Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ај кладба кој сака оти вечер онака лагано ќe победиме со 2 гола разлика? Шо сте се исплашиле толку ко да играме со Galaxy XI :D Јес да се си бива, али Малага е и гледајќи години назад си ги пуниме онака.
 
Ancelotti: Platini should keep quiet over Ballon d'Or
http://www.goal.com/en/news/1785/fi...tti-platini-should-keep-quiet-over-ballon-dor

Вака се бранат играчите и клубот!

Ова фалеше, браво. (y)
Плус се гледа од авион дека во клубот владее одлична атмосфера, искрено не очекував од Анчелоти да направи тим кој ќе биде при врвот на европскиот фудбал али стариот ме демантира со стил.
Keep it up и вечер да поставиме нов клупски рекорд.
 
Дечкооо СВЕТСКО ПРВЕНСТВО имаше сезонава,ти се читаш ли што пишуваш......

Една утакмица со цело светско првенство споредуваш дали си озбилен.

Баш ми е жал што вашата ЛШ титула се погоди во година на светско,и во однос на индивидуални титули е многу помалку битна во однос на светското...Наградава и вака и така нема никаков абсолутно никаков кредибилитет..

За мало потсетување,у 2010 Платини изјави дека наградата треба да ја освои шпанец нормално ради титулата на Светско,и тогаш од Реал некако ич не се буневте,незнам дали дека Касиљас тогаш беше номиниран...или тогаш не сакавте притисок да вршите..

Двојни стандарди вршитат...
Каков Касиљас, цел свет (освен фановите на Барса) сметаа дека требаше тогаш Снајдер да ја земе наградата, сезона со тројна титула со Интер и пораз во финалето СП кое ќе го освоеја ако вашиот играч ги погодеше зицерите 1 на 1 со Касиљас. А не беше ни номиниран во финалните тројца, туку таму беше Иниеста ради голот во финалето. Фантастичен успех.
 
Овие уште мислат дека Ноер ќе освои или дека има шанси покрај Роналдо :pos:
 
Ако се гледа од светското,во Германија дефинитивно не беше најзаслужен Ноер,бидејќи немаше и некоја работа..

Иначе Очоа имаше 5 пати подобро светско од Ноер..Зошто го нема него?

Абе не се глупирајте и вие,фановите на Баљерн 04,не покренувајте од изјавите од типот на Латас...[DOUBLEPOST=1417272195][/DOUBLEPOST]иначе еве чисто илустративно што мислат луѓето што работат со тоа,а не типови од видот на Платини и Блатер.

0afaeffa7989b07c978b795fad09a10a.png
 
Каков Касиљас, цел свет (освен фановите на Барса) сметаа дека требаше тогаш Снајдер да ја земе наградата, сезона со тројна титула со Интер и пораз во финалето СП кое ќе го освоеја ако вашиот играч ги погодеше зицерите 1 на 1 со Касиљас. А не беше ни номиниран во финалните тројца, туку таму беше Иниеста ради голот во финалето. Фантастичен успех.

:pos: Ич не е успех , гол во финале кој значеше прва светска титула за Шпанија.

Дефинитивно треба да се исфрлат тимските успеси и да не играт улоги во ваква индивидуална награда. Се знае Роналдо и Меси моментално се во врвот на светскиот фудбал , позади нив има 10тина празни места па сите други. Кој од нив има подобра сезона тој треба да ја добива наградата , барем така треба да биде во наредните 3-4 сезони. :)
 
Да не претеруваме, Ноер е најдоминантното голманиште кое се појавило последниве години... но голманиште кое сепак прими 4 гола од Реал во полуфиналето.

Тотално небитни ми се изјавиве на челниците на ФИФА и УЕФА, веќе прочитана демагогија, која им успеваше првите 2-3 години но сега на сите им станува одбивна.

Мене лично многу поважно ми е што во клубов има кохезија и сите застануваат зад Роналдо, не како што беше претходните пати кога некои бранеа играчи од ривалскиот клуб..
 
Ве разлајкував периодот пред 1/2 финалето со Баерн и финалето. Чепнете ги страните, има смеа. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Sea da ne demantiraat i nie koga ocekuvame kiks,tie 4 parcinja u mrezata na malaga i ovcite na broj i volkot sit. :D
 
Да не претеруваме, Ноер е најдоминантното голманиште кое се појавило последниве години... но голманиште кое сепак прими 4 гола од Реал во полуфиналето.

Тотално небитни ми се изјавиве на челниците на ФИФА и УЕФА, веќе прочитана демагогија, која им успеваше првите 2-3 години но сега на сите им станува одбивна.

Мене лично многу поважно ми е што во клубов има кохезија и сите застануваат зад Роналдо, не како што беше претходните пати кога некои бранеа играчи од ривалскиот клуб..

Можеше и 9 да прими, не беше проблемот во Ноер, туку во тактиката на Гвардиола, а тука ни 3-ца Ноери не помагаат.

Мислам, се слагам дека Роналдо треба да си ја земе топката, ама аргументов не ти е баш конструктивен.
 
Не ми е никаков аргумент. Онака како случајност го пишав. Аргументот беше пред тоа, дека Ноер е најдоминантниот голман минативе неколку сезони.

А иначе, два гола прими од прекин. Тука не игра баш Пеп многу улога. Туку одмаздата на Рамос. :D
 
Можеше и 9 да прими, не беше проблемот во Ноер, туку во тактиката на Гвардиола, а тука ни 3-ца Ноери не помагаат.
Да, исто како што и не беше до Ноер, туку до тактиката на Лев и генерално германскиот тим, а тука ни 10 Бразили не помагаат. Прават како Ноер да им ги скрши кичмите на сите на светското.

Милер поарно во топ 3, а и мислам дека така и ќе биди. Ќе видиме в понеделник.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom