- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.851
- Поени од реакции
- 9.763
Би го земал ти овој Погба у Јунајтед за 150 милиони од Јувентус/Баерн/Барса/Реал (додади си некој друг гигант, по избор)?
Овој Погба, со овие настапи, ова незалагање, ова тегнење на терен?
Да, ама гледајќи му ги скоро сите натпревари, статистиката доста залажува. Најголемиот дел од времето си трчка лабаво, губи топки и изгледа незаинтересирано. Само 7-8 натпревари што изигра на високо ниво во континуитет откако си отиде Мурињо. Другото е се ептен топло-ладно.
До двајцата, ако сме објективни цените се фатени у ку*ац изминативе години штом за еден Ван Бисака ни бараат 60м, КП за Заха бара 80-100, за Мегваер 80м, некој си Пепе со една сезона во Франција кај што изгазил бараат 70+, тогаш зошто да не и за Погба да не бараме ние над 130? Можеби затоа што е најекспониран по социјални мрежи, се глупира со фризури и слично, но минатата сезона дабл-дабл имаше скор и беше најдобар во тимот. Го тврдам тоа затоа што имаме еден куп лингури кои што не добиваат толку негативни критики, како што добива тој пред се затоа што е не е Британец. Лани бевме очајни пред се ради синдромот на Жозе, па ради Ед кој не го засили клубот и не ги реши ситуациите навреме со Ереа, а тоа сивило ги зафати сите. Погба би играл во прв тим и во Јуве, Реал, Барса, Баерн, Ливерпул, Челзи, Сити...има фудбалски квалитети ненормални и со соодветно окружување секоја сезона ќе биде со квалитетен дабл-дабл. Прва сезона кога го имаше Ибра пред него, шанси создаваа како од шала зошто Ибра имаше сенс за движење без топка, нешто што моменталниве дудуци пред Погба кај нас го немаат.
Проблемот кај Погба е што во него не може да се гледа на лидер, туку му требаат лидери околу него. Кај нас очекувањата се тој да биде лидер во отсуство на лидери околу него. Улога во која што не се снајде, а за тоа влијание имаше и Жозе.
Кога за еден Осман Дембеле се одлучи Барса да плати 130м + бонуси, зошто за Погба кој е во најдобрите фудбалски години, има преголеми квалитети и да не заборавиме, договор до 2022 година да не бараме ние минимум 130м?
А сега околу ситуацијава:
Ова што се случи со Погба е во наш интерес. Добро е што го кажа сега и ќе може да се случи разврска многу скоро. Погба кај нас не е незаменлива карика, а можеме добро да заработиме на него. За среќа има одлични средни играчи на пазарот кои можеме да ги обезбедиме почнувајќи од Бруно Фернандес, Тилеманс, Ндомбеле, Рубен Невес, Медисон... А добро би било трансферот на Погба да го врзиме и со некој играч. Ако е Јуве во прашање (Кансело/Дибала), ако е Реал (Асенсио...?)
Јас да сум и Лукаку би размислил да го шитнам. Летово се направи идеална прилика за квалитетна реконструкција, Оле мора да разбере дека доколку не побара квалитетни играчи за поставување на нова основа на тимов почнувајќи од летово, па после секое трансфер лето да ги надополнува критичните позиции кои ќе се создваат ќе се случи крах полош и од лани, но доколку направи квалитетни чекори за 2-3 сезони со оваа основа ќе има квалитетен тим.