што галамиш одма немав намера за никаква провокација туку алудирав на вашите тврдење после мечеви со тотално слаби противници дека воопшто не се ни приметува дека е повреден, како маестрално играл без никакви проблеми и дека без проблем ќе освоил РГ

... и одма сега се менува приказната тотално спротивна... тешко му е се гледаше пушти и солза мислам дека на моменти не можеше да изигра подобро едноставно Зебалос рокна неколку маестрални винери, пуцаше од сите страни добро ајде признавам физичка спрепност малку му е проблем нормално после толку неиграње како што рече Потопот но што е тука е никој не може да ми ја оспорува тотално заслужената победа на агентинецот... ама колку е да сакате да негирате секој нормален и свесен би рекол факт е дека не можно да ги добие топ 5 на тврда подлога а и на земја горе-доле така да има доста труд и напорд да вложи за да може да освои РГ ; )
Ај ај сега, не си бели образ. Не да беше провокација, пар екселенас пример, кај ви е сега Надал.



Каде бе со тие уличарски муабети?
Вашите, нашите, да ја читаш темава немаше да се избациш така. Јас на тенисер, море на спортист генерално, никогаш не сум му фаќала сеир на порази, нити сум омаловажувала човек кој излегол на терен. Па тенисот најмалку е спорт во кој може така да се дискутира.
Надал е човек кој игра со болки, со седум месеци отсуство. Единствен играч во врв на АТП кој се соочува со вакви проблеми. Кога ќе може да направите компарација меѓу човек кој имал слични проблеми и достигнувањата што ги направил, ќе го правиме муабетот. Што ќе направи годинава, не менува многу. Важно е дека е назад. Да беше во полна форма, може ќе ги сфатев малограѓанскиве муабети, вака само гледам сеир на сметка на човек кој не заслужува и кој никогаш не бил нефер кон било кој тениски играч.
Живо ме занима да се избаци некој во фан клуб на Новак после седум месеци пауза со муабет „кај ви е сега Новак“ на каква реакција ќе наиде.
Тоа кој ти посметал со мислење, слободно врати му, мада ко ќе видам ова не е општа дискусија АТП туку фан клуб Надал. Што и да пишуваат фанови овде, нивен проблем.