- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.417
- Поени од реакции
- 7.111
Дечки, жално ми е да читам како партиските манипулации од порталите се прелеаа и на форумот. Лажни профили, манипулации, извртување на вистината... што се не се изначитав... На едните во интерес им е да протуркаат нешто полулогично насила за да создадат макар и вештачки позитивна атмосфера во градот, на другите во интерес им е да прикажат пропаст, распад на клубот, дека се е катастрофа во градот. Ќе се смени власта, улогите се менуваат и се си продолжува исто. И на сите овие се додадени неколку искрени навивачи кои се среќни или несреќни со ситуацијата и ги изразуваат своите чувства. Збирот од се ова - ХАОС!
Јас можам само ова да го искоментирам:
1. Пелистер низ својата историја променил и име и дрес и сопственик.... Бил и успешен, бил и неуспешен... Згаснувал и бил повторно создаван. Но секогаш имал една главна карактеристика, која впрочем е и причината за неговото постоење - секогаш бил олицетворение на ракометот во Битола.
2. Сакате ова сфатете го како фузија, сакате како купување на клуб, сакате како постоење на 2 паралелни клуба (а уште такво нешто не сум видел ист газда да си прави два клуба кои се борат еден против друг - единствените случаи на ист газда во иста лига се кога тимовите си прават свои младински втори тимови), па ако сакате дури и како расформирање на два и создавање на нов клуб, реалноста е дека се создава пакет кој во иднина ќе треба да биде олицетворение на ракометот во Битола.
3. Не постои во Македонија клуб со правен континуитет. Сите имаат разни истории на фузии, гасења, пререгистрирања... Но "клубовите" опстојуваат. Тоа е затоа што тие се приказна која ја опишува целта за нивното постоење. Приказната на Пелистер е застапник на ракометот во Битола. Секој има свое право да одлучи дали ќе ја прифати приказната овојпат, но лично сметам дека за сите подобро е да се закопаат секирите, барем на момент да се заборави на личните и партиски интереси и да се изнајде најбезболен начин како да се истурка оваа приказна. Не заради Циле, општината или нечии суети, туку затоа што е создадена можност да се стави ракометот во Битола на здрави нозе, нешто што е во интерес на сите Битолчани. Таква можност знаејќи ја жалната финансиска состојба на градот, прашање е дали ќе се укаже во следните 20 години. Непромислено е да се испушти шансата заради лични сфаќања, правни логики или партиски интереси.