ќе се крене на шут и ако се крене, ништо не го спасува противникот.
За да дојдат такви играчи до израз, мора да има и некој брз и пробивен играч како Карачиќ или Душебаев.
Тие се типови на играчи кои ако ги оставиш во дуел еден на еден, лом ќе те направат, затоа противникот е приморан да удвои, и тука од позадина се појавува бомбардерот, кој прима топка од оној кој навлекол повеќе играчи, добива шанса да се крене и реализира.
Ние се мачевме до оваа година, бидејќи немавме никој што може да ја одигра таа улога, па Лазаров ни беше најголем шутер во екипата
Затоа сите акции одеа по крила и пикер, бидејќи оние кои навлекуваа играчи потоа проигруваа до осамените крила или ја протуруваа топката до пикерот.
Лазаров подава до пикер откако со една иста финта го навлекува чуварот на нашиот пикер да искочи малце понапред, додека Прибак го прави истото, но во најголем дел од случаевите топката оди на крило.
Слично прави и Душебаев со десното крило, само што Душебаев знае и брзо да смени траекторија и сам пред гол да искочи. Истата предност ја има и Карачиќ, со тоа што он е маестрален во менувањето на топката од една рака во друга, па може да погоди од која страна сака. Голема предност му е тоа, исто како и изненадниот шут од зглоб.
Нема сигурно во исто време на терен да бидат Горбок, Лац и Кристопанс (по претпоставка дека он би ни бил бекот шутер), затоа што нема кој да ја води играта. Лац игра убаво ако има уште еден подвижен играч во нападот, нема шанси да ја изработи задачата на Карачиќ, Прибак или Душебаев, во случај кога би имал вакви партнери во нападот. Таква постава би била лесен залак за противникот, бидејќи одма би биле затворани од противниците уште пред да се дигнат на шут.
Ние добивме одлична ротација на лев бек, Прибак и Карачиќ истотака знаат да покријат од таа страна ако фали пробивен играч, Лац покрај Карачиќ исто врши доста работа ако имаш одбрана која се пробива со побрзи и пробивни играчи, а за спортивната одбрана го имаме Горбок кој може да буши од далеку.
Плус и Фичо и Растворцев се тука
Проблемот доаѓа на десно. Се е океј кога имаме одбрана која нема лек за пробивни играчи од типот на Душебаев кој ни игра на таа позиција, лошо е кога нема кој да се крене на шут од тоа место. Душебаев знае да изненади, ама сепак сме виделе како против Металург на пример едноставно го гуши нападот и прави доста грешки. Бекот бомбардер секако би му бил резерва, ама и те како и е потребен на оваа екипа. Да не правиме муабет што ако се повреди Душебаев ќе имаме големи проблеми. Остануваме само на Терзиќ, а Терзиќ реално освен за во СЕХА лига, за другите мечеви е некорисен. Единствена светла точка му е шутот под блокот.
Затоа тука ни треба играч од типот на Лазаров, Кристопанс, Марковиќ, па и ако веќе се одлучуваат за некое помладо име, Степанчиќ од Загреб е добро решение.
Додуша Македа е веќе капарисан, ама сепак не би било лошо и три играчи да имаме за оваа позиција (Петриќ и Терзиќ треба да си одат) за во иднина.