Џабе во ова ситуација ја префрлат(е) топката кај Циле.
Прав е тој во случајот, си игра од позиција на моќ, не само то, и од позиција на совесен купувач.
Кој нормален купувач нема да сака чисти сметки пред да купи нешто? Има таков? Вие да сте на негова ситуација како би одиграле?
Нормално е шо поставија услови, чисти сметки од било какви активни долгој на клубот.
Друга работа шо на другата страна си имат работа со ликој шо не знат или си прат филмој дека тужбите на Каменица ќе завршат туку така.
А не само Каменица, еве и други играчи од ланската легендардна гарнитура тужат на суд, заради неисполнување на договор и си ги барат парите шо им беа ветени
Е па сега, кој е крив овде? Она шо го трубев вчера, совесно и професионално работење на досегашните управи и барање на одговорност.
Кој е крив овде шо не си ги исполни Пелистер обврските од потпишаните договори? Шо им даваше предвремени раскини на договори на сите тие балкански звезди, односно пропаднати звезди шо ги довлечка клубот сурфајќи низ ЈУ ТЈУБ САЈБЕР ПРОСТОРОТ сите овие сезони.
Па сега ќе се чудат шо тужат, па ќе тужат нормално, не се улај да не ги тужат.
И утре кога ќе дојдат до крај судските постапки, и имаш ситуација од еве на пример 20,30 илјади евра парично побарување од неисполнување на договор, или пак неисполнети обврски од работен однос, + имаш ситуација на странски тужител, каде тарифите за адвокатите се двојно повисоки и идиш во ситуација да плаќаш главен долг од 30 илјади евра + тука имаш еден куп процесни трошоци шо ќе излезат, адвокати од двете страни, трошоци за судски такси, а ко шо се ажурни, односно несовесни нашите за плаќање и еден куп трошоци за извршители.
Работата лесно се решава, ако сакат да ја решат, Пелистер како продавач, односно Општината, ќе се обврзи да ги исплати сите доспеани парични обврски од судските постапки шо се водат против клубот, како и оние кои ќе станат доспеани откако ќе се продај клубот на Еурофарм.
Туку друга ситуација се појави, од правен аспект, шо во овај период не е дозволена промена на името, односно и да постигнат договор за продажба на акциите и да помини сето ова на совет нема да можат ова натпреварувачка сезона да го променат називот на клубот, во ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, помина временскиот тајминг за ова.
Зато си ги пуштија сезонските карти под името Работник, не ќе ги чекат овие нашите до даљега...
Сеа шо прајме? Мммм?
Клубот без разлика на исходот и да се случи продажбата во ЛШ ќе игра како Работник шо ќе биди циркус невиден, Еурофарм го купва Пелистер, ќе биди газда на двата клуба, ама едниот клуб ќе се вика Работник

, без разлика шо со та легендарна платформа е или беше предвидено ( демек јакиот клуб ) да се вика Пелистер.

Во случајот ќе си биди како шо се збораше, Пелистер ќе биди та втора екипа, за мајтап.

Сето ова е само еден доказ дека во вакви работи не се дозволени чекања, пазарења од типот
ДЕНЕС ЌЕ БИДИ, УТРЕ ЌЕ БИДИ, САМО ФОРМАЛНОСТИ НЕ ДЕЛАТ ОД РЕШЕНИЕ.
ЕХФ и СЕХА си имат правила, нема тука толеранција и отстапување, исто има правила и во РФМ, или како и да се вика сега ракометната федерација по ново,тука нема отстапување.
Друга ситуација, актуелниот Пелистер, онај шо ќе си игра во домашна лига и ЕХФ Куп, нема пријавено играчи до РФМ, односно нема доставено список од играчи со професионален договор за новата сезона, со оглед дека сме АД, а нема ни листа на играчи до ЕХФ, а сезоната почнува за брзо, и сега шо прајме?
Прво коло со Бутел, ни следва суспензија и губење на службени бодој, зошто некој си игра мајтап со клубот.
Да не прајме муабет какви казни не чекат од ЕХФ доколку во овај период не пријават листа на играчи за ЕХФ купот, а не знам шо ќе пријават кога во клубот не се знај ни дали постој некое вработено лице?
Нема тука чекање, абе чекајте заборајвме дека имаме борчој.
Не се свесни каква штета му напраја на клубот со досегашното работење, а ова сезона ќе биди кулминација на цело ова неработење и ќе го дозакопат клубот со нивните политички игри, разно разни договарања, шо немат никаква допирна точка со спортот и со Пелистер.