Дај бе одморете со коментарите кои немаат врска со темата за РК Пелистер, па после ќе се чудите и ќе критикувате зошто ви се бришат постовите?
Размислете подобро зошто Ви се бришат постовите, не треба многу размислување.
Кој Вардар, која историја на РК Вардар, кои бакрачи.

Ова е тема за РК Пелистер и се шо е поврзано со клубот РК Пелистер.
За РК Вардар, шо бил пред 1991, или што е сега, дали е интергалактички шампион или не, на никој на оваа тема за РК Пелистер не му е, и не треба да му е гајле.
Си имате посебна тема за РК Вардар таму образложувајте теории и слични аргументации.
А, реално и останатите досега напишани постови во врска со легендарната платформа се во спам категоријата, со оглед на тоа што сеуште нема официјална потврда шо ќе се случува со клубот.
Така да, стрпете се од коментари, критики и останато, се додека не се официјализира работата и да знаеме на што сме.
Вака како што стои работата Пелистер моментално е оставен како некои стари патики кои никој не сака да ги носи, никој ништо не знае, досега од толку прашина што се крена останавме на неколку изјави од политичарите Корлето

,Валентин Груевски, писмено штуро соопштение од градоначалничката и еден бел лист на хартија со содржината на легендарната платформа, без печат и потпис од Еурофарм, ниту пак било каква јавна потврда за платформата од страна на Еурофарм, Циле или било кое овластено лице.
Од купувачите ни трага ни глас, тие во меѓувреме си шиткаат сезонски карти за нивните мечеви под името Еурофарм Работник.

Информациите се контрадикторни за тоа шо ќе се случува, никој ништо не знај за сигурно.
Затоа, почекајте, стрпете се, да видиме официјално шо ќе се случи, потоа ќе се коментира.