Фан клуб - РК Вардар

Што кур не го пушта Марковиќ да игра бе?
3 утакмици по ред паркет нема осетено.

Повреден е. Затоа минатата со Раднички играа со Недановски.

Задоволителна публика во сала овој пат иначе, коментар повеќе ќе дадам после.

П.С.
Нека дојде Сабја да ја каже познатата "Татран го направивме катран" :D
 
Се кладам во што сакате дека Сабја ќе одвои 4-5 реда со пофлаби за Кристофанс.:D

п.с Штербик како на мали деца да им бранеше...ѕверотиња. :cuc:
Нормално :icon_mrgr:

Има ли некој што уште ќе ги оспори неговите квалитети? :icon_mrgr:
Едноставно Кристопанс е решението за резервен десен бек. Како што на лево го имаме бомбардерот Горбок, таа улога на десно совршено би му одговарала на Кристопанс.
Порано повеќето викаа не бил подвижен едно друго, ете ослабе и далеку поподвижен е во моментов, плус игра во два правци, што истотака е голем плус.
Штербик само на него не успеа да му ги фати бомбите, 8 гола ни закачи :свиркам:

Доаѓањето на Штербик за 50% ја покачи силината на нашиот состав. Ги откажа уште на старт. Додека Диви и Милиќ пет одбрани не може да соберат за едно полувреме, Штербик ги собра за 4 минути.
Ги отишавме од старт и ја направивме утакмицата не интересна со серијата од 5-0. Првиот гол го дадоа од пенал некаде во 7-мата минута.
Нормално е дека во текот на мечот понатаму ќе има осцилации, затоа и ни ја топат разликата до крај, ама импресивно е што од самиот старт го декласираме противникот, нешто што беше случај на сите досегашни мечеви особено во Јане.
Дибиров изигра одлична утакмица, со само еден промашен удар од седум метри, и високи 10 погодоци. На бековски позиции сите играчи се сменија, само Растворцев мислам дека не доби којзнае каква шанса во нападот. Од бековите Прибак мислам дека имаше највеќе погодоци, ама сепак некако не беше баш во елемент. Скоро ниедна додавање не му успеа на пикер, а и доста се заглавуваше при влезовите. Карачиќ имаше еден многу јак влез и погодок :icon_mrgr:
Лац, Горбок и Фичо здрвија по некој гол од далечина, а Лацковиќ мислам дека полека фаќа добра форма. Терзиќ како осамен десен бек, почна лошо, но потоа погоди неколку добри шутеви со шут под блокот. Ако не се лажам на крај имаше 4 погодоци.
За Дибиров немаше замена, Брумен и Шишкарев поделија минутажа и се покажаа во солидно светло.
Овојпат имавме три пикери во составот кои подобија подеднаква шанса и мислам дека сите постигнаа погодоци.
Диви бранеше 20-тина минути, на почетокот една топка не фати, при крај за секоја одбрана примаше овации, особено за пеналот кој го фати и за една топка по која се фрли пожртвувано за да ја исфрли во аут.

Татран секогаш ни бил заебан противник, чим вака рутински ги совладавме, значи на прав пат сме :icon_mrgr:

Во сала веројатно имаше дупло повеќе публика од минатиот пат, искрено за мене ова е солидна посета за СЕХА лига...
 
Тешко нас ако останеме подолго време без Алекс на десна бековска.
Терзиќ незнае кај тера човекот. Нит знае да прати игра, лоши пасови дава, наместо да ја даде на крило он иде пробив прави. Целосно изгубен, лоша соработка со среден бек, крило или пикер. Стварно незнам шо ќе праиме на таа позиција сезонава ако Алекс падне на форма или се повреди.
 
Уште кога го потпишаа Штербик се знаеше, лесно е да се игра ракомет со ваков голман. Мене уште не ми се верува кога го гледам во сала .... Некој пред некоја година да ми кажеше дека Штербк ќе брани за македонски тим, ќе мислев дека го пуштиле на викенд од Бардовци.
 
Последно уредено:
Мене уште не ми се верува кога го гледам во сала .... Некој пред некоја година да ми кажеше дека Штербк ќе брани за македонски тим, ќе мислев дека го пуштиле на викенд од Бардовци.
Добивав вакви комплименти :D
 
Не заебавајте бе, не беше толку лош Терзиќ оваа утакмица. Не почна баш добро, ама се поправи како се одвиваше утакмицата. Втор стрелец заедно со Прибак, неколку асистенции до крилата, а имаше и неколку седмерци изнудено. Нормално дека е далеку од спремен да не води во утакмици како против Монпеље, ама на ова ниво е сосема океј.

Криштопанс е прав бомбардер од 9 метри. Чим на ваква одбрана и со вакви соиграчи успеа да го избуши расположениот Штербик, сигурно би бушел и во Вардар. Меѓутоа не знам колку добро би играле заедно Криштопанс со Горбок и Лацковиќ кои се исто така шутери.
 
Ништо не се споредуваше со овациите за головите на Вилипче :LOL:
 
Не заебавајте бе, не беше толку лош Терзиќ оваа утакмица. Не почна баш добро, ама се поправи како се одвиваше утакмицата. Втор стрелец заедно со Прибак, неколку асистенции до крилата, а имаше и неколку седмерци изнудено. Нормално дека е далеку од спремен да не води во утакмици како против Монпеље, ама на ова ниво е сосема океј.

Криштопанс е прав бомбардер од 9 метри. Чим на ваква одбрана и со вакви соиграчи успеа да го избуши расположениот Штербик, сигурно би бушел и во Вардар. Меѓутоа не знам колку добро би играле заедно Криштопанс со Горбок и Лацковиќ кои се исто така шутери.

Karacic e tuka da gi razigra, ili Pribak. Dobro ni dosol Kristofans bas toa i jas razmisluvav. Dali ima pravo na nastap u LS deka Tatran igraa kvalifikacii
 
Криштопанс е прав бомбардер од 9 метри. Чим на ваква одбрана и со вакви соиграчи успеа да го избуши расположениот Штербик, сигурно би бушел и во Вардар. Меѓутоа не знам колку добро би играле заедно Криштопанс со Горбок и Лацковиќ кои се исто така шутери.
Не мора да значи дека треба сите шутери во исто време да играат на терен :D

Според мене кога веќе имаме финансиски средства убаво е да има разноврсни играчи на секоја позиција. До лани на нас најголем проблем ни беше немањето бомбардери, односно играчи кои и да им ја процени топката противничкиот голман, пак не може да ја фати, затоа што е факинг бомба :icon_mrgr:
Играч кој од 9 метри ќе се крене на шут и ако се крене, ништо не го спасува противникот.
За да дојдат такви играчи до израз, мора да има и некој брз и пробивен играч како Карачиќ или Душебаев.
Тие се типови на играчи кои ако ги оставиш во дуел еден на еден, лом ќе те направат, затоа противникот е приморан да удвои, и тука од позадина се појавува бомбардерот, кој прима топка од оној кој навлекол повеќе играчи, добива шанса да се крене и реализира.
Ние се мачевме до оваа година, бидејќи немавме никој што може да ја одигра таа улога, па Лазаров ни беше најголем шутер во екипата :icon_mrgr:
Затоа сите акции одеа по крила и пикер, бидејќи оние кои навлекуваа играчи потоа проигруваа до осамените крила или ја протуруваа топката до пикерот.
Лазаров подава до пикер откако со една иста финта го навлекува чуварот на нашиот пикер да искочи малце понапред, додека Прибак го прави истото, но во најголем дел од случаевите топката оди на крило.
Слично прави и Душебаев со десното крило, само што Душебаев знае и брзо да смени траекторија и сам пред гол да искочи. Истата предност ја има и Карачиќ, со тоа што он е маестрален во менувањето на топката од една рака во друга, па може да погоди од која страна сака. Голема предност му е тоа, исто како и изненадниот шут од зглоб.

Нема сигурно во исто време на терен да бидат Горбок, Лац и Кристопанс (по претпоставка дека он би ни бил бекот шутер), затоа што нема кој да ја води играта. Лац игра убаво ако има уште еден подвижен играч во нападот, нема шанси да ја изработи задачата на Карачиќ, Прибак или Душебаев, во случај кога би имал вакви партнери во нападот. Таква постава би била лесен залак за противникот, бидејќи одма би биле затворани од противниците уште пред да се дигнат на шут.

Ние добивме одлична ротација на лев бек, Прибак и Карачиќ истотака знаат да покријат од таа страна ако фали пробивен играч, Лац покрај Карачиќ исто врши доста работа ако имаш одбрана која се пробива со побрзи и пробивни играчи, а за спортивната одбрана го имаме Горбок кој може да буши од далеку.
Плус и Фичо и Растворцев се тука :)

Проблемот доаѓа на десно. Се е океј кога имаме одбрана која нема лек за пробивни играчи од типот на Душебаев кој ни игра на таа позиција, лошо е кога нема кој да се крене на шут од тоа место. Душебаев знае да изненади, ама сепак сме виделе како против Металург на пример едноставно го гуши нападот и прави доста грешки. Бекот бомбардер секако би му бил резерва, ама и те како и е потребен на оваа екипа. Да не правиме муабет што ако се повреди Душебаев ќе имаме големи проблеми. Остануваме само на Терзиќ, а Терзиќ реално освен за во СЕХА лига, за другите мечеви е некорисен. Единствена светла точка му е шутот под блокот.
Затоа тука ни треба играч од типот на Лазаров, Кристопанс, Марковиќ, па и ако веќе се одлучуваат за некое помладо име, Степанчиќ од Загреб е добро решение.
Додуша Македа е веќе капарисан, ама сепак не би било лошо и три играчи да имаме за оваа позиција (Петриќ и Терзиќ треба да си одат) за во иднина.
 
Нормално дека не мислев дека сите шутери ќе играат заедно. :) Горбок или Лацковиќ на лев, Карачиќ или Прибак на среден и Криштопанс на десен да речеме. Во тој случај имаме двајца шутери и еден пробивен играч што според мене не е баш идеално за добра одбрана. Моментално имаме многу јак и идеален напад затоа што имаме двајца пробивни играчи со Дујшебаев, така што би се осетило разлика во движењето на топката. Ај Лацковиќ дур би играл може нема да се осети статичност затоа што знае и он да влезе на 7, ама Горбок е класичен шутер. Македа е исто така шутер меѓутоа попробивен и од Лацковиќ.

Терзиќ е сеуште многу млад, има само 20 години. Како трета опција наредна сезона би бил океј иако Криштопанс е каде каде боље и совршен за трета опција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom